А Чик? А, а, а? Најславно наше обележје, влечка-лајнарка. И одма спомени од детство. Во последно време многу, ама премногу се руши и гради. Ма, еден ден да не излезам од дома, наредниот гледаш некоја куќа срушена и веќе поставени темели за нова. Аман бре? Авганистан работа. А, мене искрено срцето ми се кине некако. Маалото кај што пораснав целото е сменето, изрушено и во прашини, па се осеќам ко детството да ми го срушиле. Како утре ќе кажувам на децата кај сум израснала, кога нема да е тој филинг? Носталгична сум уште со нероден Петко. Абе, видете, наши кумановци се многу златен народ и имаме многу интересен дијалект. Знаете, ние сме вицкасти, гостопримливи, љубезни...али само додека сте ни на гости. Ја затвориме ли вратата зад вас, да чуете 2 реда муабет, не би стапнале веќе на наше тло. Ако нешто кај нас е 3 метра изнад неба, тоа е носот на госпоџите Авганистанки и нивните ванаби кремчиња со патики од 300 долари и ај-кју во минус. Ако сте за доза лицемерие, лижење газ, искористување, правење шефови и богаташи, дис из д рајт плејс ту би. Анти-реклама, ама вие пак идете си. Има мешанчиња ко мене што се желни за гости од други градови, оти им е смачено, зошто и пред некој да отвори уста, го знаеме веќе муабетот. Се пофалив. За градбата, хм, не знам. Not impressive. Јес да се вложи доста и прилично заживеа градот, ама се нафрлаа многу зградички без посебен план и смисла за естетика. Еве, од кај мене дека на високо, имаше преубав поглед на пола град, а сега го засенија со две сиви, гломазни згради кои никако не се вклопуваат во целокупната слика. Од местата за излегување не сум задоволна. Еве, Ариел го пофалила Зафир. Местото е супер и навистина има вкусни работи, ама, за овие што се моја возраст углавном, срамота е да седнеш таму оти било за пензионери брат, а нели, ти треба да бидеш виден! И Интермецо пропаѓа, а ми беше едно од поомилените и поопуштени места. Во Корзо само некои набилдани батици се вртат, Ајриш Паб и Касапски Круг се онака поопуштени и пријатни, али Ајриш ко што е на тротоар распостелен, недај Боже да пројдеш подотеран, на маса ќе те опнат со поглед. Нема многу места. Њу Лајф ми беше убаво - пропадна, Нама изгледот ја вади. Жими Твинс што прават убави сендвичи, пици и пастрмајлии, друго тешко. Амнезија ја затворија, Линка оде јабана, Версај е повеќе затворен одошто отворен, а кога е отворен носат шкљ фаци пред залез на кариера, 200 денари за 3 песни... А, Агора и Цариград од кремциве се прогласени за сатанистички места за напатени души и наркомани, пази молим те! Мада ги гледаш истите таму утредента, уфилмани во некој метал фазон. За секојдневно шетање владееме. Имаме 2 плоштада од кои едниот е заземен од браќата Роми, а на другиов тешко да пристапиш пред 20:00 оти таму се другиве браќа и неретко иде до покољ. Имаме еден смешен парк, кејот и славното ѕидче од моето основно училиште, ама тоа е за 16 годишни максимум, плус во последно време браќава почнаа да се опуштаат и да шетаат и таму и по кеј. Другата половина на градот т.е. од поштата нагоре, веќе се осеќа Мидл Ист дух. Тој дел припаѓа на браќата и таму ништо не треба да ве чуди. А, беше најубав дел. Болницата и болничкиот круг т.е. парк се таму, таму е градскиот пазар, пожарна итн итн, ама добиваш чувство ко на Косовска планина да си со тие довикувања и “доџи да ти љубим за 50 евра“ погледи. Таму не е и ништо чудно да се маваат со ножеви и пиштоли сред бел ден, а најмалку чудно е да начекаш некој кај што пие боза и јаде бурек, а до него стои коза врзана за масата. Затоа, јас живеам за “Денови на Комедијата“, тогаш ми владее некоја посебна атмосфера. Еве сега се ближат, и искрено, едвај чекам. Ма, идилични сме вака кога ќе видиш. Сепак си го сакам! Градот, не луѓето. Се раздрндав до бескрај. До генот кумановски е.
Куманово си е убав град сам по себе си има дугачку историју. А наравно главно обележје ни е весел Батко Ѓорѓија. Градче јес да е мало али само на изглед . Људи што живив у овој преубаво гратче знаев много добро колко е само убаво да се живи туја без разлику на тој што нема нешто много посебно места за искачање за млади али ипак овј народ увек најде нешто с`с што ке си га направи време да му пројде забавно и убаво. Сви смо дружељубиви и увек расположени за забаву. И што е најинтересно никад не се уморуев људи кд е у прашање некоја журка свирка или забава. Кд би имало свак дн по нешто свак дн би народ бија на тија журке свирке забаве ..... и не би му било досадно и нема да се замори никад затој што ми кумановци смо специфичан народ сас специфичан акценат и свугде около нас сиримо само позитивну енергију
Еве група и страници на Кумановски муабети http://www.facebook.com/groups/158509360951729/ http://www.facebook.com/OrginalKumanovskiMuabeti http://www.facebook.com/KumanovskiMuabeti
Во октомври се, има 7-8 - претстави секоја вечер. Читај www.kumanovonews.com ќе ја има програмата сигурно пред да почне фестивалот. позз
Ако некој сака подетаљно да га разработи Кумановски дијалект , voilà Кумановски речник на зборови и фразе
Некој прашуваше за денови на комедија па да ве информирам дека почнуваат од денеска За подетални информации отворете www.kumanovonews.com
Ми недостасува Куманово. Го запоставив малку,а мислев дека ќе го гледам и чувствувам многу повеќе. Ама ќе го видам, задутре, и тоа баш како што најмногу сакам - рано наутро. Се надевам со утринско кафе во мојот омилен локал, во добро друштво.
Куманово ахххх много си га сакам...Сакам ги палачинке од Irish ЗЕЉАНЧЕ ОД ЖМАРА тирмису од куде зафира ципелке од Персин да не зборимо за Пинк и др бутици за гардеробу и ципелке са сипки А да свакако сакам га и корзооо интермеззо ..све сакам од тамо знам и да збору и све али не живу тамоо...Да си ми жива бабо што баш имаш корења од туја ииии моју зградуу барбериии хахах )))) КУМАНОВООО САКАМ ТЕ
Golem grad,no za razlika od Skopje mn.poeftin vo pogled na se.Najcesto koga sum za soping odam tamu,i cevlite i garderobata se so skladni ceni i ima izbor.Edinstveno sto mi preci e soobrakajniot metez i necistotijata...avtobuskata stanica e no comment
Куманово е најубав град у целу Македонију, кој што сака нека збори ми овој и оној,не не, не га мењам за ништо. Доброоо можда малко имамо глупави делови од град ама снаваѓамо се.Има и људи што ме много нервирав ама живи се и сс њима.
Точно..јас живеам во Куманово и во нашето соседство повеќето се во Авганистан ,куќата им е крш ама автомобил мора да се има (а немаат ни гаража)
http://www.fakulteti.mk/news/13-02-06/m ... bject_map={%22570326699663252%22%3A423572797719949}&action_type_map={%22570326699663252%22%3A%22og.likes%22}&action_ref_map=[]