Пишав во другата тема, може да ги преместат мислењата овде. Кумова тајфа е нешто како 'поддршка' за кумот, да не биде кумот сам дошол на свадба, па кога ке го поведе орото да има со кого да заигра и да се расположи. Тоа всушност се блиски на кумот кои младите инаку не би ги поканиле. Не е битно дали се роднини или пријатели. Не е вкусно младите да кажат колку луѓе треба да носи кумот, јер нели, кумот во црква дава пари, крштевка на негов трошок е, па срамота е да кажеш бројка. Кумовата тајфа не носи ни подароци, небитно дали се 5 или 15, младите си плаќаат порции.
Свашта у Београду Кумова тајфа?! Прв пат слушам Во кој дел од Македоничево ги има тие кумови тајфи? Колку само пари се фрлаат по кумови и други законити тоа ти е глупост невидена, па уште и кумот да си собери друштво и да ти ги лупни на свадба
Не знам точно, веројатно секаде, јас сум била и тука во Скопје, а сум била и на свадби во други градови каде имало кумова тајфа.
Некои луѓе немаат ни срам ни перде, такви си се, муфтаџии. Си спијат на тоа уво дека тајфата не треба да носи подарок. Јас кога сум дел од тајфа, секогаш ставам пари да покријам порција. Со празни раце не одам ни на кафе кај другарка, а не пак на свадба.
Кај мене беа уште два пара кумова тајфа. Едниот ми донесоа подарок (и си кажаа што имале дупликат од нивната свадба, симболично вреди 1000ка ама и не ми беше битно), а другите ништо. Не е битно за 1000-2000 ни мене ќе ме осиромашат, ни пак они се обогатија што ги заштедија
Нема кај нас вакво нешто. А ни кумот не плаќа ништо. Тоа по наша желба беше иначе има обичај. А не ни донесоа тајфа. Си беа фамилијарно,4ца се. Сме биле и ние кумови и сме оделе фамилијарно без тајфи и чудби. Колку мала земја, а колку обичаи имаме.
Каква тајфа бре какви бакрачи за ова прв пат слушам,кај нас вакво нешто нема. Да ми дојде кумот вака со тајфа ќе го збркам и него и тајфата,не ми треба може и без него!
Да не одел кумот сам бе оти нема круната кој да му ја држи па треба 30 паразити (кој се дојдени да се најадат и да се напијат на туѓа сметка) да влечка со него. И ај кумот да се занесе и да нема осет ќе сфатам некако (јер кум па нели главен најглавен) ама да одам на некоја свадба каде не го познавам ни зетот ни невестата и гага да јадам и да пијам цел ден ми личи на бедотија до максимум.
Ама ај сега не претерувајте. Адет е во некои градови ова - да се носи кумова тајфа. Исто како што е адет да се игра прасе од кумот, како што е адет кумата да фрла бомбони над младоженците и слично. Е сега ствар на осет е дали кумот ќе помкне 5 -10 или 15 души. И дали тие ќе дојдат со таквото во рака. Бидејќи ако ги прашаш младоженците дали може 15души, 90% од срам нема да речат не може, а дома ќе превртуваат очи. Нас ако не прашаа колку може јас ќе речев 2ца, но кога рекоа ние имаме 4ца не направивме проблем за уште 2ца плус. Ама не е толку трагично и да има кумот некој негов на свадбата, бидејќи обично тој не е роднина и никој не познава на свадбата.
Мене ми се има десено да бидам старосватица/кума повеќе пати, а некаде дури ни родителите не ни ги канеа, ама па по тоа се виде и "квалитетот" на понатамошниот однос (од наша страна со разбирање за свадбата, но тоа испадна дека не било за свадбата, такви си биле луѓето), не па тајфа да ми дозволат да викам.
Обичаите никој не знае од каде се точно, па и во еден град луѓето тераат различни адети. Ова со тајфата е исто како моментот што на некои свадби има прасе од кумот и старосватот (го сечат и делат со тортата), а на некои не. Инаку има многу комбинации, ама мене ми е океј кумот да има свои гости. Еве јас сум од оние кои не се фаќаат во оро до некого што не го познаваат, па кога би била кума би сакала да имам барем 3-4 познати фацки со мене (родители, брат ми). Како и да погледнеш, кумот е еден од побитните гости, ама па не може саде до младоженецот и невестата да игра. Логика - ако ти прв пат слушаш значи не постои. Ние од друга планета сме де. Инаку и старосватот си носи тајфа.
Како може кумот да не познава никој на свадбата, па логично за кум ќе си ставиш близок другар, а не некој три пати што си го видел. Никад чула за адетов, ми делува дебилно и гагаџиски, па ај двајца да донесе, ама 10-15 души да довлече кај некој што не го ни знаат за да јадат и пијат?!
Ниту вие сте од друга планета ниту пак јас реков дека не постои,само ете да кажеме чудно е малку нелогично да носиш свои познаници/гости на туѓа свадба. Иии старосватот со тајфа? Ова ќе испадне на крај повеќе не поканети од колку поканети гости на свадбата.
Логично е, ама не е секогаш како што сакаме од книга. Ред е да го прашаш стариот кум, тој што ги венчал твоите родители и што ве крстил како бебиња. Може да ти даде само благослов и да не се нафати ама може и да ти се нафати. А сте се гледале одвај во 10години 2-3 пати, а можеби и помалку. Не секогаш можеш да одбереш кум да ти биде другар или пријател што си близок.
А не е гагаџиски да те дочекуваат со "сакл послужавникот" на влез и картончиња за вечера? И ко ќе чујам, абе поклони не ни се важни, само да дојдат луѓето, а ко ќе помине свадбата ќе кажат како добро се опариле. Шо не ги донираат парите?! Нели свадба се прави за веселбата и споделувањето на среќата? А она дека ќе го избркате кумот со се тајфата, ќе речам само - срамота. Да не звучам ко старите, но тој што ставил потпис на мојот брак е човек за голема почит. А вие со ставовите за кумот дека се може без него и "помина луњата, ебате гуњата", срам да ви е. Вие сте одбрале значи било кој и пред се сте вие човек без почит, па заслужувате и вас да не ве почитуваат. Ако еден обичај ви го нарушува односот, имате проблем со своите вредности.