Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. blueberry23

    blueberry23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Дечко ми беше кум кај другар од детство па и јас неофицијална кума покрај него. Трошоци на страна, јас навистина си поминав многу убаво и ми беше голема чест.
    Дечко ми купи прасе, желба беше на младоженецот мислам. Јас купив бидермаер и торта. Дадовме ние пари, плус неговите посебно. Убаво не испочитуваа младите. Кога не канеа дојдоа со виски, по 100 е на двајцата ни дадоа.
    Јас имам многу убави спомени и емоции од тој ден. Иако месецот имав и други свадби, многу трошоци, нередовна плата се излезе супер на крај.
    Никако да не одбивате кумство доколку имате финансии, сепак тоа е голема чест.
     
    На cresa-jagoda, TutiFuti и toogood им се допаѓа ова.
  2. TutiFuti

    TutiFuti Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    19.170
    Пол:
    Женски
    Еве кај нас ние сами се возрвме со колата кумата запна кумово прасето да било...поклони ние од женска страна даваме на кум ,старосват, девер.....
    А машка страна не
     
  3. mamaJana

    mamaJana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    1.251
    Пол:
    Женски
    Кумашините ќе се регистрираат во матично следната недела ќе им бидеме сведоци, а свадба ќе прават следното лето. Што поклон да однесам на запишувањето?
     
  4. Butterfly01D

    Butterfly01D Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Treba da pravime svadba slednata esen momentalno nemame kum no imame 2 kandidati no onoj sto sakame da go izbereme ne e ozenet nitu ima devojka i zivee so tatko mu zosto majka mu e pocinata. Moeto prasanje e dali e zadolzitelno da se ima kuma na svadba ili moze samo so kum? I uste nesto moze li nekoj da mi objasni sto potocno znaci starosvat/ica? Dali toa e isto kako starejko ili podkum i dali e zadolzitelno? Blagodaram odnapred^^
     
  5. SmartyWifey

    SmartyWifey Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    За во матично ти требаат само двајца сведоци, за венчавка во црква треба да имаш кум и старосват. Улогата на старосватот баш и не ми е јасна.
    Ние се регистриравме во матично есенва со двајца сведоци, едниот сведок си го одбрав јас другиот мм, свадба ќе правиме на лето и за тогаш ќе имаме кумови. Кумот не мора да е женет.
     
    На cresa-jagoda и Butterfly01D им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Јас имам две куми - најдобрите другарки. Не можев да се одлучам за една ниту беше фер. Така да топтан и двете си ги земав. Во тој момент и двете беа сингл. Истите беа и сведоци. Во црква не одам попови не финансирам во овој живот.
    Најбитно е кој ви лежи на срце тој да биде. Тоа е голема чест. Плус партнерите се менуваат во текот на животот така да тотално небитно дали има некој или не.

    И онаа традиција на старо кумство во 2019 ми е смешна. Не си ги видел во живот, а кумови ти се. Се знае со најблиските треба со овој чин да се “ородиш” :)

    Исто и маж бира кум- поглупо здравје. Јас бев во состојба војна да отворам на темата кој ќе ми биде кум во животот.
     
    На Quincy, simona_baby, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    1.774
    Ако не сте се венчале во црква, која тогаш била улогата на твоите куми?
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    53.037
    Пол:
    Женски
    Да се потпишат во матично , на пример
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Исто како и на твоите само што твоите дале пари во црква и се чаделе со саати од темјан.
    Или без црква нема кумство?:)
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    1.774
    Па улогата на кумот е токму таа - да венчава во црква, инаку не знам зошто ти е кум ако не правиш во црква, затоа прашав :)
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    :)
    Македонија вечна.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    53.037
    Пол:
    Женски
    Кој ќе се потпише во матично ако немаш кум ?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    1.774
    Сведоци, но не мора титула кум :)
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    53.037
    Пол:
    Женски
    Аааа значи ако не се венчаш кумот не е кум . Сведок е , така ?

    Ако на свадбата не носиш класична венчаница тогаш невеста си ?! Или како ?
    Де просветли ме
     
    На candy.cane, FreeMind и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    Па да во матично побараа сведоци,а во црква кум/а
    Тие мене што ми се потпишаа во матично беа најдобрата другарка и најдовриот другар.
    А не венча заеднички најдобар другар.
    Ствар на договор според мене
    По старо останало дека кум/а венчава,крштева. Сега можеби тие што не си се венчани сведоците си ги викаат кум/а
    Ама се сејќавам дека матичатот ни побара сведоци а не кум/а
     
    На carangigia и maja8 им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.476
    Допаѓања:
    15.173
    Пол:
    Женски
    Не сум венчана во црква, така што немам кума? :?:
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    1.774
    Кум ти е оној што те венчава во црква (и старосватицата исто), а за во матично сведоците може да се други, не мора кумот и старосватот. Ама сфатив дека вие што не правите во црква сведоците си ги сметате за кумови, така да ок сме :)
     
  18. FreeMind

    FreeMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Нормално. Ако не дојдат од дома со знаме да те земат не си асла македонка. Ако не и речеш мамо на свекрвата ја губи титулата свекрва. И така натаму.
    Живот во кутија.
     
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    46.293
    Пол:
    Женски
    @maja8 јас до сега немам слушнато пар да има различни луѓе за сведоци во матично и кумови- старосватови на свадба.

    Еве да речеме, во моментот невестата е бремена и не сака венчавка во црква, ама подоцна, кога ке прават крштевка на бебето, да речеме, сакаат да стапат и во црковен брак. Во ситуацијава, нови личности ли ке бараат?
     
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    1.774

    Може нови ако сакаат. Сведоците од матично црквата не ги смета за кумови, па не бара тие да им го крстат детето.