Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    4.606
    Пол:
    Женски
    Според мене, мислам дека е најдобро да не се замараш многу со нив. Држи ги на растојание, еден ручек тука и таму, некогаш вечера кога се мора, и тоа е се. Не им префрлај, поќути си, остај ги индиректно да сфатат дека со некултура, понижување нема да постигнат ништо друго освен заладување на односите. Можеби ќе сфатат дека со такво однесување не се постигнува ништо, па ќе се поправат, но ретки се луѓето на кои откако ќе им укажеш дека грешат, те сакаат и ценат повеќе.

    Сепак, тие се кумови и треба да се почитуваат, но за да има хармоничен однос меѓу вас, би требало взаемно да се почитувате, нели?

    Не си ја троши енергијата и времето со нив, гледај си го мажето, опкружи се со позитивни луѓе околу себе и уживај си8)
     
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Кај нас е старо кумство, мислам дека уште баба му кога се мажела на дечко ми, па татко му и мајкаму, па сега синот на стариот кум нас ќе ни биде кум, многу се фини имаат сега мало бебенце - кумиче :D
     
  3. Ivonceto

    Ivonceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дали може да ми каже некој што бил кум/кума кои се обврските на кумот/кумата, што треба да купи за кај зетот, за кај невестата, за венчавката, за свадбата. Дали дава злато на младите? На невестата треба да се купе превезот или бидермаерот? Ве молам да ми објаснете се како идат тие работи. Ви благодарам однапред :)
     
  4. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.068
    Пол:
    Женски
    Ивончето во секој град различно па дури и во ист град има различни верувања од слушање вака треба така треба главата тапан. Кума не сум била до сега ама кумот мој ми го купи украсот на косата бидермаерот не то е обрска на деверот кај нас во бт. В црква носеше вино погача материјал крпа свеќи украсени и бонбони со јачмен и ситни пари за кумата да фрла по нас со нив за бериќет. За алато немам слушнато да дава кумот ама не знам можи некој практикува. А за кај мажот ми ништо не носеше мислам.
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Колку одприлика е нормално да се поклонат пари на кумот?
    100 евра или малку е? :/
     
  6. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.068
    Пол:
    Женски
    Општо прифатена е таа сума некако некој дава повеќе секој според можностите.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  7. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Ме интересира конкретно кои се обврските,сега на 3 мај сум кума кај другарка.
    Знам за свеќи и платно во црква,исто нели и некои 2000 ден што се плаќа,исто и торта во ресторан.
    Нешто друго освен ова,дали кумата носи бонбончиња во црква со парички,дали сеуште мора прасе да се носи,ајде женски кажувајте што знаете.:)
     
  8. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам, бидејќи се спремам за свадба, кумот носи две свеќи и платно за во црква и плаќа 1500-2000 денари во зависност дали венчавката е со еден поп 6000 ден. или со три попа 7000 ден. На свадба сум видела дека при венчавката во црква, свекрвата и кумата ги фрлаат бонбоните кога младите кружат. Во однос на тортата, многу ресторани сега бараат да биде тортата исклучиво нарачана од слаткарница со која тие соработуваат или пак може самиот ресторан да има слаткарница заради заштита. За прасе не знам, може некои места сеуште го практикуваат. Ние на свадба такво нешто не сакаме. :) Во секој случај, треба да си направите муабет со младите. :)
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    2 свеќи, платно, бонбочиња за во црква.
    Бидермаер за невестата и толку. Од обврските за дента!
     
    На violetmoon и bussines-woman им се допаѓа ова.
  10. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Бидермаерот секако! Незнам дали се зема предвид и ова: да се остави пари на музиката, да се прати за да се земе невестата...Најдобро е да псотои договор и компромис меѓу младите и заковните, да нема лутење и префрлање откако ќе заврши свадбата.
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Dali znae nekoj sto se nosi na mekici kako kumovi?
    Izvinete lat od mob. pisuvam
     
  12. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Нас кумовите ни донесоа благо, а ние кај нашето кумашинче однесовме торта, балон и мече за малиот
     
    На Melinara му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аматиел14

    Аматиел14 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Едно малку глупо прашање...
    Срамота ли е кумата да носи само еден фустан и преку ден и во ресторан? :?:
     
  14. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто страмота. Гардеробата е твој личен избор :)
     
    На Аматиел14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Многу сте ја надувале работава околу кумството, да ве чита некој што го канеле за кум ќе се извади од памет:D:D
    Ако некој бара кум ради пари и поклони...ич нека не бара кум.
    Важна е блискоста со тие луѓе, а не утре очи да неќете да си видите.

    Стариот кум на мм е починат, така да ние си каневме за кум наш пријател со кој што сме многу блиски, кума сеуште немам.
    Значи се се прави со договор доколку се сака, во однос на финансиите.:!:
    Нас ни беше битно човекот да е присутен и да не венча, седнавме со него и разговаравме дека не му е обврска ништо од тие работи горе што сте ги навеле да купи, знаеме како стоиме финансиски и ние и тој, не се расфрламе со пари и не го каниме за кум поради пари и поклони, битен ни е тој!
    Ниту материјали за во црква, ниту бомбони(свекрва ми правеше), ниту торта (имавме вишок торти што носеа луѓе, ги поделив на три куќи кај нас дома, кај свекрва ми и кај мајка ми)....ниту да плаќа нешто...
    Поради негов ќејф дозволив да купи бидермаер и свеќи...дури и да не купеше неговиот поклон беше и повеќе од доволно!

    Една работа страшно ме нервираше после свадбата - сите луѓе околу- 8-|вакви беа со очите 5 банки8-|- бргу бргу да дознаат што ни купил кумот за подарок за свадбата(facepalm)(facepalm)

    Мислам луѓе...дај стварно ....(facepalm) нема секој толкав стандард, што се тие ненормални суми што сте ги навеле во темава 1500 евра кумот потрошил ??....
    Па мене цела свадба 3000 евра ме кошташе вкупно од двете страни.

    Ако некој сака да се чалами пред народ може и 5000 евра да потроши како кум...ама тоа е негов проблем...ништо не е ОБВРСКА на кумот да купи ова или она...
    Се се прави со договор, нема тука срам -несрам....ако ви е незгодно да седнете на разговор и договор со тие луѓе тогаш не сте за кумови или да ви бидат кумови!! :!::!:
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На darcy, Fatalnata, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Нит скап поклон сакам од кумот нит дарувам кум
    Тоа е мој став
    И така беше.
    Отворено си кажав дека не сакам да се оптеретуваме со поклони и доволно е да купат нешто како за на свадба ама да не е прескапо.
    На што личи циркусијадата што се прави , незнам,
    ММ знае да ми рече - да имаш многу пари и ти ќе се оденсуваш така ,,циркуски,,
    Незнам баш...
    Не сум тип на човек што ствара обврски.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.696
    Допаѓања:
    38.365
    Пол:
    Женски
    Треба многу да се внимава кого да се одбере за кум. Со кумот треба и после свадбата да се има супер однос, а не само кум колку за свадба и толку. На нас ни беше кума моја другарка. Имаше обиди од свекрвата друг да ни биде кум, ама ние не сакавме. Што ќе ми е кум што ќе го видам само на свадба и никогаш повеќе. Лошо е што во денешно време луѓето тешко се нафаќаат да бидат кумови. Ги разбирам. Трошок е да се биде кум.
     
  18. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски

    Се сложувам со тоа дека подобро е младите да си одберат кум, отколку да им наметнат постарите некој со кој нема да се видат после свадба ниту еднаш. Но, не се согласувам со тоа дека е трошок е да се биде кум. Ама кај нас за жал, кога некој/а прави свадба, одма се размислува дека овој треба да купи ова, оној треба да купи она. На крајот на краиштата викаш некого да ти биде кум/а не заради подарокот што ќе ти го даде, туку затоа што го чувстуваш за близок/блиска, со кој/а ќе ги делиш убавите и неубавите моменти во животот. Зар мора кумот да купува подарок од не знам 200 и повеќе евра? Според мене ич не треба да ми купува поклон, нека биде само на свадба на тој најубав ден. :)
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Кумот не е само за свадбата и готово, кумот и за кога ќе се има деца да ги крсти, затоа се смета за трошок.
    Еве и да не купи подарок за свадбата си има други трошкови, плаќање во црква, материјали, бидемаер, значи и без подарокот има 100-тина евра трошок, ово без нова облека, фризури итн, затоа не се нафаќаат веќе луѓето да бидаат кумови.
     
  20. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тоа дека кумот/кумата не е само за свадба, апсолутно. Нормално дека утре ќе крсти дечиња, но зошто воопшто да му/и се наметнува обврската да купува свеќи, платна, бидермаери и други работи и да плати дел од венчавката во црква?Сметам дека воопшто нема потреба. Ќе повторам пак, кумот /кумата го/ја викаме за да ни направи чест, затоа што е човек што ни е близок ко брат/сестра, а не за да ги плаќа давачките.