И не ли е гагаџиски: полнење на чевлите на невестата за да и бидат точни, буткање пред врата и давање "откуп" за да се земе невестата, оставање пари за да ти стават китенка, фрлање на пари на прасето. Така останало и покрај сите адети, кумовата тајфа ја гледам како најмал проблем. Повеќе се чудам што значат останатите адети и зошто се прават како на пример гледање на младожемецот низ прстен и сито, кршење и јадење на кокошка со вино, полнење на чевли со пари, игрње на прасе, плетење венец, играње на венецот од три девојчиња, кршење на погача со париче како за бадник, размена на шишиња меѓу сватовите, среда пред свадбата месење на погача и таквите слични. Повеќе се чудам тие што значат ама ете секој ги прави, а чудно некој да знае зошто ги прави
Гагаџиски е да одеш на свадба на која не си поканет, да јадеш и пиеш на сметка на родителите(најчесто) на младоженците, а да не си покриеш порцијата. Толку. Па како сакате правдајте се. Во друга тема се зборува дека на свадба најмалце што треба е да ја покриеш порцијата, а ако имаш и за поклон плус. А ваму као не е гага непоканет да одиш на туѓа свадба и да не дадеш илјадарче барем за порцијата што ќе ја јадеш. Срамота. А за ова бутање пари во кондура и за пари на прасето гледам сите се обогатија. Во наше друштво со парите од прасето одиме сите другари во кафана и јадеме и пиеме од пари што сме ги собрале. Бтв кај нас прасето е од рестораните, не од кумот
Не, не претеруваме. Срамота е кумот да си викне КОЈ САКА на МОЈА свадба. Значи, да се разбереме фамилијата на кумот (родителите,сопруга, деца и брат/сестра на кумот) не ги сместувам во тајфата негова,бидејќи тие ќе бидат поканети многу нормално. Под кумова тајфа го подразбирам другар му на кумот од војска, комшијата шо се лепенка со куќите и колегата од работа. Е тие не сакам да дојдат, ќе ги вратам и не ми е срам штом тие се потегнале, без срам да џаболебарат на мојата свадба. Среќните моменти на моја свадба ги делам со оние со кој ЈАС (и мм) сакам. Прасе нема кај нас, тајфа нема, китенки има само за зет кум и девер (оставаат по 500 ден обично) а чевлите на невестата се полнат со ситни пари 1, 2 и 5 денари. Во ресторанот не шета со корпа никој за да бери пари.
Не знам само што прават во ситуации кога и нема простор за повеќе гости Сум била и кума и старосватица неколку пати, на крај на памет не ми паднало да канам луѓе вон оние што младоженците ги поканиле.
Не дека правдам дека треба да дојде некој без поклон, односно барем порцијата да си ја покрие треба. Ама има луѓе без осет. Ееее мене ми се случи и од роднини и пријатели, кој немал кој се направи наудрен и чекал да поминам по масите на бакни рака па да ми го даде поклонот, а имав и втори братучеди со кои стварно сме блиски и поради тоа ги каневме комплет сите 4ца плус девојката на братучедов и 5души дојдоа со поклон 2000ден. Не е дека немаат да се разбереме, секој викенд се негде на ноќевања и тераат два летни и еден зимски одмор ама се е до осет на луѓето и поради тоа не можам да замерам. Такви се по сите свадби не само на мојата. А носат цвекиња од 500-1000ден, ама така ќе види народ, а во плико ќе ти тутне и 500че. Потоа братучедов правеше свадба по 3 години со девојката и исто не канеа 5души и нормално нас ни беше срам да отидеме со 2000ден, и ставивме дупло. Ама цвеќе не купив. Знам будали сме ама стварно ми е срам. За кумот не му замеруваам нека донесе негови луѓе, е сега нормално ако се претера да рече 10души мислам дека би ставила црвена линија "ние можеме до 4ца" на пример. Сепак кум да бидеш е света работа и зошто да замерувам за ситници. Тие 4ца што ќе ги донесе штом се негови пријатели утре ќе бидат и мои по дефолт. Еве со тие луѓе ние живееме се знаеме не сме странци. А кај нас старосватовите не носат нивна тајфа.
Ова со тајфата воопшто не ми се свиѓа.. А и кога би правела свадба би сакала кум да ми е некој близок пријател а не кумот што можеби со години го немаш видено и два реда муабет немаш направено..
Не викнаа пред 2 години у кумова тајфа. Не отидов. Стомак до заби, август, друг град. Сполај ти... Да потрошам пари за облека, шминка, фризура а да неам за поклон.. срамота. Кај нас кумовите беа сами. Ради смртен случај. Ништо не им фали, а дружбата ни е иста и многу сме блиски. Во кумството е битно што тој те венча пред Господ, ќе ти крсти деца. Па ако заслушате убаво на крштевка ќе сфатите уствари што значи. А тоа дека тој е втор родител на детето.
OK pocit za kumovite. Ama da bide obostrana. Mojata kuma ne se javila so meseci. Jas I se javiv nekolku pati, I mi vikala obvrski so rabota bla bla, gledam deka nea ja nema I povekje ne se javuvam. Ne sum se karala, ke ja pokanam za rodenden na kjerka mi, ama da se upikuvam oti e kuma, nemam namera.
Се запнавте за тоа демек ,,тајфата,, се без осет па не носат поклон. Не верувам да се до толку. Ако има некој што имал такви гости на свадбата нека каже. Еве во мојот крај нема старосватови. Кумот може ( нормално во договор со младоженците) да си земе друштво, обично тоа е другар, братучед, сестра и зет. Некој со кој ќе се осеќа убаво. Обично по 1,2 ца, не сум видела некој да макне 5,6 души па и без поклон. Кога сестрата на мм беа кумовци, ние бевме тајфата (бевме поканети од младоженците бидејќи претходно беа договорени со золва ми и маж и) И не отидовме без поклон 50€ и цвеќе.
Јас не го разбирам баш делот, си носи свои луѓе да не биде сам Океј традиција, ама малку ми е смешно објаснувањето, како да станува збор за мали деца па им треба родителска придружба
Ова со тајфата сигурно потекнува од некој рандом град, ама пошто има многу доселени во Скопје се пренел и таму таков адет. Прв пат слушам за тајфа Некои па едвај чекаат да ги поканат гага. Сигурно ќе се вадат дека се гости на кумот, па ќе дојдат со празни раце и ќе си јадат најмногу од сите присутни Кумот бетер од Господ го гледаат. Туку ај тие од тајфата да ги оставиме настрана, ами што е со оние што носат празни пликови по свадби . Кај братучетка ми на свадба имаше 2-3 такви пликови...празни, непотпишани И за други свадби кажуваат такви случаи. А на покана немаше пишано поклон во плик. Значи ако немале пари можеле и некаков поефтин поклон да донесат. По снимките може да се види кој каков плик донел и одма да се откријат кои се тие мизерни. Не знам како не им е срам. Некои пријатели или фамилија ти се...Ги знаеш, ги познаваш...Јадат, пијат, играат, а ништо не донеле ни од општа култура. Барем ич не се појавувај
Во мојот град не сум слушнала за кумова тајфа, но младите го канат семејството на кумот и старосватицата како што е ред и почит. Бев старосватица на свадба од мојата страна беа канети родителите, сестра ми со зетот исто беше и од кумовата страна. А ова тајфи со по 20 човека тука што читам, па уште без поклон?! Класичен безобразлук, што луѓе ке беа. Бруки. Бевме со дечко ми еднаш така поканети, снашка му била старосватица и не покани. Секако не отидовме, зошто би отишла на свадба кај луѓе што не ги познавам? @ocicka2014 Најубаво договорете се со младите или поведете ги родителите на маж ти, сестра брат, ако има, зет, снашка и така најубаво и најкултурно.
Кај нас нема старосват. Само кум и девер. Под дифолт нивните родители, сопруги и браќа/сестри се поканети на свадбата од страна на младоженците. Тие носат поклон и не се тајфа
Во мојот крај нема таков обичај за кумова тајфа но пред 4 години бев јас како дел од истата во град оддалечен преку 200 км .Кумот беше од мојот град и ние 4 бевме одавде таму.Не замоли дека треба да однесе луѓе и ние како поблиски да појдеме.Отидовме нормално со поклон во плик како и на секоја свадба. Обичај како и многу други....
Добро а што е битно? Треба ли да си го откријам градот од каде што сум? Мое право да не кажам, анонимен форум е. Доволно зборува ова дека многу членки се запознаени со ова така да не верувам дека само во еден/два града е ова застапено. Од друг град сум, не сум од Скопје. Таму кажаа дека е застапен.
Полека,полека не скокај толку!!! Кој ти се обрати па баш тебе?! Никој ни те означи ни те праша тебе да кажеш од каде си, биди си анонимна и понатаму никој и не го интересира од каде си, ако не сакаш или не знаеш да кажеш по добро ќути и почекај некој друг да одговори. Се разврза разговор баш околу таа кумова тајфа и нормално е на нас што не ни е познато тоа да поставуваме прашања. Кај нас во Прилеп нема таков обичај, сум била и Охрид на многу свадби и таму немаше кумови тајфи но затоа имаат 2 девери и нема старосват.