Ние ќе правиме свадба,имаме стара кума која уште одамна кажала дека не може веќе да оди кума зошто е стара и болна,но јас сепак сакав да ја прашаме како би ми била совеста чиста.Има само ќерки,па мислав дека можеби некоја од нив сака да биде кума,се јавивме кај неа ни даде благослов да бараме други кумови.Јас знам дека без благослов од старите не смее да се бараат други кумови.
Точно,но од мала ми кажувале дека не се откажувааат кумовите,тој крштениците смее да ги откажи а крштениците кумот не. Исрекено мене би ме јадела грижа на совеста.Можеби затоа што знам неколку случаеви кои не завршиле добро.Секој си има свое право само споделуваме мислења.
Јас бев старосватица кај блиски пријатели, но бидејќи со кумот ги прекинаа односите ме прашаа дали јас би ги крстила децата и така и направивме.
Женичи ве молам за уште едно мислење.Пошто пишав во претходниот пост дека немаме веќе контакт со кумовите,ќе си најдеме друг. Е сега дали е во ред да ги прескокнам старосватовите..моја замисла беше малото да го крсти сестрами,значи све на наш трошок-црква,облека за малово,само некој да го држи во црква,а и од сестрами не ми е срам,ќе им купам нешто поефтино на сите 4..додека старосватовите т.е.старосватицата(супер стоиме)ми кажуваше дека многу се заглавени испотрошени-реновираа,доградуваа и не сакам да ги ставам во трошок,а и со нив малку поскапичко ке поминам(и таму се 4)..а не сум нешто многу да се расфрлам.. Ве молам за совет
Само да знаете дека тоа со кумството е измислено од народот... дека кум не се откажувал. Во црква ич не им е важно кој ти е кум, само важно е да е крстен православен христијанин. Ние имаме разговарано со свештено лице, и ни беше кажано дека тие адети се измислени од народот и немаат врска со православието, во смисла - во ред е да си го почитуваш и каниш стариот кум, ама тоа не значи дека ако си земеш нов кум ќе те казни Господ и ќе гориш во пеколот. Една форумџика погоре рече ако се земело нов кум не било на арно. Кај нас поарно здравје. Кумата моја била прва другарка на мајка ми, уште ден денес си живееме, и еве не не казнил Господ, и моиве не се разведени, јас не умрев, не се разболив и незнам што. Ние за кум си зедовме другар на мм, и еве гледам не сме казнети уште, арно си е се... Смешно е несреќите на луѓето да ги поврзуваме со одбирањето на кумот. Јас знам многу несреќни во брак и со деца што го имале стариот кум, па зарем да им правам шубиња на луѓето да не одбираат стар кум????
Несмееш за кум/а да одбереш некој што ти е во крвно сродство, а исто така и старосватите неможат да го крстат малото, сепак тие си се старосвати.
Точно е дека може крвно срдоство да биде кум. Ако си ја знаете религијата, ќе знаете дека Св. Јован Крстител му бил братучед на Исус, а тој го крстил и се смета за негов кум. Не слушајте баби, прашајте си поп.
И јас мислам било кој може да го кристи, пошто ете има многу примери од порано кога имале 6-7 деца, најмалото кога ќе се роди обично најстариот брат/сестра го крштевало. Исто пример и за мајка ми, во последен момент откажале кумовите, а се било спремно за крштевка и баба и (мајка на мајка и) ја крстила. Мислам нема врска дали сте во крвно сродство.
На крштевка никој од црквата не прашува за сродство или старо/ново кумство, само дали кумот е крстен.
Ќе може ли некоја феминка што била кума да ми каже што поточно прави кумата во црква, освен дека треба да го држам детето, ништо друго не знам, па да не се избламирам.
Здраво сакам да прашам ,ке бидеме кумови со дечкото ...па ме интересира освен свеќи материјал ,црква плакање ,бидермаер ,торта ... друго нешто имаме ли обврска да носиме ? Слушнав дека некој носеле и бомбончиња во црква со жито и паричка ...треба ли и јас да правам такви ? Поздрав
Па како сакаш, јас кога бев кума носев и фрлав во црквата кога вртеа и плус кога излегоа надвор. Заедно со мене фрлаше и свекрвата. Прашај ја кумашинката најубаво што ќе ти рече, мојата ми рече како сакаш
Се сложувам со тебе старо со вековикумство го венчал братму се развеле... кумата уште од почетокот незадоволна со даровите за возврат од невестата за свадба крстевки... и сеа кога ние би правеле свадба да сме ги прашале дали сакаат да ни се кумови..? епа искрено јас не ни помислувам но како да му објаснам дека во ред е да ги покани но немора истте да не венчаат а тоа што со години не контактираат е плус... сОВЕТ???
Srcki malku pomos. Kuma sum, pa da si prasam da ne zaboravam nesto Ukraseni sveki Materijal (kolku metra i kakov) Krpa golema Bomboni za frlanje Ukras za kosa za nevestata Torta Pogaca Vino Blago Cveke Plakanje vo crkva Da ne ima nesto plus, konkretno za Bitola pras
Девојки, сега треба да бидам кума па ако ако може да ми кажете колку метри треба да биде материјалот и дали треба да ја прашам невестата каква боја сака? и дали знаете како се движат цените на бонбоните што треба да се фрлаат во црква? и да ми предложите од каде да ги порачам