Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумови и имињата

Дискусија во 'Бебе' започната од didush, 9 мај 2012.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Како да не, јас ќе го раѓам а кумот ќе му даде некое име што му се допаѓа на него. Здравје, на првото дете ќе му дадам име само јас и никој друг а ако решам да имам второ ќе му го даде татко му.
    Имав еден другар со многу затуцано име. Кога се родил неговиот брат, родителиве му дале фино име ама свекорот многу се налутил што не го крстиле по него и не им правел муабет 4 години додека не попуштиле и на другаров кога се родил го дале неговото име. :D Некои старци се навистина за човек на кол да ги закачи. Па никогаш да не прозборел ќеф не би му направила. Да имал некое асално име кое колку-толку им се допаѓало на родителиве ај да попуштеле ама вака навистина нема смисол на мало дете да му лупнеш некое застарено име од бабите или дедовците.
     
    На cresa-jagoda, Dadusicka и Sesil им се допаѓа ова.
  2. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Мене живо ме интересира дали само ова кај нас е проблем со кумови. На некои луѓе традицијата ептен и се вкоренила, остај млади луѓе сами нека избираат име. Во ред и кум и почитување и се, но јас изборот на име би го оставила на родителите.
     
    На cresa-jagoda, orhideea, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ред е кумот да се праша, а не верувам дека има некој кум што не би го испочитувал изборот и желбата на родителите.
    Се ежам од коментарите: Мое е дете како сакам ќе го крстам. да нормално, така и е, но е големо потценување и непочитување на кумот.
     
    На Meckicja и sofi2107 им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Ооо и тоа како има, па тераат обичаи до крај. Старо кумство, па без кум да дојде не се седнува на маса. Ехее што не има.
    Се случи, седиме на мекици па се чекаше кумот да дојде и име да каже. Си тропна по негово и поголемово дете баш се разочара. Значи ок е во консултација со родителите, ама некој друг неможе за мене да одлучи.
     
    На Sesil, snegulkata и joy1 им се допаѓа ова.
  5. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Тоа е претеризам.... Да, нормално мора да има разбирачка.
     
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.951
    Пол:
    Женски
    Кумот нека му стави име на тоа он што ќе си го роди :lol: Тоа јас што би си го родила, јас како сакам така ќе се вика. Нит старци, нит кумови што се мешаат за имиња можам да ги разберам, а на крај дали и еднаш годишно ќе го гледаат детето.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    Ја одбегнував темава некој период зашто сакав да се соземам и да не си го истурам гневот овде, па потоа совест да ме гризе и срам да ми биде од мислите!
    Иако пак се нервирам кога ќе почнам да мислам на тоа, ама подруго е!

    Имавме средба со кумот, пред недела време, и се начна темата - име на бебето! Ќерка ми сама му кажа - Сестричката ќе се вика Х! Ама тој се смее и и возвраќа - Е ќе видиме тоа, јас сум кум и ќе се вика У! Му кажавме и јас и ММ дека неговиот предлгог за име не ни се допаѓа и очекуваме да наидеме на разбирање од негова страна и да ни даде благослов за името кое ние како родители ќе си го одбереме! Ма јок, човекот си запна, јас сум кум и јас ќе кажам и се смее! Јас отворено си кажав дека настанатата ситуација ме вознемирува и сум разочарена што некој си поигрува со мојата желба и право да си одберам име за детето кое јас ќе го родам и чувам, ММ исто така му кажа да размисли убаво и да не го расипува моментот кој нас како родители ни е многу важен , и пак кумот си се смее и пак си вели дека неговата желба во случајов има предност оти он е кум!
    Значи немаше заобиколување, напротив, поконкретно од ова не може да биде! Буквално му кажавме - Името кое ти како кум сакаш да го ставиш на нашето дете не ни се допаѓа! А тој пак си стои на неговото дека му се може и ќе си ја исполни желбата! Не се остави повеќе простор за да се коментира на темава, освен да го раскинам кумството а не ми се сака такво нешто. Другарка ми ми вели дека она ќе ми го крсти детево, ама стварно бе луѓе да раскинам кумство ептен се осеќам како лоша личност! Околу мене веќе сите ме убедуваат дека името не е лошо, а јас си велам бар да сакаше некое традиционално македноско полесно ќе прифатев (Елена, Милица, Марија, Катерина - кои баш ми се ОК именца), ама тој запнал некое си таму негово омилено!
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.525
    Допаѓања:
    201.594
    Пол:
    Женски
    Од некоја бивша љубов да не е името, па затоа се запнал? :wasntme:

    Се шегувам, ама шегата настрана, навистина не е убаво од негова страна што не остава место за компромис, т.е тоа што не прифаќа дека името не ви се допаѓа. Јас да сум на ваше место, искрено би размислила дали воопшто би му дала да ми крсти дете. Не сум за прекин на кумството, ама ова што го прави не е во ред.
     
    На cresa-jagoda, Asistentkа, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    39.710
    Пол:
    Женски
    Како бе му се може? Вакви па колку ме нервираат. Јас да сум ќе го раскинам кумството. Или ќе биде како сакаме ние или толку од кумството. Па ако е кум не е Господ. Бреј какви инати луѓе постојат. Има ли жена тој? Зборувајте и со неа, можеби ќе го премисли. Ако не, не му давајте да ви крсте ваше дете.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Asistentkа и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Мојата кума иако бебето не е сеуште родено ме праша дали си имате смислено име и кажав јануари чекаме на празник можи ќе биди и таа самата ми рече вие како шо сакате така името ќе биди како шо ќе си одлучите вие така јас сепак нема да ја погазам тогаш и да и речам то ќе биди туку ќе го пратам мм да појди како шо си е редот да им кажи и иако го знајме одговорот да си одбериме ние име ќе ги праша и благослов за името што ние ќе го кажиме во случајот да му дадат :) Среќа што се разбрани и што знаат дека ние ќе си го викаме секој ден а не тие неколку пати годишно што ќе го видат а и јас да сум кума негде исто ќе постапам ќе им речам да си одберат тие име доколку несакаат и да сакаат јас да им кажам ќе гледам да е модерно убо и да им одговара ама ќе инсиситрам тие да си одберат
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Боже каков човек!
    Да видиш со кумата дали нешто ќе издејствуцаш.

    Ние пред 10тина дена паднавме на муабет за име со кумовите иако го знаеме одамна :) И тоа не прашаа како планираме, а не предлози да даваат.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    У велиш, претпоставувам е Уна. Ако грешам поправи ме Уна е босанско.
    Искрена ќе бидам, мене вака кумот и ќе му ја покажам вратата кај е да си излезе. На ваков и да сакам да направам чест не би направила од принцип.
     
    На BirMelek и Sesil им се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.531
    Баш додека го читав мислењето на Снегулка ми се јавува кумот.Ми вика еве правам список на имиња и се смее.Ајде му викам куме пиши најмалку 50 ама најгоре моето од сонот се насмеав и јас и тој и така.И мојот на почеток звучеше како нејзиниот,како сакам јас така,јас сум кум.Искрено ако не го сонев името ќе се согласев со него кое и да беше,не би откажала кум,суеверна сум во тој поглед,кум не се откажува,барем на нашето поднебје,има лоши примери на родители кои го откажале кумот.
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мислам симболучно и е тоа пишано. Јас викам х(икс), он у(ипсилон) :)

    @mal.ecka и тебе не те разбирам. Трпана да ти каже да се вика, ќе се согласиш?!
     
    На cresa-jagoda, Annath, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    што ќе правиш ако рече друго име? зашто ете ти си му кажала а тој пишува список..
     
    На cresa-jagoda и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.531
    ќе барам начин да се премисли во врска со Трпана:Dама не би ми рекла нема да ми бидеш кум,реков суеверна сум:$
     
  17. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Поштувам кум, али се си има граница.. кој е он да ми каже како ќе ми се вика детето...
    За поголемиот името си дојде само по себе, се роди на празник, а и немавме некоја посебна идеја па си беше ок. А за помалово јас си кажав кои 5 имиња ми се свиѓаат, (јас им дадов ливче, место они мене (facepalm)) и кумовите одбраа едно, уствари првото, мислеле дека тоа најмногу ми се свиѓа штом прво сум го напишала:D
     
    На cresa-jagoda, eli25, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ама ете како кај снегулка ако е упорен и не попушта, од почит ќе попуштиш? Почитта треба да е взаемна, не да се базира на демонатрирање моќ заради титула. Почит не се покажува ни преку строго почитување на нечии желби.
     
    На cresa-jagoda, Annath, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.531
    Ако не го сонев името немаше ни да му кажам кое име го сакам непрашана...затоа му кажав за сонот и побарав негов благослов,ова со списокот беше негова шала.
     
    На cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.951
    Пол:
    Женски
    Па нема да му викаш, ќе инсистираш на желбата, ако е толку недоветен сам ќе се откаже.
     
    На cresa-jagoda, eli25, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.