Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас мислам срамота е да ја прашуваш невестата дали има потреба од торта, ако сакаш носи, ако не не носи што за мене е глупо да не носиш торта сепак за кума станува збор. Немора да биде голема торта нека биде некоја помала пример како овие

    [​IMG]

    Или како една од овие

    [​IMG]

    Сега знам дека големи трошоци има кумот ама пак ако се согласил да бидеш кум барем се нак си биде као што треба :) А да нема потреба од торта неверува па и да има ако ја прашаш невестат сигура сум дека ќе и биде глупаво да ти рече купи ми торта има потреба. Ова си е мое размислување!
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ако си кум, сигурно си близок со младенците, не е срамота да се праша, има свадби кои имаат огромни торти со 5 или повеќе спрата, и многу пати знам другиве не носат торти,зошто остануваат многу,вишок.
    Знам другарка која имаше свадба од 100тина гости и на кумот му рече да не зима, и со торта од три спрата им остана 1/4тина.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Snow-Queen јас сепак си стојам на тоа дека треба да си има торта без разлика дали ти се блиски младенците или не! Во случај ако младенците несакаат да има парче торта за сите гости многу јасно дека ќе им останат тортите за дома, а доколку си има парче торта за секој гостин да ќе остане но многу помалку. Сестра ми лани правеше свадба и имаше невестинска торта на 3 спрата, од кумот на 2 и од родите уште две торти по на 2 спрата од оние што се еден врз еден спрат и уште 4 други торити и имаше парче торта на сите гости,а имаше 250 гости и за дома и останаа две ипол торти :)
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Ние имавме десерт од ресторанот и плус гратис торта на 5 спрата и затоа им рековме на кумовите да не купуваат, имаше торта за сите дури и остана... Затоа сепак е најдобро да се прашаат младите пред да се купува било што, воопшто не е срамота! :)
     
  5. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Кумата би требало да носи торта, отприлика од оние со цена од 1000-1500ден., значи не многи голема, зависи од градот и слатакрницата. Кај нас рестораните не даваат торта, туку се сече невестинската и ако има потреба и од другите донесени торти. Покрај кумот, кај нас носат торта и сите законити, старосват, девер, плус тетрки и стрини, па невестите си знаат, ако е помала свадбата си порачуваат помала невестинска торта, оти ќе има и од другите да се пресечат. А за стилот, сега гледам дека ги порачуваат сите од иста слаткарница, па да бидат во ист стил и боја како невастинската, па може да се праша невестата од кај е порачана невестинската, ако сака во ист стил да биде и вашата. :)
     
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Кај нас не дозволуваат други торти, а и онака нема зошто кумот да влегува во трошок кога ќе има убава невестинска торта од ресторанот, и уште една во десертот за гостите. Плус после свадбата одиме на меден месец веднаш, па нејќам луѓето да донесат торти што ќе останат и нема ни да ги видиме ни пробаме после :)
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.121
    Допаѓања:
    124.396
    Мојата кума има бебенце моментално 2 месеца ,и ми рече да си порачам од неа торта од нашиот град,каква сакам таква,пошто не живее кај нас,од друг град е.Така да јас мислам дека секогаш кумата си носи,без разлика блиски не,ова она.Не мора некоја огромна да биде,меѓутоа торта да се има :)
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Snow-Queen каде кумот не носи торта, искрено ова прв пат го слушам. На секоја свдаба што сум била кумот носи торта. а Rubiii мене ми се допаѓа црвена торта ( со бојата на љубовта), ми се допаѓа и да биде иста боја со бидермаерот ( доколку го гупуваш ти бидермаерот). а бидејќи кај нас се сече кумовата торта ( не невестинската ) најчесто одговара со амбиентот во ресторантот
     

    Прикачени фајлови:

  9. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    И јас знам дека кумот купува торта за невестата. Во мојот град кумот ја купува тортата која невестата ја сече, онаа големата. Демек од младенците и фамилијата е она десертот кој се служи после вечерата(а најчесто е торта),а другото од кумата за благ да им биде бракот... или така некако беше .

    Според мене пак, доколку се блиски, кумот и младите , си знаат што како им е, нема многу гости може да се земе мала торта, или пак да се поделат трошоците.
    Се е ствар на договор.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не носи.
    Туку:
    Значи може ќе и рече да земе мала,зошто невестинската е голема, може ќе и рече ич да не зима, може ќе и рече поголема да земе.
    И точно е дека, и старосватица носи торта и деверот.
     
  12. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде помогнете ми од каде да најдам убаво украсени свеќи за венчавка и отприлика колку коштаат???
     
  13. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Во сите цвеќари прават и украсни свеќи, цената и е различна зависи каков сакаш да биде украсот со природно цвеќе, со некој украс, зависи од декорацијата цените и се од 150, 200 ден. па нагоре.
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    5.410
    да нас што ќе ни ги китат со природно цвеќе 250 денари свеќа меѓутоа ќе бидат слични со бидермаерот :lol: а со тул без природно цвеќе 150 денари
     
  15. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram si najdov par ukraseni so tul cvetcinja masnicki me kostaa 300 denari :)
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Вака ме интересира дали некој е запознаен дали кога ке се венчаме во црква би имало некој проблем со тоа што кум ни се нафати на мажми втор братучед односно крвно сродсто се и имаат исто презиме, тој кум што требаше ни откажа поради финансиски причини.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^Нема никаков проблем, знам неколку примери каде братучеди се сведоци.
     
  18. strumfka

    strumfka Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Девојки ве молам за мислење....
    дечко ми беше поканет (преку стариот кум) да биде кум кај пар кој што не го познаваме. Се мислевме меѓутоа стариот кум кажа дека сакале и младиве па прифативме. Бевме и кај нив да се запознаеме бидејќи бевме поканети за роденденот на малото (имаат детенце) со поклон едно друго. Одтогаш туку кажува стариов кум на пролет на лето сега после сакале да прават и венчавка и крштевка заедно. Е сега на дечко ми му кажа стариов кум 5 до 12 што се вели, можеби и него тогаш му кажале. За една недела ќе биде сето ова а младиве ни трага ни глас. Нели треба да дојдат да те поканат па да им кажеш, да се договориш за поклон, облека за детето. Ништо незнаеме ни дали ќе прават и во ресторан или само најблиските ама баш ништо. Не знаеме како да постапиме, од една страна да откажеме една недела пред венчавката и крштевката ќе ги оставиме на цедило, од друга страна па нив нигде ги нема, знам дека чест му прават прво на стариот кум ама барем да се јават!? :(
     
  19. ubav4e

    ubav4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    здраво феминки :) прифативме кумство кај драги пријатели од скопје па би сакала да знам несто повеке за адетите бидејки ја сум од велес и сум била кума сега пред пола година но мислам дека не се истите адети а и младозенциве ни се млади како нас така да не се многу упатени па ве молам за некои совети ;) позз
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^најпрво честито :)
    а инаку ти во суштина треба да си седнеш прво со невестата и да си разговараш што сака она,кои адети ќе ги прави што како. Како кумови ќе ти за дома кај невестата,кога ќе ве дарува ќе треба нели пари да и пружите. Ти и го купуваш бидермаерот. После за во матично само лична карта. Во црква ќе ти требаат свеќи,материјал и корпа со бонбони кои ќе ги фрлаш кога ќе вртат круг-кога се поклонуваат. За во ресторан ќе треба торта да донесеш и тоа....да бидеш весела кума ;)