мислам дека е нај убаво родителите да си го кажат името за детето,нели се тие по цел ден со него и убаво е да си го викаат детето со тоа име што си го сакаат.многу се нервирам кога ќе слушнам,а па мора кумот да го даде името,па нели за тоа е и кум АУУ,навистина?!?! е како да не.мене кумата ме крстила пред 30 години и никогаш повеќе не ме ни видела,па ни викнала по мене со името што ми го дала и фала му на Бога што имам убаво име,и сите од дома се согласиле така да се викам,многу било модерно и популарно во тоа време па мислам би се прекрстила,ако кумот ми дал некое глупаво име,на пример Менка,митра итд..па нели е кум и има право да те крсти и иако на никој не му се допаѓа тоа име исто и со керка ми јас и го одбрав името,ММ го бендиса името,и кумот не направи никаков проблем.исто и каде што сме ние кумови,оставивме на родителите да го изберат името,мислам така е нај фер и друго што ме вади од контакт е тоа што и ден денес има градови каде што се уште се практикува децата да се крстат со имињата од баба та и дедото,бивша колешка од Струмица жена во години,кажуваше дека снаата сакала да си го крсти детето Александра,ама таа бабава и кажува на снаата ако го крстиш така од болница право кај мајка ти дома да не ми идиш ако не го крстиш на мене и така бебето го крстиле Цветанка на баба и Цвета исто и друга колешка,мајката се вика Јасмина а керкава Душанка,и ја прашуваа добро не ти смета што имаш по убаво име од на детето,и таа одговара ами што да правам така сакаше кумот
Ние со мм синоќа баш зборувавме за име и двајцата во исто време а да се вика Кристијан хххх ама сепак ке ја прашаме кумата па денес е модерно време кумот прашува дали мајката и таткото имаат некоја посебна желба и ке си кажеме ))) дека сакаме да се вика Кристијан...само малку двоуменје имаме помегу Х и К дали да биде Христијан или Кристијан
Сите имиња се убави, мене на пример повеќе ми се допаѓа Душанка отколку Јасмина од конкретниот пример. Јас и мм уште кога дознав дека сум бремена почнавме да спремаме имиња он да се одлучи ако е машко а јас ако е девојче. Кумот ни е многу близок пријател но некако не ми беше природно он да одлучи за името а не ние. Кога ни кажаа дека е девојче маж ми ме замоли дали ќе може и он да предложи име и тоа името на неговата баба која му беше многу битна жена во животот. Искрено ми е чест што ќерка ми го носи нејзиното име, тоа е специфично име кое на пример го носела сестрата на царот Самоил Ми беше смешно кога госпоѓата во МВР на шалтерот за пријавување новороденчиња ме препраша дали сум сигурна дека така сакам да се вика детето и дека и било прво дете што го заведува со тоа име А во контекст на кумовите мене ми падна баш чудно додека лежев по породувањето во болница колку мајките се секираа околу тоа што ќе каже кумот дали ќе ја прифати нивната сугестија или ќе даде име поврзано со имињата на бабите/дедовците. Се на се името не го прави човекот а почитта кон кумот не се искажува само со тоа што ќе му се дадат одврзани раце да каже име за бебето, тој однос треба да се гради и да трае. Па да венчава кумот не само да крштева
Јас никогаш не би дозволила други да ми решаваат како ќе се вика моето дете.Моите родители не не крстиле по баби, ниту кај сопругот во фамилија некој носи име по традиција од старите. Не гледам ни кумот зошто би инсистирал на име по негов избор, он неговите веќе си ги крстил како што си сакал, кој вика дека мора да реши и за нашето. Имам другарка што требаше да добие кола доколку го крсти детето по дедото , и она сепак реши да не се продава за една кола. Колку примитивно, па зарем здраво,право дете што ќе го продолжи секако презимето и лозата од старите не е доволно за нив. Еден далечен роднина пред неколку години си го крсти синот Стојанчо, заради дедото, па зарем не е неправда кон своето дете, мало детенце да носи име што асоцира на старец? Кога ќе излезе надвор со други деца, сите се Лука,Марко, Тео,Виктор...само он е Стојан Јас си го сакам и почитувам татко ми, ама зошто морам таа љубов и почит да ги врзувам со името на син ми?!? или со свекор ми, па доволно е што ќе му го носи презимето, што повеќе од тоа?
Здравје кога би имала деца, никогаш нема да ги крстам по мајка ми, татко ми, свекор, свекрва, мене искрено тоа подновување ми е глупаво Пример: ако свекорот се вика Јанко, и јас ли треба детето така да си го крстам нема шанси. А за кумовите јас мислам дека родителите си го избираат имието и само им го кажуваат одбраното име на кумовите. Иако порано било како што ќе каже кумот, така ќе се вика детето, сега не е така, ретко кој сеуште го прави тоа. Така да ако еден ден имам деца ние ќе си одбереме име.
Родителите се тие кои треба да им дават имиња на децата, затоа што тоа се новни деца. Тие ги створиле, тие ги гледаат. Ни кум, ни свекор свекрва, никој не треба да се меша во името. На ќерка ми јас и го дадов името, не прашав никој дали му се свиѓа името, на мм само му кажав дека ако е женско ќе се вика така јас како што сакам, а ако е машко може тој да даде предлог. А и името кое го има ќерка ми мене уште од дете мис е допаѓа и секогаш сум викала дека ако имам ќерка така ќе се вика.
хахахах еве еден виц уствари вистина е ама сега како вц се прераскажува дедото сакал да се стави неговото име на внуцето машко било арно ама снаата и синот не го ставиле на дедото и го ставиле некое модерно мислмам христијан беше и дедото вишол не вишол отишол во полиција и си го сменил името во христијан за да не му се смееле оти не го подновиле вака бар сега имаат исто име цццццццццц
Ако бидам некогаш кума ќе ја почитувам одлуката на родителите, а исто и за свое дете сакам одлуката да биде помеѓу мене и таткото и тука ќе постапам без пардон макар и цел живот ме мразеле ако се против тоа ние да си го ставиме името на сопственото дете.
и јас мислам дека родителите треба да му дадат име на бебето кумството е останато само како традиција 21 век сме...ама оној мојон вика ќе видиме што ќе кажи кумот
Nie resivme da ja ispocituvame zelbata na kumot,neli zatoa e kum.Ako sami si gi krstavavme decata,sto ke ni e kum,neli?! Neka e zivo i zdravo samo,se drugo e manje vise bitno.
Името за нашата ќеркичка си го одбра мм. Он имаше голема желба да се вика Каја уште кога бев 6 месец бремена. А јас се двоумев помеѓу Каја или Јана, но сепак решивме да се вика Каја. Нормално и кумовите ги прашавме дали имаат некоја желба, но тие оставија ние да си решиме.
Имам другар кој е кум на 3 места. Тој секогаш се води по правилото дека тој е кум и дека МОРА тој да го каже името на кумашинчето ако не ќе го откажел кумството . НА две кумашинчиња не тој туку жена му ги кажа имињата и најдобар момент од се е кога му се роди второто детенце - женско, го прашувам јас како ќе се вика и кој го одбра името и одговорот е ____ па нормално жена ми, кој друг може да му даде име, она си ја раѓаше и си одбра име по нејзина желба Кога му го повторив неговиот став околу кумството ми рече дека неговиот кум не се навредил и тоа по него било во ред
Мене кумата самата ми рече, Сноу како си сакаш така, одбери си и ќе ми кажете...а јас пак исто ќе си го крштевам со мерак и благослов.
Сериозно има родители кои дозволуваат некој друг да одлучи за името на нивното дете??? Кој век сме бре, 17-ти? Шо не дозволат и други да им одлучат сопруг кој ќе им биде... Џизс...
еве и моето мислење кусо да не е јас на пример би оставила кумот да стави име на моето дете,не за џабе се вика тој кум на свадба ,ако треба јас кум да изигравам и сама да си ставам имиња на деца,кумови нема да се потребни и сама ќе треба да си се венчам,или само трошокот на кумовите а за името на бебето кој го шиша ,јас ова не го прифаќам,сега секој си има свое мислење али јас сум против за сама да си го изберам името на моето бебе
Можеби имам старомодно мислење АМА кумот е тој кој треба да го даде името,па зошто е кум,само да го направи трошокот и кој те шиша..сега и кумот треба да е свесен да стави повеќе имиња плус некои помодерни не некои заостанати,тогаш со сигурност и кумот ке е задоволен и родителите
Сакам јас да си го ставам името на своето дете. Кумот, не го ни прашувам. Зошто ако пример не ми се допадне ниедно име а ете сум рекла кумее ти ке дадеш име како да го одбијам. Ако каже како кум вие одберете, ке му дадам 3-4 имиња кои ги сакам па тој нека одлучи. Е сеа друго, една ситуација. Девојче од 4 годинки чека сестричка и и велам како ке се вика...и ми кажува така и така... и сите знаат така, викам кумовите сигурно ќе ја прашаат и ќе биде како таа сака. И мајкава вика да даа тоа сигурно. И сеа мекици се роди малава, доаѓаат кумовите со име напишано на хартија....Малава и шепкаат за да каже на глас, лелеее не знаете разочарување на лицето на девојчево кога виде дека не е тоа име што го сака, скисна целото и не се насмеа целааа вечер. Ете тоа е мое мислење, кој се лути(кумот) нека му биде ич не ми е гајле.
Само ќе го кажам моето мислење, не сакам да предизвикувам непотребни препукувања..... Некако не ми е природно и логично името на детето кое ти си го носела 9 месеци и кое сте го створиле со сопругот (на начин на кој само вие си знаете), да го даде кумот. Нели кумот како институција сама по себе и треба да се грижи за кумашинчето, НО дали е тоа случај кај повеќето семејства?!?!?!?! мојот одговор е НЕ. Значи почитувањето секогаш ќе го има како венчален и кум за крштевка, ама не може да одлучи како јас секој ден ќе си го викам детето.