Мислев дека одамна прекинал адетот кумот да бира имиња - особено не без дозвола од родителите. Дури и кога ја читав ситуацијата помислив дека сигурно се шегува, за жал не сум била во право. Ова му доаѓа како зезањето кога мм се крстеше во црква пред свадбата (ко мал не бил крстен). За кум го избра најдобриот другар, и цела недела пред крштевката "нагаѓавме" што име кумот ќе даде (а паднаа многу "интересни" предлози) Истиот кум за син ми сосема нормално во ниеден момент дури не се ни шегуваше дека негово е правото на избор.
Навистина @snegulkata алал на нервите Иако и јас сум чоек кој прави мнооогу компромиси, сепак за ваква работа знам и да изманипулирам, да се напраам на Тошо и да го истерам мојот ќеиф ем никој многу да не се налути. Само малку Незнам и моево како ќе го истерам со инаетот на маж ми, ама знам дека од петни жили ќе смислувам начин, нели, ако се погоди да е машко.
Не знам ни како да си го осмислам постот, оти предвреме знам дека ќе звучам како да се правдам дека ете оправдено не можам да делувам врз ситуацијата. Јас баш и не сум некој толерантен човек кога се во прашање за мене битни нешта, искрено и сама си се чудам како успевам да се носам со ситуацијата, освен што сум саркастична и иринична кон КУМОТ (голем) ! Скоро и муабет не му правам, реално и ММ е доста изладен во однесувањето кон него. Џабе тоа какви сме ние, кога не стави во ситуација да сме приморани и согласни со неговиот избор. Некогаш одамна кумот завршил голема работа на семејството на ММ, одовде почнува замката да јас не можам да делувам во ситуацијата! ММ ми објасни и замоли да се воздржам од откажување на кумството, наведе причини кои нему му се битни! Битен ми е ММ, битни ми се неговите чувства, а и второто име не е лошо, сепак не е тоа јас што го сакав! Во право сте, излезе работава - добро што се премисли и откажа од првото име! Искрено си признавам дека оа беше првата мисла кога го слушнав новото име! Камен ми падна од срце, а реков второто и конечно име за ќерка ми ми се допаѓа. Уствари мене секој нареден предлог ќе ми се допаѓаше само да не беше првото име! Проблем е начинот како се изведе ситуацијата, проблем е тоа што не не праша дали се согласуваме, проблем е што до толку е терсене човек што не можам да го смислам (звучам ко кавгаџика жена) и проблем е што ММ има свои причини поради кои не сака да го откаже кумот. Меѓу сета оваа збркотница јас сум среќна што барем именцето ми се допаѓа, а сакавме друго, сосем друго. И така друшки... ај да не ја тупиме со мојот проблем оти веќе станува досадно! Фала ви на подршката, на советите, на тоа што ме читавте како кукам овде! Се надевам дека никоја од вас нема да се соочи со таква ситуација!
@snegulkata јас сосема те подржувам за постапката. Во ситуацијата исто би постапила. Инаку лош е неговиот начин, а не дека е страшно што кумот ќе одбере име, а не вие. Мене да ми речеше кумата(кума имаме не кум), желба голема имам за тоа и тоа име, а името да ми беше ок, а некое од кое ми се повраќа, ќе и почитував желба. Ама она остави ние да одбереме.
Јас и дечко ми сме кумови и сега кумашинката е трудна. Едвај чекам да се роди. За име секако нема да се мешаме, тие се родители и тие треба да си кажат име. Битно е да се почитуваме понатаму во животот, а не јас да им наметнувам имиња.
Јас многу сакам традиции, но сум против тоа името да биде единствено по желба на кумот. Сепак не сум ни да биде 100% избор на родителите, дека и ние родителите некогаш треба да послушаме мислење од страна, дали од кумот, пријатели, роднини, небитно... За еден невестински фустани што еден ден го носиш ќе прашаш 5 другарки за мислење, зошто не па за име на дете што ќе го носи цел живот? Ние со маж ми имавме 5 имиња што сите ни се допаѓаат и не можевме да се одлучиме, па одлуката ја донесоа кумовите. Кога седнавме заедно да ги разгледаме имињата и кога слушнав нивни мислења за некои од имињата сама си го сменив мислењето. Пример мене омилено име ми беше Борјан и многу се надевав кумовите тоа име да го одберат. Но живееме во странство, па многу е тешко со тоа име. Ако го запишеш BORJAN, ќе го читаат борџан, ако го запишеш BORYAN, во Македонија 100 пати ќе му згрешат документи. Тоа јас не го размислив, но кумовите го размислиле, ми го кажаа и беа 100% во право. Кај што сум јас кума родителите сами си одбраа име. Не живеат во Британија, но сакале некое британско име па детето се вика Earl. Пробав како пријателка, не како кума да им кажам дека името е тешко за изговарање, потсеќа на Ear (уво), но тие беа одлучни. И ден денес кога некој ќе праша како се вика детето и кога ќе кажам ми велат "вие сте кумови, зошто такво глупо име сте му дале". Во документи куп грешки им направија заради чудното име, а имам чувство дека и детето како расте, се повеќе ко да си се срами од името. Точно е, мајката и таткото ќе си го викаат цел живот, но и цел останат свет, како другарчиња, колеги итн. па за име треба да се послушаат повеќе мислења. Јас не сум за тоа името да биде 100% желба на кумот, но мислам дека некако треба да учествува во давањето на името. Но тоа се постигнува само со добра комуникација меѓу родителите и кумовите, а не кум кој го гледаш еднаш во 10 години
Јас би нешто од опрема. Релаксатор, столче за хранење, седиште за во кола… Во консултација со родителите што им е потребно. Ова за повојница. На мекици можеш корпа со бебешки работи, влажни козметика (исто консултирај се со мајката може се решила веќе за некоја козметика што ќе ја користи) некоја играчка боди…