Кумови и имињата

Дискусија во 'Бебе' започната од didush, 9 мај 2012.

  1. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворив зошто ме изреволтира еден случај во кој кумот живее во америка и се роди детето и го викаат да си дојде и да го крсти.му се јавуваат и му велат куме се роди Ангела.Чекај бе,кој е тука кумот?таткото и мајката или он?Во последно време родителите се тие шо ги ставаат имињата ама има некои работи што стварно се неприфатливи.Кум како кум доколку има малку ум ќе отиде и ќе рече луѓе јас дојдов еве ви имиња овие ви ги предлагам ако имате некое шо го сакате слободно кажете тоа нека биде.Стварно не е фер,смислата на кумството се изгуби :worried: Вашето мислење?
     
    На Meckicja, Saraa и novaci им се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.518
    Кумови,родители и имињата

    Јас сум си по она ’’модерното“ родителите да си го дадат името на детето, а не по баби и дедовци, не кумот да даде име или список на имиња па тие да избираат.
    Родителот е тој што детето секојдневно ќе го вика по име, а и како што сама кажа кимовите се во Америка па кој знае кога ќе го видат тоа дете и ќе се радуваат кога ќе му се обраќаат со имете кои тие го сакале.
    Да во ред ајде да не речам ама ќе речам нека се праша кумот ради реда дали му се допага името, но сепак да си се вика како што родителите си сакаат.
    Кога моите родители пред 24 години ме крстиле како што тие сакаат без некој да и се меша и баш сум и благодарна што не подновувале имиња, зошто јас да не го направам истото.
    И да кумството не е само во давањето на името, што ќе ми е некој што ќе ми даде име ако утре на улица не ме ни препозне? Јас суштината на кумството ја гледам во почитувањето и во приајтелството и исктреноста, а давањето на име го оставам на родителите :)
     
    На Meckicja, Elen4e_sonce, Buterfly2576 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    1.390
    Кумови,родители и имињата

    Сосема се сложувам со СОВРШЕНСТВО , кумоството е еден вид на традиција која се повлекува ради почита на родителите на таткото, бидејки нели тоа си оди генерациски, е сега времињата се менуваат и мислам дека лугето треба малку пошироко да гледаат, секој млади си имаат желба, посебно кога се работи за прво дете.
    Порано други времиња биле, еве пример нашите кумовите го крштевале мм и брат му, па сакале брат му да го крстат Тито ако не се лажам или нешто така беше приказната :D
    А мм па има име смешки, никој не ни го знае по тоа име.
    Ние уште кога останав бремена со мм се договоривме ако биде девојче ке и даде име мм,ако биде машко името ке го изберам јас.И ете го син ми се роди и му го избрав најубавото име на цел свет, нели .. :rofl: :rofl: арно ама кумовите разбрале дека без да се консултираме со нив сме одбрале име и ете ги нема 3 месеци да дојдат од кога се роди малиот, баш пред некој ден кометиравме тоа со мм, дека можеби се налутиле.
    Криво ми е што ете тоа така го сватиле , многу добри и фини луге се, ама мислам дека треба да се има разбирање и за желбата на родителите, ипак тоа е нивно дете , нивна срека, времината се менуваат.
    Исто и моите , они ми го одбрале името, зашто тоа им било кеив.
    Здравје боже, утре други ден ако бидам и јас кума , прво ке ја почитувам желбата на мајката и таткото, па за предлог ако има потреба секако сум тука.
    Ипак кумството не се состои само од давање на самото име, тука се попратни многу чинови - дарување на бовчи од двете страни, крштавањето во црква и сл. - Битна е почита да се продолжи традицијата, барем според мене, нема потреба од лутиш ако родителите си имаат посебна желба.
     
    На Elen4e_sonce и Hristina.Velkova им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    10.530
    Допаѓања:
    63.282
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    Не ми е јасно зошто некој друг треба да ми кажува како сакам да се вика моето дете? Тоа можеби е традиција - ама еве, во мојата поширока фамилија, не е, барем престанало да биде, барем три генерации наназад како што ми кажуваше покојниот ми дедо. Ако јас си го одберам името на детето, не значи дека не го почитувам кумот - напротив. Нашите кумови не се во Македонија, и многу е веројатно дека нема ни да присуствуваат на крштевката на малиов, како што во моментов се одвиваат работите. Не ни се мешаа во изборот, наше беше како ќе го викаме детето. Не ги сфаќам тие што се лутат затоа што не биле консултирани односно не им било дозволено да го одберат името на детето - немаат ексклузивно право на тоа само затоа што се кумови. Според мене, само родителите го имаат тоа право.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.257
    Допаѓања:
    14.864
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    Луѓе, живееме во 21в.
    Ја не велам не, прва сум што велам кум треба да се почитува,да се слушаат да се гледаат...ама реални да бидеме тргнете од своја точка. Утре вие да имате деца и некој да ви каже некое име од кое ќе се онесвестите.
    Барем во денешницава се знае како е тоа.
    Јас сум и кума на другарка ми, што треба да и речам, ааа неможе јас име ќе давам?
    Она си кажа ако е машко така, ако женско вака и готово.Па она е таа што цел живот по име ќе му се обраќа. Што ми менува мене тоа (утре јас ќе си имам свои деца па желбите на нив ќе си ги остварам), а кумчето кога ќе си го крштевам пак јас тоа име го изговарам во црква, а дали било јована,матеа,милена или незнам кое, тоа навистина треба родителите да го одлучат.Незначи дека ако име му дале родителите,дека они го крштевале - живи глупости.
    Не за џабе по ново, кога се прават мекици велат ајде куме кажи како ќе се вика бебето: а кумот почнува да се шали,и на крај па го кажува името кое е желба на родителот.
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    43.795
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    Ово 21 век сме се искористува и каде треба и каде не треба, не значи ако некој ја почитува традицијата дека е заостанат и не се наоѓа во 21 век.

    А не сме 21 век кога се очекува од кумот најскап подарок, плаќање во црква, бидермаери, облека за бебето, злато итн????
    Кумот треба да ја почитува таа традиција, за него/неа не е 21 век :?:

    Кумот на син ми е помалиот син на моите кумови, бидејќи пораснавме заедно знаеше дека сакам кога ќе имам бебе да се крсти на мајка ми, дојде неколку часа од кога се породив во болница со список и на списокот само едно име Матео, тоа што го сакав, и традицијата запазена со списокот и мојата желба задоволена.

    На брат ми пак кумот е постариот син на кумовите и повторно зошто се дружиме, живееме се рачунаме за повеќе од фамилија слушаат какви имиња сакаат родителите и тие имиња ги имаше на списокот за трите деца.

    Ово со имињава зависи од блискоста со кумот, значи ако си живееш и си близок тој/таа ќе ја знае желбата на родителите и тие имиња ќе им ги презентира, а ако не сте блиски и не живеете а е само формално кум тогаш нормално нема да знае ни какво име сакаат родителите и тогаш настануваат проблемите околу почитувањето или непочитувањето на традицијата.

    Затоа треба да се внимава кога се бира кум, не е кумот само за да донесе 500 евра подарок на свадба.
     
    На Elen4e_sonce, novaci, Bibko и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.257
    Допаѓања:
    14.864
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    ^далеку од тоа дека некој ако почитува традиција не е 21в.
    ние ако не си ја почитуваме традицијата таа ќе изумре, јас сум прва која сум противник кога ќе чујам не сакам обичаи ова она...зошто не, ако сите така правиме тие ќе изумрат.
    И кум не е за да даде 500евра у џеб. Кум треба да ти е прв пријател а после се друго, грев е ако бараш кум за пари, може некој ќе нема да ти даде пари но ќе имаш искрено пријателство.што е многу подобро отколку да имаш кум со 500/600евра а да не му видиш очи потоа.
    Но кога се работи за некои ситни работи зошто да не се излезе во пресрет.
    И многу убаво рече од твоја страна, кумот однапред го знае името, ќе го пише тоа, може уште некој предлог како идеа... и готово ем традиција ем желбите задоволени.
     
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    220
    Кумови,родители и имињата

    Пред некој ден другар на брат ми, дојде да го покани да му биде кум! Неговите кумови се во странство веке 30 години, не ги видел никогаш, па зошто сега би го венчале кога не ги ни познава? Си побарал благослов од нив, некако ги нашол преку роднини и му дале. Се изгуби значењето на кум, мене како што ми објасниле, кумот треба да ти биде повеќе од брат, не дај Боже да ти се случи нешто тебе и на твојот маж тука да е кумот да помогне и да се грижи за децата, затоа и има удел во името. Денес се бара кум, кој има пари за да ти биде кум, скроз погрешно!
    Според мене, мајката го носи детето 9 месеци, таткото го направил, а некој трет да се појави само и да каже име, што не е по воља на родителите е неприфатливо. Брат ми им кажа кога ќе се роди бебето, јас ќе дадам 10 имиња меѓу кои и тие што ви се допаѓаат, па вие ќе си изберете, обичајот запазен и кумот и родителите среќни.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    По ова прашање јас сум многу исклучителна ! Имињата на децата треба да ги даде мајката ,нормално одобрени и од таткото. Со првото дете уште кога бев 2-3 месец си кажав како ќе се вика детето (исто име и за машко и за женско ,со една буква сменета :D ) ,односно името на свекор ми.Да бидам искрена ни на крај памет не ми беше да го прашам кумот дали може или не ,затоа што секогаш постои можност и да не може.Кога се роди син ми веќе сите знаеа како се вика,а јас уште тогаш си кажав дека ако второто дете ми биде девојче ќе се вика С... :) .Сега кога се роди ќерка ми веќе на сите им беше јасно како ќе се вика и дури никој и не го постави прашањето околу името.
    Ние со нашите кумови си имаме нормална комуникација и се дружиме ,но јас нив ги гледам како наши венчални кумови (мои и на мм ),а не како некои кои имаат право да одлучуваат за тоа како ќе ми се викаат децата .
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.606
    Кумови,родители и имињата

    Јас сосема поинаку гледам на целото кумство, според мене не е секој за кум, затоа јас пре би избрала кум кој ми е близок и драг пријател, па макар би поклонил и 1000 денари, отколку некој далечен неподнослив кој би поклонил 1000 евра.
    Кога ќе дојде денот на мојата свадба, јас ќе имам двајца кумови, најдобрите другари на Петко, откако се веривме и двајцата си размишљале за ова, кога би ги поканиле и двајцата би прифатиле, само ги кочи тоа дека немале пари за да ни поклонат скап подарок. Откако разговаравме сите заедно, и установивме дека подарокот не е битен, туку честа испадна дека и двајцата радо би биле кумови. Еден во црква ќе не венча, друг во матично, двајцата ќе си имаат почесни места не само на свадбата туку општо понатака во животот.

    Е сега конкретно за имињата, јас не би дозволила кумот да диктира име, ипак тоа дете е мое, и јас имам на некој начин поголемо право да одлучам како ќе се вика детето, а денес ептен ретки се кумовите кои се лутат доколку родителите изјават желба. Доколку ете, немаме желба, тогаш би му препуштила на кумот да направи список или да избере име, но доколку имаме име, сакам кумот тоа да го испочитува.
    Кога би се нашла и во позиција на кума, првенствено ќе се трудам да ја исполнам желбата на кумашните, ипак нели како што кажав тие се родители, можеби и нивниот избор не би ми се допаднал, можеби и би дала мала забелешка и сугестија, но во никој случај не би влијаела на желбата на родителите.
    На пример сакаат Трајанка, ќе им речам ајде нека биде Теодора, пак е на Т нели, но ако ете заради некои нивни причини инсистираат детето да се вика Трајанка, Трајанка и ќе биде.

    Изборот на име не е начин на кој се изразува почита спрема кумовите, ниту скапите подароци и богати бовчи, побитно е да имаме близок, хармоничен однос, секојдневно да комуницираме, а не да дојде да ми крсти детето Агатангел или Тодорка и после 30 години сурат да не си видиме.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.998
    Допаѓања:
    2.251
    Кумови,родители и имињата

    Секако дека родителите треба да одлучат за името, но тоа не значи дека не треба и да не разговараш воопшто со кумот за темата.
    Секако дека изборот на крај ќе е на мајката и таткото, а ништо не е страшно да му направиш чест на кумот и да му кажеш да предложи неколку имиња. Па секако дека и кумот на крај ќе остави на вас, нема да оди со глава во ѕид за некое име што само тој го сака.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.334
    Кумови,родители и имињата

    9 месеци носено во утроба, мазено, пазено, невидени болки при пораѓајот и после раѓањето, апсолутно целиот товар врз кутрата мајка - и некој друг да му плесне име на детето?
    Нема!

    Стојам целосно на тврдењето дека мајката треба да го даде името на детето.
    Па најзаслужна е за неговото постоење бре.

    Со малку такт и дипломатија не е толку тешко да ја изманипулира околината, т.е. мажот и кумовите дека сите заеднички придонеле за одлуката.
    :D

    Јас бев кума на дури 4 момченца, и секогаш, ама СЕКОГАШ се консултирав со мајката.
    Едната дури се најде навредена, не сакаше да слушне самата да дава предлог за сопствениот син, не сфаќам зошто - има некои наречници што ќе ја казнат ако си ја искаже сопствената желба... |( боже, боже мислам.
    Па фино лепо си поразговарав со мажот, ги запишав нејзините омилени имиња и ги додадов бонус имињата од двајцата дедовци, што за среќа не беа некои апла утепани имиња.
    Па женичкава го одбра името на татко и', за детенцево.
    И што - срамота беше да се каже - сакам синот да ми се вика ко таткото мој?
    Па никој нема да те стави на клада.

    Кумот треба да е близок и многу флексибилен кога станува збор за имиња.
    Мајката треба да го има последниот збор.
    Ако зборуваме за почитување, испочитувајте ја ЖЕНАТА овојпат.
     
    На Lolipop23, FeatherCut, senjorita.lombardi и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    2.353
    Кумови,родители и имињата

    јас имам уште време до раѓањето на моето сонце ама мислам дека ке имам проблеми со кумата..
    кумот е злато разговаравме за имиња онака случајно и тој рече јас нема да ви се мешам ваше дете си е вие треба да си одлучите. И ме праша после како сакаме да се вика детето и јас му викам ако биде женско сакам да се вика Ана а ако биде машко Давид. И ете ти ја кумата од таму ауу па тоа се многу глупи имиња па како така вие нас не навредувате ние треба да кажеме ние вака ние така. јас си преќутев не сакам да се расправам ама мислам дека не е океј од нејзина страна. Еден момент мислев да и речам знаеш само да збориш а поклонот за свадба уште го немаме добиено.
    Ама ајде не сакам да се расправам заради мм и заради кумот а она она е многу дволична ..
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    39.046
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    За нашите деца имињата си ги избравме сами.Син ми е крстен по свекор ми.Тоа беше желба на маж ми и јас сакав да му ја исполнам,бидејки свекор ми заслужува син ми да го носи неговото име.
    За ќерка ми сами си го избравме.
    Кумот ни е другар,многу близок.Ги знаеше нашите желби и во ниту еден момент непотебно не се замеша.
    Родителите се тие кои ги создаваат децата и кои се грижат за нив,а кумот си е кум.Си го почитуваме,сакаме и не работата за поклони да мериме кој колку дал.Кој колку може толку.Ние си го избравме нашиот бидејки бевме блиски со него.
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    Јас не сум за таа опција кумот да дава имиња бидејќи родителите од многу одамна секако имале сонувано за тоа како би им се викало детето а сега некој друг да му даде име што можеби воопшто не би им се допаѓало.
    Јас или би кажала дирекно како сакам да се вика или пак би му дала јас неколку имиња па тој нека бира,барем тие имиња јас сум си ги смислила сепак.
     
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    166
    Кумови,родители и имињата

    Ние со маж ми уште пред да се венчаме си разговаравме за имињата на нашите деца,кумовите тогаш не ги ни знаев кои ќе се иако се пријатели на моите родители и тоа ептен блиски,веќе кога останав бремена се знаеше како ќе се вика ако е девојче,а како ако е машко,сега ако даде Бог второ детенце исто си знаеме како ќе си го крстиме мислам си имаме на ум некои имиња,дури и ако се оди на трето дете си знаеме како ќе се вика,па понекогаш си го правиме тоа муабет,па ајде омилена тема ни беше тоа на времето,сега веќе не ја ни спомнуваме,до наредната бременост.кумовите ни се злато и ептен не подржаа за името,не ми ни носеа лист со имиња зошто бев цврсто решена како ќе се вика,иако имав многу притисоци од роднини демек името е просто да си одберам некое модерно име,ама јас велам името не го прави човекот и вие како сакате си ги крштевајте вашите јас така ќе си го крстам моето и многу си го сакам,сите имиња си имаат своја убавина според мене,а и од човекот ќе ти се намили името
     
  17. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.203
    Допаѓања:
    19.619
    Кумови,родители и имињата

    Никогаш не сум помислила дека кумот треба да ми смисли име.
    За првото дете беше во странство, па не се сеќавам ни дали го консултиравме. Сигурно сме му кажале, пошто и онака скоро секој ден контактираме на скајп.

    Ама за второто многу ми заврши работа, се погоди да е тука на одмор :). Со сопруг ми се мислевме меѓу 4 имиња, меѓу кои тоа што јас најмногу го сакав, него најмалку му се допаѓаше, и бидејќи во 8 месец се породив, уште немавме конечно одлучено. Се породив на брзина, со компликации, и додека двајцата заедно чекале надвор, зборувале за имиња, и кумот го убедил маж ми дека детето треба да се вика јас како што сакам :D
     
    На Trendafilka, Annath и AIT им се допаѓа ова.
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.961
    Кумови,родители и имињата

    Јас би сакала да разговарам убаво со кумовите,би им кажала кои имиња ми се допаѓаат,а и нив исто,па нека направат еден список и така да одлучиме како ќе се вика нашето детенце.Така нема да се лутат ни кумовите,ниту пак ние.Сеуште е рано да мислам на тоа не ги знам кумовите ако ни бидат тие кои што ми кажуваше дечкото,но сепак со време да размислам нема да е лошо :)
     
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    1.309
    Пол:
    Женски
    Кумови,родители и имињата

    Јас сум кума на девојче старо едвај 1 месец, и уште пред да се роди родителите решиле да се вика Јована заради неколку причини, си ги кажаа кои им се и ни најмалку немаше да им преправаме. Да сакаа детето да си го крстат со некое старинско име или некое ултра-модерно (што би рекол кумот како кучиња во мое време Леа, Теа, Меа :lol: ), најверојатно ќе дадевме некој нов предлог, но сепак тие се родители на девојчето и одлуката е нивна. Јас лично порадо би му дала некое обично име на моето дете (како јас што се викам како секоја втора на мои години) отколку да го зафркаваат цел живот зошто сум го крстила Стојан или Станка според бабите/дедовците...
     
  20. FeatherCut

    FeatherCut Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    32
    Кумови,родители и имињата

    Јас сум кума на девојче кое сега има 4 години
    Не сум за тоа кумовите да го одбираат името, сепак 21 век сме и родителите треба да си го одберат името на сопственото дете, па затоа тие си одбраа име - Михаела и ми го кажаа а јас немав никаков проблем со тоа, сепак нивна ќерка е тие ќе си кажат како се вика :)

    Иначе и јас некој ден ако/кога ќе имам деца нема шанси да дозволам друг да ми го одбери името за нив. :) :) :)