Лесно е кога имаш работа си разбрани луѓе. Не се сите такви, еве ситуацујата на снегулката кажува дека има и "закоравени" луѓе. Е на тие атер ли ќе им тераме за име на наше дете?
Не знам од која причина, но јас кумството не го кревам на толку високо ниво, како што некои личности го разбираат и сфаќаат. Веројатно затоа што не сум побожна личност, па кум за мене пред се е сведок, исто како и старосватицата. Бирање на име за моето дете е работа која не би ја препуштила на друг. Ќе бираме јас и таткото на детето мое, а веќе и имаме неколку идеи. Не прифаќам ниту имиња од баби, дедовци.
Среќа кумовите наши се млади и социјалицирани луѓе. Од првин се стегав околу името бидејќи ми беше сонето едно 4-5пати. Прашања во глава дали ќе прифатат и слично. Ако не беше сонувано името со заеднички договор ќе си најдевме именце за бебуш. Ама така сакал Господ, му кажавме на кумот за името и како стојат работите не направи воопшто проблем за среќа. И од тогаш не ме мачат веќе сонови околу името
Верувам дека никој во темава не би сакал да раскине кумство, но не дај боже да се заинати, ко што вика Кукла, па да запне Трпана детето да ти се вика.. суеверноста тогаш на кое место ќе ја ставиме!? Утре детето ќе ти се лути што воопшто така си го крстил. Патем за мене лично кумство е традиција, а не суеверие. Јес да традиционално не наследив кум, туку ни се блиски наши пријатели, но до толку да е тоа суеверие мене не ми личи ама баш ич.
И нас кумот ни е многу близок другар,јас со мм неможам да се согласам за име,различни вкусови,не пак со некој друг.Реков,не би се откажала од кумството,имам примери кои не се добри.
Ние уште име немаме, ни сонувано, ни не сонувано. Ама да очекувам од кумот име, нема шанси.Јас и татко му ќе си го крстиме, по наша желба нормално. Фала Богу и кумовите ни се баш кул, иако не се млади, средовечни се да кажаме. Ама разбирање взаемно си имаме. Во ред е да се има почит и се останато, ама се во граници на нормала. Моите се кумови на куп деца, на ниедно немаме изберено ние име. Нормално дека одлуката е на родителите. Само едно по мене си крстив. Се шалам. Нивна желба си беше.
Прекинувањето на кумството не би било баш едноставно, особено не во мојот случај. Не би сега овде да навлегувам во детали, ама не би прекинала кумство старо години наназад, кумство од старана на ММ, кум кој го крстил ММ, би расипала односи помеѓу старите кумови, искрено јас не би можела да се носам со таква одлука! И конкретно за откажување на кумот нема да имам подршка и од ММ, оти нему сепак му е од значење тоа што кумот кога му било најтешко финансиски не не откажал а ние сега да го откажеме заради име. Со ова и мене ме убедува да барам други начини за да си исполниме желба, а идејата да го откажеме кумот отпаѓа. Од друга старана пак не ми се попушта за името! ММ вели кога ќе се роди бебето како маж со маж да си напраат муабет и да види што ќе се случи!
И јас сум за тоа мајката и таткото да си го одберат името. Ние сами си го одбравме. Ок кум и почитувам, ама пример да ми ставија име што не ми се допаѓа, би им кажала искрено дека не се сложувам.
А што ќе се случи ако се прекине кумство? Прашувам оти мојата кума не сакаше да го крсте брат ми, инсистираше на тоа нејзиниот внук да го крсте, а моите не дозволија. Прво оти не го знаеја баш внукот на кумата,а второ оти кумот кој е починат имаше желба да крсте машко.
Нашол, па зашол! Глупости невидени. Ако сакаш да му покажеш почит не значи дека може да се изживува со тебе и да пресудува ТВОЕТО дете како ќе се вика. Ако ти како родител немаш желба за име, па еве кумот нека каже (како што некогаш постарото дете кажува како помалото да го крстат), во ред. Ама јас да кажам како сакам детето да ми се вика и некој да ми преправа (освен таткото), ќе му ја покажам вратата. Еве јас сум кума на дете каде по свадбата кумот сам се откажа од кумството од свои лични причини. Па на кумашинчето ништо не му фали што неговите менувале кумство.
Јас лично сум кума на едно девојче. Бев тинејџерка кога се роди бебето и таткото ми дојде дома по име,без притоа да ми каже дека имале желба да се вика сосема трето име од тие што јас им ги напишав,ситуацијата беше и повеќе од глупава,јас пишувам имиња,се возбудувам барам модерни имиња,тој си молчи,се смешка и си замина со ливчето со имиња. На крај не се ни јави да каже што одлучиле,јас нели дете не се замарав толку,им се јавуваат моите а од нив ни трага ни глас можеби еден месец,и си кажаа дека избрале име по сопствена желба(не од моите)не им се налутив искрено,само ми беше глупаво што ме натераа ем да им напишам имиња,а имале желба да се вика поинаку детето,а ќутеле цело време,и не се ни јавија да го кажат името. Си го сакам детенцето како негова кума,си го крстив и благословив,сега е веќе големко девојче Искрено ова дека кумот треба да го даде името е една стара традиција и обичај што не мора да значи дека во секој случај морално е да даде име кумот,факт е дека треба да се има договор и разбирање од двете страни... Е сега,кај нас кумството се сваќа само како обичен чин на крштевка или обично давање име на детето и чукање во гради "како јас сум кум,и името или ќе биде по мое или одкажувам кумство" Кумството е многу подлабоко,кумот го претставува детето пред Господ,односно го застапува како една врста на духовен родител,потребно е кумот да се моли за детето често,па ако не дај боже детето остане без родители кумот треба да ја преземе одговорноста врз него. Ама да бидам искрена,не познавам вакви типови на кумови,туку само оние погоре наведените кои се чукаат во гради дека тие морале да го дадат името.
Јас еве дури сега, од коментарот на @Rama погоре дознавам што значи кумството, досега не сум знаела. Друго што имам чуено (не знам колку е точно?) е дека се пренесувало генерациски? Еве мене тој човек кој ме има крстено го имам видено само еднаш во живот (кога имав околу 12-13г.), и тоа случајно поминувајќи на улица со татко ми, тој застана да прозбори со некого ради реда, и откако тој некој одмина татко ми ми кажа дека ми бил кум. Значи јас тој човек го немам видено во живот (таа една случајна кратка средба не се рачуна), ниту знам кој е, ниту знам што е, и утре другиден треба пак да ми е кум? Не би рекла. Воопшто не сакам обичаи и традиции, и сум рекла милион пати, и пак ќе повторам - на мое дете само јас ќе дадам име, никој друг. Заеднички договор со таткото на тоа дете се подразбира, но друг да ми се меша во штипки теоретски шанси нема. Ниту имиња од родители, баби и дедовци, ниту рандом забелешки од било кој не доаѓаат во предвид. Кој и да биде кум, ќе крсти со име кое јас (со таткото) ќе си го одберам.
Во некое друго време можеби и навистина било така, ама денес, доколку нешто им се случи на родителите, одговорност најчесто превземаат бабата и дедото или поретко сестра/брат на мажот или жената. Не сум слушнала кум да израсне нечие дете. Еве јас таа духовна поврзаност не ја чувствувам, и иако имам бескрајна почит кон моите кумови, истата почит ја имам и кон старосватовите. Тие се пријатели на моите родители и толку.
Што се однесува до моментот дека кумот е духовен водич на детето, таа е идејата во христијанството. Во текстот што кумот го чита во црква е напоменето баш тоа. Ако на детето му треба некогаш нешто, да има кај кој да се обрати. Од таму и логиката кумот да го даде името, за да има и нешто негово во детето. Оф топик, кога мене ми дојде редот да читам, има дел кај што се вели три пати : Се одрекувам од сатаната. Како страшен неверник, ќе пукнев од смеење. Интересна ми беше цела таа симболика, како и да е. Јас мојот кум речиси воопшто не го гледав низ животот. За разлика, кумашините (кај што татко ми е кум) и ден денес сме куќни пријатели. На една кумашинка јас и бев и старосватица кога дојде време. Ама мене кумот ми бил од старо кумство, а татко ми бил кум пошо тие му биле пријатели од младоста. Затоа треба да си бирате кум што сакате да ви биде близок во животот.
На маж ми другар ни беше кум за венчавката и синот негов го крстеше првото наше дете што имаше проблем поклоните не им се допаднале (скапи што за себе не би си ги дозволила на нив им ги купив , ама не им било по вкус , мхм, ок ) и ајде за второ од старт ќерката ќе го крстела второто ,ок, ајде така нека е , ама почна да додева за име , тресна име што од малечка децата со такво име ги задевав што не ми се допаѓаше , на културно и кажав дека не ни се допаѓа името ни на мене ни на маж ми , а таа кажа дома нарекувајте си го како сакате јас во црква ќе си кажам како сакам и толку беше , маж ми се јави на другарму (кум) и одкажа кумството , па си најдовме друг кој не прави никакви проблеми со имиња ниту пак ни дава услови кој кај да иде и што да прави фала му на Бога живи и здрави ми се дечињата , ама тој предходниот кум беше млад исто и женаму што не очекував до толку старо размислување и терање по традиции и свашта , не сум неверник ама традиции ужасно мразам сепак мајката и таткото се тие кои го растат и нарекуваат по име детето 24/7 , и не ми има смисла тоа да се става име кое не е по желба на таткото и мајката .
Со разбран човек има секаква разбирачка за секаков муабет. Со не разбран човек нема ништо. Тоа е поентата. Ние со кумовите не сме од вчера туку од мали нозе. Т.е маж ми. Маж ми и кумот наш се знаат 30 години, израснаа заедно па и навиките и културата и начинот на однесување и се што еден човек карактерно и не карактерно може да поседува тие двајца го имаат на ист начин. Уште од мали во средно си се имаат заречено. И да, кај нас се е со договор и без никакво лицемерие. Кумата вели јас планирам вака и вака ти чини или не ти чини исто и ние. И за поклони и за име и општо за се имаме искрен муабет фамилијарно. Таков човек никогаш не би се покајала да ми биде кум бидејки цел живот е со нас, го знаеме и познаваме многу добро и баш затоа си се фативме за рода. И да, за било што не дај боже тој ќе е тука, па и за самото дете за било што. Цврсто сум убедена во тоа.
Ви го должам расплетот на мојата ситуација околу името на бебето, оти ја отупев овде на темава со мојот проблем. Веќе се реши, ама не во наша корист. Кумот се предомисли и си посака друго име кое за среќа ми е поубаво од неговиот првичен избор. Не не ни праша дали ни се допаѓа , само горделиво нареди дека ако сакаме тој да биде кум тогаш неговиот збор е последен. Колку само бев во искушение да му кажам - не, не сакаме ти да бидеш кум. Истите проблеми ги правеле и кога го крателе мојот сопруг , одсекогаш биле такви. Доброто е што барем новото име ми се допаѓа а лошо е што крајно нечовечки се испонаша во целиот случај. Направивме драма околу името. Планот е да ни го крсти детето,а потоа дистанца. Спомена демек трето дете ќе ни требало па иронично му возвратив - оти? имаш уште некоја неостварена желба која преку нас сакаш да си ја реализираш? уште некое име? Ми замери дека сум била лутка... Можеше да каже и дека сум безобразна, во право ќе беше оти очигледно е колку не можам да го поднесам. Не ја ширам приказната повеќе, само сакав да ви кажам дека се реши и дека далеку поприфатливо име одбра кумот во споредба со првиот избор.
Извини што ќе се вмешам во волку интимна и семејна работа, само сакав да ти честитам на нервите и на смиреноста. Да бев јас веројатно ќе немав кум повеќе. Треба ли мајка/ родители што го создале и ќе го растат тоа дете за таква убава работа да викаат: уф добро е, среќа кумот се премисли- ова име не е толку лошо! Само по пишувањава за човеков изгледа тој само привилегиите од кумството си ги знае а не и обврските. Како и да е мило ми е што конечно се завршиила таа тема. Честитки за името
@snegulkata кога ви рекол дека ако сака да ви биде кум, неговиот збор ќе биде последен, јас би му вратила :не сакам да ми бидеш веќе кум, ќе си најдеме за крштевање друг. Па добро, што му е на тој, да ме уценува, па не би го погледнала, па татко нека ми биде ако сака. За името на моето дете да се иживува. Боже, секаков народ.