Пред се треба да ја прашаш невестата какво материјалче сака бидеќи таа после венчавката ќе си сошија нешто, исто така и ќе се договорите колкаво да биди. А и да прашаш Во продавница за штоф ќе ти кажат. Но некни гледав на една свадба кумата имаше мн убава крпа (голема) со извезани нивни иминја. А за бонбоните зошто да фрлаш толку пари кога можиш дома да си ги направиш. (ако имаш време )иначе во секоја цвеќара прават.
Kako go zaredi. Ostana uste da im ja platis svadbata. Ne nemam sala. Nekoj te kani da mu bides kuma ili da mu napravis svadba. Do kade otisle rabotive, Ccccccc Lugeto izmisluvaat obicai samo od alcnost. Kao adetot e takov, a jas ne, nesakam nisto.
Можеби затоа што тоа се обичаи кои барем 100 години постојат? И обичаите ви сметаат, Бог да чува..и да брани Кој сака нека прави свадба со обичаи, кој сака без, нека прави без.. Кој се нафаќа да биде кум/а, уште однапред ги знае обичаите, НЕ СЕ денес измислени!!!
Сметаат, кога коштаат цело богатство. Тие адети се измислени од луѓето и немаат врска со православието и кумството. Ако не ви донеси кумот и благо, и торта, и шноли, и поклони, вина, и без да лепи илјадарки на музиката ќе ви пропадни бракот, а? Што побогат и подарежлив кумот, поубав ќе ви е бракот? Од вакви алчности, адети биле, луѓе кредити креваат за кумови.... срамота
Kazi mu na maz ti on da si go resi problemot, namesto ti da mu ja mislis. Nemora da se smiruva, neka si zeme blagoslov od stariot kum i barajte drug kum.
Видете вака... кумството е вака по традиција со давање поклони уште од времето кога немало кредити да се креваат. Сепак Кум е Кум и е најголема рода шо се вели на младенците. Животот на младенците кои заедно зачекориле во светот почнува од Кумот. Потоа Кумот ви дава име кое вие го употребувате цел живот. Да кумството е скапо и свето.
Koga decata gi krstevaa popot rece deka kumot e toj sto treba da se grizi za decata sekako posle roditelot.Nemora skapi pokloni koj rekol skapi pokloni toa nie si.go izmislivme pogaca zamesi doma materjalce obicni.bonboni ne bi.kostalo celo bogatstvo
Кумот треба да се весели само друго ништо. Шала на страна, се плаќа 2000 ден. Друго што треба е материјал, свеќи, бонбони за фрлање и торта.
Зависно од типот на свадбата класична со адети или помодерна и секако договорот со млдоженците. За во црква јас еве пр бев старосватица не плаќав а ниту кумот плакаше, младите претходно си го има тоа средено. Исто ни напомнаа да не носиме свеќи украсени тие ги имаа украсено да одговараат со бидермаерот и китенките. Во црква само платно носеше кумот, исто и јас. Кај невестата цвеќе само, бонбони за частење во матично и главниот поклон нели дали во плик дали нешто купено во договор со младоженците. Торта исто не носеше кумот, јас знаев дека треба па носев ама ни нему никој не му замери Доколку е класична свадба со адети кумот треба да носи свеќи, платно и да плати во црква околу 2000 ден. Плус поклон нели, цвеќе, торта, бонбони и да се весели и да става пари на музичарите пошто нели главен е по него одат Негде знам дека го купува и бидермаерот.
Кај мене баш така беше. Кумот не беше задолжен за ништо, само да се весели. Мислам дека само во црква платија со свекор ми по пола и толку. Торта, бидермаер, материјал се јас си купив.
Женски имам едно прашање. Кумот знам дека носи торта на свадба. Но последен пат кума бев пред неколку години и не знам како е сега,дали е тоа свадбената торта која ја сечат младите во ресторанот или тоа си зависи од ресторанот каде ќе ја прават веселбата. Како е во повеќето ресторани? Слушнав дека тортата,свадбената требало да биде од кумот,па затоа да ве прашам.
На сите свадби на кои сум била јас има три торти: една од младите, една од кумовите, една од старосватовите. Исто, на најголем дел од свадбите, кумот и старосватот носат и прасе (овај бише).
Фала ви женски,кога ми спомнаа дека свадбената торта ја носел кумот,ми се заврти во глава,ќе требаше да нарачувам торта од 300 парчиња. А прасето го заборавив,со јаболка во уста.
Најдобро е да збориш со младите, прашај ги како планираат. Ама сигурна сум дека на сите свадби кај што сум била, имало 3 торти. Инаку, не ти треба толкава торта, онаа на младите е најголема, на сведоците се помали. Во принцип никогаш не ги сечат целите торти, нели, на крајот на вечерта се сечат тортите и оние гости кои сакаат, доаѓаат до главната маса и си земаат торти. Во самата порција има десерт за секој гост (преку лето најчесто сладолед).
Орхидеја, младите нека прашаат во ресторанот. Некои ресторани не дозволуваат внесување торти од надвор (заради хасап систем), така да они соработуваат со нивни проверени слаткари и тие ја обезбедуваат големата торта која се сече по вечерата. Затоа, прво тоа нека проверат па после договорете се што вие ќе носите.
Ќе се договориме,тоа сигурно,ама сакав да си прашам какви искуства имате. И кога веќе почнав да прашувам,да проверам. Торта,бидермаер,свеќи и платно за во црква,китење на кола,поклон во плик.Да не заборавив нешто?
Тоа заборавив да споменам, на некои места не е дозволено внесување торти од надвор. Инаку - тоа е. И бишето што го споменав, повторно доколку салата дозволува да се внесе. За китење на кола не сум слушнала, освен ако не сте вие 4ца (според не кои обичаи и деверот се вози во колата со невестата), па вие да ја китите својата кола. За бидермаерот исто не сум знаела дека е од кумот/ кумата, јас знам дека сведоците носат букет цвеќе и пиење.