Јас само ќе кажам дека мило ми е што има кума која е разбрана...таа заедно со мм уште пред да останам бремена решила какво име ќе има моето дете мило ми е што се согласуваме околу вкусот на имињата така да и за во иднина нема да имам проблем....најголемата желба на мм е остварена со името а и јас не се бунам...многу ми се допаѓа името на моето сонце кое едвај си го чекам
И јас стојам со ставот дека, мајката и таткото се оние кои цел живот го одгледале детето, кумот(не секаде, но најчесто) го гледа детето два-три пати во годината, за роденден или именден, и секогаш кажувам дека родителите се тие кои БИ требало да си одберат име за своето дете... И уште нешто, што ако кумот каже име кое е од 14 век, или име кое родителите не сакаат ни да го споменат? Само за кумова чест,детето цел живот ќе си го мрази името... Можеби не е во ред, нели како е изреката Господ еден на небо, Кумот на земја, ама јас сум за бескрајно почитување и се по ред на кумот, додека пак за името на детето мое мислење е да си го изберат родителите.
На мајка ми и на нејзините браќа и сестра некој човек им дал имиња. Мајка ми многу убаво име има и ден денес го даваат на деца, ама другиве сите кукаат. Јас со дечко ми се имам погодено, никој друг нема да дава имиња освен мене и него. Јас ќе го носам 9 месеци во стомак, и ќе се вика како јас сакам. Никој не би дозволила да му дава име на мое дете. Евентуално ако неможам да изберам помеѓу 2-3 имиња ама другачие не. Јас сум си замислила имиња и за машки и за женски и со дечкото баш уз муабет, ни се допаѓаат истите.
фала богу од таа страна со кумот немав проблем... родителите се тие кои треба да си го изберат името, а кумот е тука да го кристи... па нема тој да му вика секој ден на моето дете, јас ќе сум таа... син ми го кристивме по татко ми, само помодерно, татко ми е Ристо, а тој Кристијан, среќа и родителите не се бунеа, ни рекоа како сакате така си го ставете, ако сакате по нас, ако не, немора, тоа е ваше дете, така и треба да биде...
Сигурно кумовите нема да инсистираат бебето да ни се вика Петко кога ние сакаме да ни се вика пр.Трајко Ни предложија неколку имиња ама ниедно не ни се допадна, така да тоа што си го одбравме со мерак го прифатија И да инсистираат, наше е детето, ние ќе го растеме, ќе се смееме и плачеме со него, и како сакаме ќе се вика
Ние немавме проблем со кумата околу изборот на името за син ми. Таа рече дека е наш избор како ќе се вика детето. Мислам дека родителите треба да одлучат за име на детето, бидејќи тие се оние кои што ќе живеат со него. Е сега, има кумови кои што сакаат да биде по нивно. Додека лежев во болница откако се породив, една девојка сакаше син и да се вика по нејзиниот починат татко. Маж и немаше ништо против. По телефон разговараше со него и му рече да ги праша кумовите дали се согласуваат детето да се вика така. По неколку минути и се јавува маж и и и вели дека не се согласуваат и дека сакаат детето да се вика поинаку. Девојката многу се растажи. Не знам што се случи понатаму.
Не знаев каде да го поставам прашањево.... Да не биде дека сум скрос оф топик Каде и да е кумашинката треба да се породи, за името договоривме дека мајка/ тато ќе ни го шепне па ќе го кажеме официјално. И тоа ми е скрос ОК, зашто родителот има секакво право да го крсти детето како што сака, а кумот е тука за да се согласи и почитува, како што тие не почитуваат нас. Но, мојот проблем е што не знам каков е редот за подарок за мајката кога ќе се породи. На таткото му се носи благо на денот кога се прават мекици, ама мајка не присуствува на мекици, а сакам да и купам нешто симболично. На пример ноќница / пожами за доење, накит (или друга идеја која ќе ја добијам од вас), ама па некој ми спомна до 40 дена да не купувам ништо за никого освен благо... Ај искуство/мислење - од голема полза ќе ми е.
Јас не се водам по тие бабини дека до 40 дена не се дава ништо.Така да купи и нешто што ке и е од корист како мала пажња а подоцна подарокот за бебушот.Јас не доев ама ако дои онаа перницата за доење е многу практична.Спаваќа ипак нема да е цел ден по дома во неа
Па да 21 век сме,но ако веќе родителите го бираат името која ке е тука улогата на кумот ? Основната улога на кумот во крстењето на детето е тој да го избере името и да го изврши чинот во црквата(или каде веќе и да е) но изгледа дека 21-век му додаде улога само да дојде колку да го изврши чинот а тоа родителите го викаат колку да ја извршат христијанската,долгогодишната традиција.Инаку верувам доколку би можеле не би викнале ни кум ни кума ! Јас кога ке имам деца дајбоже со сигурност би го испочитувала кумот!
Според старите обичаи кумот треба да го избере името, без никакви сугестии од родителите. Но јас нема да му го дадам тоа задоволство на кумот да ми го „осакати“ детето за цел живот и да цел живот се срами да си го изговори името. Името ќе го бираме јас и сопругот и ќе настојувам тоа да биде модерно име, со домашни корени. Да звучи доволно наше, а во исто време да биде и доволно светско, за да нема проблеми со името каде и да оди. Јас моите деца ги гледам како деца чии дом е светот кои многу ќе патуваат и сходно на тоа треба да имаат име кое лесно се изговара и памети барем во Европа и во Америка.
Ги прочитав неколкуте мислења пред мене и сите гледам сте во мислење дека кумот ке тропне некое глупо,демоде име.Но што ако си имате некој супер-модерен кул кум кој ке избере модерно име ? За мене тоа е во ред,ама добро,сметам дека сега у 21 век е подобро родителите да си го изберат името,според нивните планови,вкусови и сл.
a zosto smetas deka imeto of kumot ke go "osakati" deteto?? Poznavam mn slucaevi kade roditelite odbrale ime pa decata koga ke porasnat ne si go sakaat imeto. Ne znaci deka ako roditelot go odbral - toa e najubavoto. Fakt e deka, kakvo takvo, site so vreme si se naviknuvame na iminjata...i ko ke vidis pobitno e kako ke go vospitas a ne kako ke go krstis. (izvinete za lat od mob sum)
Јас мислам дека конечно дојде време на освестување, алелуја на рационализмот. Не викам и дека традициите на треба да се почитуваат, сепак тоа е уникатност на една нација но нашиот народ и покрај модерноста и ден денес е затупен и заглавен во примитивизмот. Не знам колку сте читале историја на македонскиот народ, верувања и обичаи но претерано сме биле неписмени а со лек ум лесно може да се манипулира. Крстењето на детето по свекор/свекрва не е толку лоша работа, но се зависи од односот на мажот ви кон нив, вашиот однос. Немам ништо против да се испочитува тоа, ако во фамилијата владее ред и хармонија има можност за договор. Но против сум давање на име од кумот, но тоа не значи и дека не си го почитувам. Во ред е родителите да си го изберат името, или кумот да ги праша како сакате да ви се вика малото и така сите среќни и задоволни. Како што реков погоре, се е ствар на договор. Да ви го кажам мојот случај со името, ќе ме разберете зошто сум против овие паганизми. Мојот кум напишал три имиња, сите три кое од кое позабегано оти од село биле, моите за среќа го одбрале најубавото од тие, ама овие заминале во Германија на печалба и јас од мало бебе ги немам видено, нити пак имаме контакт со нив. Е тоа е така баш заради тие обичаи, овој се перчел дека сака да биде кум, истерал само обичајот кога сум се родила да ме крсти и толку. Затоа сум многу ќефна што нашиот кум е еден модерен шизик и си се почитуваме максимално и се дружиме оти е другар на маж ми и одлично се согласуваме и сме сигурни дека тука ќе биде покрај нас и во добро и во лошо.
Како бе кумот да му даде име на МОЕ дете? Ова ни у сну. Ако кумот ми има такви претензии го мењам со брзина на светлината. За мене лично кумството е формалност и нема што тука да се даваат којзнае какви чести на кумот за тоа што го бања бебчето во црква. Ако веќе тргнувам од себе, преголемо драматизирање ми е и тоа со крштевките во црква, ама добро, тоа веќе друга тема. Во врска со мислењето кое ја отворило темата: Спојлер Јас мислењево го напишав зошто ме револтираат вакви затуцани размислувања и давање слобода на секој да се меша кај што не му е место. Сосем е фер губењето на смислата на кумството. Не мислете дека некои традиции со право се избледени? И фала богу што е така инаку ќе тапкавме во место.. Името на децата треба да го избираат мајката и таткото.
^Fast forward 75 години во времето и моето мислење од 04.06. 2089 година. Со право се избледени некои традиции, зошто родителите да бираат за детето, па детето си е своја личност, само треба да си го одбере името. Како ќе го стори тоа, не сум сигурен, можеби треба да му биде понуден список од имиња коа ќе се роди, па за кое име прво ќе се фати со рачето при породување, тоа да му биде. Не, озбилно, мој личен став и во денешно време е дека децата треба сами да си го бираат името. Еднаш една гром девојка, се запознаваме, се претставува и ми вика „здраво, ја сум Пепи“. Како бе Пепи? Параскева се викам. Da fuq? Така се викала баба и`, што да се прави, традиција, не може поинаку. Затоа, мислам дека децата треба на 12,13, 14 години, максимум, сами да си одлучат како ќе се викаат во животот и да си го менуваат името. И презимето исто така. Ни родителот ќе се резили за мене при запознавања, уште помалце кумот.
^ Капетане не претерувај сега и ти Ајде ако не, слобода на говор, па кој како сака да го вика Спојлер Ама пак добро, за по 75 години може и соодветно ќе ти биде..
За помалиов син кумата одлучи за името, Јас и маж ми не можевме да се договориме, па неа ја прашавме за име. Таа ни предложи едно име кое што ни се допадна.
Имињата, и на син ми и на ќерка ми, ги одбравме јас и маж ми. Иако имаме стари кумови, тие што го крстиле маж ми, во ниеден момент не дојде до несогласување во врска со имињата. Не сме многу блиски, се гледаме за Божиќ и Велигден, така да немаа претстава кои имиња ние би ги сакале, па да ги пишуваст на ливче. Дента кога се породив маж ми отишол кај нив по име, така е адетот овде и се договориле.