Другар на дечко ми го прашал за кумство, и дечко ми прифатил. Така да сега во Мај ќе сме кумови. Искрено неочекувано ми беше, иако се другари од мали нозе куќа до куќа, ама не очекував. Ееее сега ни кажаа дека и официјално ќе не канеле,и нив им рекледека кум се канело во недела или среда и дека они некои од тие два дена ќе ни се најавеле.Они тоа сакале да го испочитуваат. Па...Кажете ми, има ли некој адет тогаш. Или онака само благо и сок/кафе?
Јас колку што знам нема некој посебен адет освен кога ве кант за свадба нели се носи ракија во украсно шише и на тоа шише се остваат пари и кумот и кумата пробуваат од ракијата , а другото е твоја желба со што ќе ги пслужиш
а што мислите,може ли во матично да имам друг кум или старосват а во црква други,бидејќи сакаме порано да правиме регистрација,а сеуште незнаеме кои ќе ни бидат кумови па да си викнам само сведоци во матично колку да се потпишат а?
Ние кога отидовме да го каниме кумот,зедовме едно виски една бајадера ,може и обична ракија и бонбони јас како што ми кажаа за покана носење се кити шише а не за да го каниш кумот,али небитно е тоа. Најинтересно беше што нетребало одма кумот да прифати да рече да ,кај нас беше епа ние дојдовме сакаме кум да ни бидеш ,да не венчаш деца да ни крстиш и на прашањето дали ке сакаш кум да ни бидеш кумот викаше чекајте кај брзате,и после пак не прашуваше а вие за што сте дојдени и ние зачудени дека другари од детство викаме што не мавта сега али тоа некој адет имало и така три пати и на крај ја крена чашата и вика епа ај на здравје нека ни е кумството . Ете кај нас така неочекувано и интересно беше канењето за кум.
Сноу,тие кога ќе идат да ве канат кај нас барем е така треба да донесат погача,бомбони и шише вино. Вие нив ништо не им давате туку од погачата што тие ќе ја донесат треба да се врати на кумовите и едно шише обична вода.А за послужување, тоа веќе е ваш избор. Знам дека треба да дојдат дури е дење и да си отидат пред да се стемни надвор.
ние да ви кажам кога ги каневме кумовите земавме само виски од кое се направивме лом не теравме баш никакви адети. Беше топло си седевме до касно они имаа направено мезе и едноставно излезе топ седенка со повод.
Погоре форумџивките ти кажале што како одат адетите,истото и јас го мислам,и го знам. Е сега знам дека кафе не се давало,што било само да не е кафе.
Добро поминавме вчера, смеа муабет...се како што си е редот. На масата имаше ордевер со сувомеснато,ајар, мини пици, кифли, печено пилешко, благо....и пиење. Се беше супер. А тоа дека не требало кафе, е не го испочитував. Сметам дека штом не се знае зошто не требало значи рекла казала
Кај нас кума ни беше моја другарка. Од страна на маж ми сите не одбија за кумови. Старо кумство не доаѓаше во предвид, затоа што маж ми не контактира со старите кумови.
Најверојатно ова е тортата што ќе ја нарачаме за свадбата каде што ќе сме кумови, само за бојата уште не се знае, бидејки кумашинката уште не се одличила.
^ Честито кумство Сноу И тортата е преубава, незнам што ќе ти одбере кумашинката ама мене во боја ми е поубава отколку еднобојна целата
Фала. Инаку,јас ја прашав и за модел, големина...и свеќи,бонбони,перниче, за се. Она ми рече дека само бојата ќе ми ја каже, и се што ќе изберам остава на мене. Единствено бојата да се запази. Па ќе видиме.
Прашање до оние кои имаат екстензивни познавања во однос на кумството, Лани правев свадба и нормално си викнав кум е сега кумот мој сака и јас него да му бидам кум ... Дали е ова можно т.е. дали е исправно? Јас не сум венчан во црква затоа што сум атеист(ама сум крстен баба ми ме крстила кога не сум бил многу мал), а мојот кум најверојатно ќе се венча во црква, дополнително што ако и јас еден ден решам да се венчам во црква?
Колку што знам, не би требало да си бидете кумови меѓусебно, ама ако стварно сакате така, не дека некој ќе ви преправа. За венчавката знам дека е потребно сите да се крстени. Значи и да се венчаш и да бидеш кум, треба да приложиш крштеница во црква (така да со тоа нема да имаш проблем бидејќи си крстен).
Имав ист ваков пример во друштвото. Кога двајца другари сакаа и едниот на другиот да си бидат кумови, исто како вас. Прашаа и им рекоа дека не е во ред, неможе. Е сега секој си знае за себе, може и да се лаже, да не кажеш дека си му кум, меѓутоа ако се гледа како е правилно тогаш не може. Објаснувањето на попот беше следново "кумот за тебе претставува духовен татко, да те води и поддржува низ животот, а ти си должен да го почитуваш како татко, е сега ти на твојот духовен татко неможеш да му станеш татко" Исто така моја другарка и беше старосватица на друга другарка и после сакаа па таа да и биде кума нејзе. И така не одело.
Спорен мене старите кумови треба да бидат свесни и да одбијат бидејки се знае младите си имаат свое друштво и би сакале некој другар да ни биде кум.Но греота е да се одмине стар кум да не се праша би требало да се праша но тие треба да се свени и да одбијат и да си бараат млад кум.
Ние вчера им купивме лежај од саем за мебел. Самите си биле виделе, си одбрале, и на крај му се јавија на дечко ми. Уште подобро.