Јасно ми е мене тоа, ама ајде ке повторам, до сега немам слушнато некој да направи таков циркус. Зошто некој би бирал 4 различни персони за една иста работа?
@maja8 јас те разбирам што сакаш да кажеш, дали случајно си од Прилеп? Значи секаде има различни "адети" Кај нас во ПП кога одиш да се потпишиш во матично ти треба 2 сведоци,а во црква за венчавање имаш друг кум што те венчава. Пред неколку години бев сведок во матично на пар од К.Паланка и од тогаш почнаа да ме викаат Кума, мене ми беше многу чудно затоа како што кажав кај нас имаш сведоци во матично и други ти се кум и старосват во црква.
Маја убаво те разбира само прави динстикција на црковен кум од кум. Благодарение на тоа во нејзината глава има еден вистински кум од бога даден и нашиве фалшови живи од бога непризнаени )
Погача, благо и вино. Виното можеш да го нарачаш со натпис од страните за персонализирани подароци, можеш да смислиш некоја интересна порака.
Во мојот крај купуваме и подарок за кумот, ама немам никаква идеа, ни колку буџет да планирам ни што да им купиме :/
Кума сум на свадба во јули, и размислуваме што како носи кумот. Дали некоја кума има слики од бонбоните за во црква што се фрлаат да прати слика?
Моментално слика не... но тие во црква се со пченица бомбонче и паричка ... на мојата свадба имаа свекрвата и кумата
Кумова тајфа колку луѓе може да бидеме или се е ствар на договор со младоженците? Има врска парен/непарен број со се кумовите - они се тројца (маж, жена и детенце)?
Да да. Другари, роднини, пријатели, братучеди. Било кои, не мора да се во роднинска врска со младоженците.
Тоа треба да се договори кумот со младоженците. Сум била и јас дел од кумова тајфа (ваљда од исти регион сме) и нема врска парен непарен број. Само со усул да е, да не макне кумот по него уште 10-15 души па да му плаќаат младоженците за луѓе што прв пат ги гледаат на нивната свадба.
СТРАШНО !!! Читајќи ве стварно гледам дека претерано се дава значење на кумовите. Аман, кум е. Не велам кумот зад врата да го клајш да седи ама што е претерано претерано е. И на крај ќе се погоди некој ко мојот (гом*о е комплимент за него) и покрај сите честој нема детето да ти го побара. Свашта
Bash. Bozem kojznae sto. Razbiram pocit (I procitta treba da bide obostrana) ama preterano e, pa duri I tajfa. Koj go izmisli toa? Aj neka zeme so sebe 50 dusi deka kum e.
Ништо не знаеш ти. Какви тајфи имам гледано . УсФет да фанеш Кој сретнал на улица тој го пом'кнал на свадба . Кум ли е ,што ли е