И јас имам сличен пример во семејството. Двајца другари, едниот му беше старосват на другиот, а овој пак, му беше кум на првиот. И тие се мислеа дали може или не може, прашаа во црква и попот им дозволи. Ама овде се работи за кум и старосват, а за кум и кум не знам
Кум и кум не може. Според црквата, тоа не било убаво. Кум и старосват може, како што наведе ти во примерот.
Бевме кај старите кумови и прифатија, но за ќерка им. Таа е 5/6месеци постара од дечко ми. Искрено колку бев скептик, толку кумата ми остави многу убав прв впечаток и позитивна енергија...се надевам дека ќе се роди едно убаво пријателство.
Нас кумот ни живее во Белград за две недели доаѓа тука и тогаш она официјално ќе е дека ќе ни е кум, е сега кажете ми како да го пречекаме, да го однесеме негде на ручек, дома да направиме нешто?
^^^Jас колку што знам за мојов крај, може Тоа е почеток на една нова врска, ако не сте блиски ќе се зближите, ако сте, усте подобро, бар ќе се испоштувате
Феминки ми треба помош. Ќе бидеме кумови за прв пат за некоја недела и неги знам точно сите адети и работи што се наши, кумски задолженија. Знам само дека треба да се плати венчавањето во црква од кумот, свеки да се купат, материјал, торта од нас и толку... друго нешто да не има?
кумата го купува и бидермаерот ! бар кај нас е така.... за ова другото што го наброја е исто дел од трошоците на кумот... Со среќа кумство!
Ме интересира дали сестра ми може да биде моја кума? Таа ми беше сведок во матично. Дали може жена да венчава или мора машко?
да,а зошто мислиш да не може женско кума да биде Cамо мислам дека треба да е крстена,за да може да крштева или венчава.
И јас мислам дека може, ама ми се запнале дека кума не венчава туку кум , ми останува да го прашам попот.
Може женско да венчава,небитно дали е мажена или не,само да е крстена ама ова сестра да ти биде кума??? незнам,до сега не сум слушнала вакво нешто,прашај си поп за сигурно,сепак нелогично ми е некако сестра да биде кума,незнам зашто.
Сестра не може да биде кума, но може да биде старосватица. Кумот (кумата) не треба да е во крвно сродство со невестата и младоженецот.