Se razbira deka kumot moze da dade predlozi za imeto no krajnata odluka treba da bide na roditelite. ne bi dozvolila na nikoj drug da mu bira ime za moe dete. Isto I so svekrvi I svekori koi gi pretiskaat mladite vnucite da bidat krsteni po niv, znaci oni si rodile deca, si gi krstile Kako sakaat, Im pominal redot. Mladite treba da si gi krstat decata po nivna zelba I nicija druga.
Имињата на бабите и дедовците од страт отпаднаа. Името на моето дете го одбравме јас и мм. Кумовите оставија на нас да се изјасниме за име, ниту пак дадоа предлог, иако знам дека потајно имаа некое нивно омилено име. Не дека не ги прашавме која е нивната желба и дека немаше да ја испочитуваме, но брзо се разбравме дека поважно е нам да ни се допаѓа името отколку на кумовите. Кога јас бев кума многу настојував крштелниците да ја кажат нивната желба. А тие упорни јас да бирам име. Долго време бевме во неизвесност, за да на крај успеам да ги убедам дека ми е важно да си го викаат детето онака како што ним им се допаѓа. Се разбира крстивме по нивна желба и сум среќна заради тоа (осоено што нивниот избор на име ми се допадна и мене) Е сега, кој колку сака нека докажува дека е правилно родителите да бираат имиња, факт е дека кумовите ја губаат смислата во крштевањето на децата. Било традиција име да одбира кумот, но ајде сега посовремено време и поразбрани луѓе па кој како му чини така си прави. И нема ништо против тоа, ете и моето дете јас си го крстив.
Нас кумовите ни откажаа дека не ги прашавме за име Живееме во странство и кога се роди бебето свекрва ми и свекор ми му се јавија да му кажат на кумот и да ги викната на честење дека собираја гости како мала прослава дома со јадење пиење и музика. И тие не пошле и по неколку дена му се јавиле на свекор ми и му откажале а нивните фамилии си кумуваат повеќе од 100 години... И проблемот беше дека мм не му се јавил да му кажи дека имаме бебе и да прашаме за име мм му пиша ама по неколку дена бидејќи неговите се јавија одма и кажаја. А за име неможам да замислам некој да стави име на мое дете како што сака тој, а нас името ни беше замислено и омилено уште кога бевме во врска пред 5-6 години и немаше шанси да прифатиме друго име, па и тие старомодни денес никој кум не става име на дете, туку родителите си одлучуваат. А и да кажам дека немаме никаков контакт со кумовите не бевме многу блиску идеја 1 годишно на слава а свекрва ми и свекор ми одеја почесто. Тие се постари и имаат помлади деца со кој што ние немавме никаков контакт освен едно здраво ако се сретневме на улица. Па можеби и тоа им беше прилика да откажат незнам Сега треба да бараме на ново кумови за венчавка и крштевка искрено немаме некој такви блиски за кумови.
Да сте живи и здрави, нив нека им служи на чест глупоста што ја направиле. Ако немате блиски другари, може и брат/сестра (твои или на мт) да биде кум/а.
Најдобриот другар од маж ти? Обично младите во денешницава така бираат, старите кумства пополека одумираат баш поради овие причини што ти си ги навела. Младите кумови дури не се ни наметнуваат да даваат име за децата.
@orhideea можеш и крвно поврзана рода. Мислам нема ограничување. Во мојата фамилија има многу први братучеди, или вујко да е кум на внука. Претпоставувам дека ова е стресен момент за вас, можеби на моменти и малку трагичен, ама искрено би сакала да ми се случи нешто слично. Јас и мм со кумовците никако не успеваме да најдеме заеднички јазик, тие си комуницираат баш како кај вас, со старите
Прашајте некој ваш поблизок, прв братучед, втор, со некој што сте блиски. Еве на пример стрико ми му беше кум на негов прв братучед.
Мене така ми направија кумовите за втората ќерка, детево ми направи годинка, тие не најдоа време да дојдат да ја видат, и кога дојде ред крштевка да и правиме, фино и културно им беше кажано, и времето кога е закажано, се на време да си знаат, тие - поготово кумата по телефон така се испокара, така ме нападна, што во истиот момент решив да завршам со нив. За кршетка си ја побарав старосватицата, иако прашавме поп ни рече дека дури може баба-дедо да ја крштева доколку е дојдено до тамо да нема кој
Овие како со душа да чекале да ве откачат. Не се замарај. Било кој може да го направи чинот. Битно вие да сте живи, здрави и среќни.
Здравје декември ќе си одиме за МК да закажиме за свадба и крштевка, па ќе мислиме кој ќе ги прашаме за кумови ама сигурно ќе биде некој од првите братучеди. Немаме многу другари ни јас ни мм, немаме ни девер за свадбата, ќе се мислиме тогаш. Инаку и јас мислам дека одвај чекаја некоја причина кумовите за да откажат па ај се фатија за името. А ако ги прашавме сигурно ќе ставеја некое име по нивно и ние немаше да се согласиме и пак ќе откажеја така да подобро вака тие сами што си откажаа.
Многу е тешко во денешно време некој да се нафати за кум. Од искуство зборам. Ние немавме кум до 2 месеци пред свадбата, т.е. имавме еден, на мм другар ама ни откажа. Старата кума не сакаше да биде оти е стварно стара, 80 год. Прашувавме другари и другарки не се нафаќаа. Среќа старосватовите се нафатија и тоа им бевме кажале сите сметки ние да ги подмириме само да се нафатат. Прифатија, ама не дозволија ние да плаќаме, сѐ тие си подмирија. После на нивно место други прашавме, среќа се нафатија одма. Ние со кумовите од тогаш многу се зближивме, секој викенд излегувавме со нив, во неделата 3,4, пати се гледаме. Прашајте братучед или било кој да ви се потпише и крсте бебе, па ако треба и сѐ вие да си платите.
Уште во врската со маж ми се имаме договорено дека ако имаме ќерка како ќе се вика-име кое и двајцата го сакаме. Пред некој ден кумата ми вика дека ќерка и (младата кума 23год) ќе го крсти бебето здравје и ми кажува име од кое ќе паднев во несвест колку не ми се свиѓа, ај да беше убаво да се размислев ама ние си имаме осмислено име. Рано е уште нели како што викаат на нероден Петко капа да не се крои, јас сум 32 недела. Ама ајде ве молам за совет, не сакам да ја навредам кумата ама не сакам ни детето да ми се вика со некое за мене глупо и смешно име кое некоја девојка (кумата) си го одбрала . Незнам како да постапам искрено, да ја викнам, што да и речам. Ве молам за совет.
. Sedni si so mladata kuma I napravi si muabet.kazi I deka vie so imate zelba za drugo ime .Ako e pametna ke prifati.I nie imavme problem so kumovite ne za iminjata na decata tuku okolu svadbata ama napravivme po nase pa izleze dobro nakraj.Speak so vreme resets go ova
@Ctete Се е ок ќе седнам ќе зборам, ама ако наидам на отпор незнам како да реагирам, а ми нема логика според мене јас кога ќе бидам кума нема да се мешам како сакаат младите така (иако кумашинот мој сеуште не е женет).
Нај убаво како нас што ни напиша така и на неа кажи и ќе и кажеш фино и културно дека ја почитуваш и дека не сакаш да ја навредиш ,и ќе ја прашаш дали би и пречело ако името вие го кажете бидејќи го сакате тоа име уште пред да бидеш бремена ,а сега одкако си бремена и тоа со женско желбата и љубовта спрема тоа име е уште поголема
Викни ги на гости и кажи им дека веќе имаш име смислено. Бебето е ваше, ти секој ден ќе го нарекуваш по име, а таа кумата еднаш или два пати годишно ќе го гледа. И кај нас кумашините ни кажаа дека ќе имаат девојче, па јас сакам да го крстам и 300 имиња имав сместено, ама родителите на бебето кажаа дека си имале желба (плус околу празник беше родено) и ние нормално веднаш прифативме како што сакаа тие. Во денешно време кумот е само да го држи бебето во црква, а на родителите им е да одберат име...мислам воопшто не е фер да им се крши ќефот на родителите.
И мене кумовите ми предложија име кое воопшто не ми се свиѓаше. Најљубезно им кажав дека не е баш мој тип на име. Среќа наидов на разбирање и оставија сама да си одлучам. Од тогаш сме си во супер однос, се дружиме, а они ја обожаваат малава. Само отворен разговор и мислам ќе средиш. Среќно!
Ние не сме ги ни прашале кумовите за име. Само им кажавме дека сме одбрале име, кумот малку се зафркаваше, ама не ни пререкоа ништо. На крај краева тоа е наше дете и многу ми е глупо кога ќе слушнам дека некои кумови се лутат оти не е крстено детето по нивен ќеф.
И за моето име имало кавги, и тоа пред триесетина години. Мама сакала едно име, тато друго, кумата трето, бабите со надеж нивното име да се поднови. И секој си стоел на своето, никој не попуштал. Кога требало да се запише името во извод, тато попуштил и рекол дека се согласува со името на кумата. Е дури тогаш избила војна. Мама им кажала на сите, или ќе е по мое, или барам развод и после ќе и го сменам и името и презимето. Ама немој, ќе избереме сосем друго име. Не, ќе се вика така, милум или силум. И така по одлука на една е мајка, си го носам гордо името. Совет до мајките, крстете си го детето како ви е вам по желба.