1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумови и имињата

Дискусија во 'Бебе' започната од didush, 9 мај 2012.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Имав прилика да го раскажам сонот на кумот и името кое го сонив...кумот со задоволство прифати малата така да се вика,кажав дека сакам негов благослов да се вика така,многу го сакам и почитувам од 5 годинишна возраст се познаваме и сме блиски.
     
    На Bebulleee, azelea, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Ова јас сум го пишувала пред некое време, ама ете сега јас сум ставена во ситуација кумот да сака да ми одбере име на детето па... искрено...ич не ми е сеедно, дури сум изнервирена.
    Вчера се сретнав со кумот, човек со оклу 42 години и ме праша за полот на детето дали е сигурно женско, па потоа ме праша за име и му возвратив дека е рано во 7ми месец име да одбираме, дека не сме одлучени, но малата сепак има неколку желби. Настојуваше да кажам кои се желбите, па споменав нешто што се мотка во главчето на ќерка ми, но сепак потенцирав дека е рано. И џабе толку ме прашуваше човекот, кога тој веќе си имал смислено име, име кои воопшто не ми се допаѓа. Па и како ми кажа, толку безосетно и демек ,,кум сум, јас бирам име,, Не можев да се воздржам, со фаца покажав дека нивниот предлог не ми се допаѓа, сепак настојував да збориме за име малку покасно. Ама он толку горделиво се испонаша, демек ми се може.
    Сега не знам како да постапам, не сакам да се спречкам со кумот , од друга страна не сакам да ми се вика детето со такво име кои воопшто не ми се допаѓа. И како да ја изведам ситуацијата да мине мирно, а да си ја исполниме нашата желба. Морам да напоменам дека човекот (кумот), е по малце терсене човек, па... стварно немам идеа како мирно да го поминеме ова.
    Предлог некој? Има шанси ова без закачка помеѓу мене и кумот да мине?
     
  3. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Тешко богами.
    Не сум била во ваква ситуација.
    Не знам зошто воопшто се инсистира да се даде име кое на родителите не им се допаѓа.
    Тоа е инатење според мене. Сепак тој ја има честа да го крсти во црква, нели, па мислам дека тој чин е побитен, отколку да се инсистира по секоја цена на име.
    Според мене родителите се тие кои треба да си одберат како ќе се вика нивното дете.

    Нашите кумови ги гледаат децата на Божиќ, Велигден и на нивните први родендени. Никогаш не стапнуваат кај нас дома, освен за прв роденден и се разбира за крштевка.
    Не ти помогнав, ама штом ве прашале за име, нареденнпат кога веќе ќе имате одлучено како ќе се вика, да му кажете дека вашата желба е таа. Без заобиколување.
     
    На Gosh и snegulkata им се допаѓа ова.
  4. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Офф и јас имав такви едни тешки,горделиви кумови, од типот јас сум КУМ и нема лабаво, Штета што кумството ни заврши од глупави причини а беа млади,не е да кажам некои со по 60 год па ај генерациски проблем
    Незнам што да ти кажам, едино кога ќе дојде тема за името, да спомнете дека првата ќеркичка веќе има идеја како да и се вика сестрата и дека не сакате атерот да и го кршите
    Ние немавме проблем со имињата, за првата одлучив јас, само им кажавме како сакаме, за второто веќе бевме завојувани, па така да се едно ми беше дали ќе им се допадне или не, иако идеја беше на поголемата ќерка, и пробувавме да дадеме предлози за други имиња, таа запна така и така, иако пак ќе кажам идејата беше моја, но имаше неколку опции, па таа се одлучи за истата која и мене ми беше во план:D
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    Нашиот кум е другар на мм од градинка, никогаш во ништо не ни се замешал. За првото си имавме име смислено од кога сме земени, ние кажавме, кумот се сложи, толку. За второво си кажа, на смеа, за првото ме откачивте, за второ не се давам, а оти немаме име сеуште не ми е проблем да даде предлог. Ако ме бендиса ок, ако не, пак ќе си кажам како сакам јас и верувам дека нема да има никаков проблем.
     
    На cresa-jagoda и snegulkata им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Баш тој впечаток го добив. Упорно сакаше да кажам дека имам желба и да ми ја залепи ,,е не може, јас сум кум, јас како ќе кажам,, Како да сака да се заинати и да каже дека не може по наше туку по негово ќе биде.
    Името кое го предлага, он и жена му сакале да си го дадат на нивното дете пред 15 години, ама не успејале во нивната намера и крстиле по баби и дедовци, па сега кога се кумови ќе си ја исполнат желбата. Ова нели е себично? Па дури и нели е лечење комплекси??? Ним не им допиуштиле (мајка му и татко му) да си реализират замисла за име, па 15 години тагувале по неостварената желба и ете сега и тие нам исто ни го прават. Не можеле на нивно дете, ама на крштелничето ќе си го стават името, а крштелничето го гледат 2 пати во година. Себично!

    @mami blue И нашите се горделиви, ама и зајадливи на некој начин. Ова не го пишувам сега зашо јас се најдов во ситуација да се ,,надигрувам,, со нив, туку од поодамна го имам тој впечаток. Дури глупо се осеќам дека вака пишам за кумови, и дека се мислам како да си ги свртам работиве во моја корист за името, ама стварно ме испровоцира. Особено зашо упорно ме прашуваше ,,Која е твојата желба, како сакаш да се вика,,? И после додаде - јас сум кумот, јас ќе кажам, сакам да се вика Х! Онака горделиво, надмено, демек ми се може... дури понижувачки кон мене.
    Инаку сум зборлива по природа, секако ќе кажам што мислам, амааа не сум сигурна дали ќе успејам, особено затоа што сакам без кавги да мине ситуацијата.
     
    На cresa-jagoda, Gosh, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    @snegulkata потполно те разбирам како ти е, јас и мм сме на 3 места кумови, па ниту во еден момент не сме се однесувале со кумашините со важност. Со едни многу често се дружиме, со другиве поретко, но мене и она КУМО што ми се обраќа ми е глупо, си имам име, немора така да ме нарекува, ама ете така си затерале, дури и дечињата со кумо ме именуваат
    Си имаме взаемно почитување, и тоа е тоа, кога им се родија близначињата, се јави кумашинот на мм, и му даде предлог како им е желба да се викаат, со задоволство прифативме, зошто е потребно да се крши филмот не ми е јасно, па не сме у 15 век па сега други да одлучуваат
    Ако имаш опција на неколку имиња фино лепо ќе му кажете дека едно од тие имиња си го сакате, па дури и едно да е има во опција ќе си кажете, утре може ќе пукне тиквата, секој на своја страна, па ќе ти биде криво зошто не си го ставила она име кое си го сакала
    И на крај, мои мои па преку мои:D
     
    На cresa-jagoda, Gosh, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ние мислам и не сме кажале на кумот како ќе се вика бебе :) Не се наметливи и не сме ни паднале на муабет. Не ми беше ни во план да барам "дозвола" за името :) Кога ве читам вака какви има во ова време се нервирам со вас. Па и инает тераат (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Gosh, Luna91 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Ваљда твоите кумови не даваат никаков знак дека би правеле проблем за име, не навестуваат со ништо дека ќе ве ,,мачат,, Затоа си спокојна Кукле, затоа и не мислиш дека ќе ти треба дозвола за име.
    Јас за нашите во почетокот кога се спријателив со нив одма стекнав впечаток дека малце се потерсене луѓе, ама не ми сметаше нешто многу пошто ги гледам 3-4 пати годишно. За првата ќерка дури и разбрани ми се видоа кога биравме име, пуштија ние да си одбереме. Иако и тогаш дадоа предлог (истото име кое сега го сакаат)
    А за оваа бебе кое е на пат осеќав дека ќе се занесуваат во стилот ,, КУм сум, има да слушате инаку не давам благослов,, И тоа се случи. Ако некако ги свртиме работиве наша желба да се исполни, искрено, спремна сум дека често ќе ни префрлуваат дека не се доволно испочитувани.

    Леле многу ги напаѓам, дури виновно се осеќам вака оти пишам и ги критикувам, ама не замерувајте, ептен сум испровоцирена од настанот... Ајде белким ќе ми мине! Ама па стварно бре ич не ми се допаѓа името кое го предложија, сосем спротивно од имињата кои мене ми се допаѓаат. Патем имаме и куче на наши комшии со истото име!
     
    На cresa-jagoda, Kitten, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас на твое место не би им оставила простор да мислат дека имаат "право" име да дадат на дете. Он наметлив, јас на шала на смеа би му кажала да не планира дека он име ќе бира. Нек префрла после колку сака - ќе се најде некој од блиските/другарки/другари што ќе му го плесне дека минало времето кум да бира име.
    И он само "права" има? Порано кумот бирал име ама и кумот ко втор татко бил. Така да и он малку повеќе треба да "даде" ако толку е по кумството. Свашта!
     
    Последна измена: 30 октомври 2017
    На cresa-jagoda, azelea, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Според мене опција е да застанеш цврсто на својот став како да се вика или ако сакаш по суптилно да ја пуштиш керкичката да си каже како ке се вика сестричката. Ако се спротистават и на мало дете стварно е веќе претерано.
     
    На cresa-jagoda, azelea и snegulkata им се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    @snegulkata не биди будала да се нервираш трудна. Он фраер, ти пофраер, кути си, трај си. И онака не се гледате често, а и да се видите кути си, он ако праша( за да буцка) речи шубе ми е пред време, ај нека се роди живо здраво прво. Кога ке се породиш, дур си во болница мт нека му се јави да му каже дека се родило детето и дека ти веке си кажала име уште од болница, па дека он бара благослов од него, со цел да не ја секира жената која само што се измачила со порагај и се уште е во болница. Ставен пред свршен чин, нема да има гз да нервира леунка. Ако нагодува ти е гајле, не може он во општина да го запише.
     
    На cresa-jagoda, snegulkata, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    првово имаше име пред да одредиме кум хахах, родено беше. за второ здравје ако е машко имаме име. омиленото на мм а случајно се погоди и кумот така да ни се вика. не дека јас сакам на кум кејф да правам ама искрено драго ми е ако се погоди така...
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Ние сме на три места кумови и ниту еднаш не сме се замешале во давање на имиња на децата.

    На последниве на кои што сме им кумови,чекаат принова.Многу се традиционални луѓето.Во еден неврзан муабет им нагласивме дека не сме ние тие што одредуваат име,тие се родители,тие ќе си го одгледуваат и тие треба да си го одредат името на детето.

    Мислам нема логика друг да ми кажува како ќе ми се вика детето.Кумот ќе го крсти детето пред Бога во црква,ама дека ќе одлучува во името на родителите како ќе го викаат,не.Тоа е улогата на кумот,да биде духовен-на татко/мајка на детето,не да одлучува за изборот на име,уште помалку па да наметнува своја волја.

    Така било со изборот на имињата на моите деца,јас и маж сме одлучиле,така и ние сме се поставиле во однос на луѓето кои не одбрале и ни ја дале честа да бидеме кумови.
     
    На cresa-jagoda, Kitten, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Секакви не има низ белиов свет!
    Не се чуди.
    300 људи 300 чуди.
    Туку.. не се прави будалче да се нервираш за "кумот" и што тој рекол. ;)
    Нема што да му се објаснуваш. Следен пат кога ќе имате прилика ќе му кажете "извини куме, ама јас маж ми и керка ми си одбравме име по наш кејф, име што со години ни се мота низ памет и ни е драго како за наша керка, се надевам ме разбираш" и тоа е тоа.
    Друго да не те интересира, а тоа со неговите желби уште од почеток стави му до знаење со реакција и збор дека не бива, ако одговори негативно врати му, "се извинувам ама тоа е нашата желба и пред се желба на керка ми" нема дискусија!
     
    На cresa-jagoda, snegulkata, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    јас не ја ни прашав кумата за име.И се јавив и и кажав дека малата ке се вика Стефани.Нешто ми мрмореше на тел ко на шала дека девојчето нивно сакало името да го каже ама се направив дека не ја слушам
     
    На cresa-jagoda, LiliBoz, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Ние кај што сме кумови со мм и за двете деца ни рекоа да составиме список со имиња, меѓу кои и имињата што ги сакаат, па испаѓа како да си одбрале. Јас немав намера да им наметнувам име, ниту па имав некоја желба за нивните деца да решавам, си ги крстивме по желбата на мајката.

    Нашите нови кумови, близок другар на мм, исто не праша кое име го сакаме и воопшто немаше наметнување некакво.

    Јас разбирам секакви луѓе, ама претеризам ми е за туѓо дете толку настојување и инаетење, барем во денешно време мислев го нема ова.
     
    На cresa-jagoda, Annath, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    За мене непочитување е кумовите да инсистираат за име,ама и што ако си кум гајле ми е што мислиш во врска со името.
    Можеби не сум во право ама ете така сум воспитана.За мене кум е нешто свето,затоа и покрај сонот побарав благослов од кумот во врска за името.
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Да, затоа кумот е тој кој што треба да има разбирање и да ги праша родителите дали имате желба за името на вашето дете. И мајка ми на времето и за мене и за брат ми си кажала име, па еве уште сме во добри односи со кумовите.
     
    На cresa-jagoda, Annath и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Кумот пред бога е втор родител, ако недај боже нешто се случи на родителите, тој треба да се грижи за кумашинчето.
    А дали некој кај над го почитува ова? Или се кумови само за крштевка и родендени?
    Не прашав за име и не чекав да дадат, си имав име и не го менував за ниедно.
    Ама малата кума 5 години ја прашав какво сакаш да е бебето и како да се вика, рече девојче и го кажа истото име како што ја крстивме.
    Епа мислам дека нема смисла да и кршам атер и да го прашувам кумот. Може да избере он, ама од мои дадени имиња, а не да ми го крсти како што не сакам.
     
    На cresa-jagoda, Sesil, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.