Поленка,но сигурно шире се.Имам приметено по 2-3 свадби дека си носат луѓе со себе. Ствар на договор е.И јас бев лани дел од такво нешто,само под бааги разни околности.Секако,младожењата и невестата треба да бидат информирани пред тоа и "тајфата" соодветно да си однесат поклони.
Крива паланка и Куманово со сигурност има, зошто бев канета. Има сигурно и во други градови, ама не знам кои.
Ми треба мислење феминки, годинава со маж ми ќе бидеме кумовци. Се работи за старо кумство, но се дружиме со младенците, генерациски сме многу блиску и си одговараме ептен. Што мислите, или еве по ваше искуство, колку пари да дадеме за поклон ?
Искрено зависи и дали ќе имате други трошоци поврзани со кумството како што се плаќање во црква, купување бидермаер, торта, бомбони за во црква итн.. Тие дополнителни трошоци некогаш стигаат до 150евра. И секако колкави ви се финансиските можности. Ако опремуваат стан/куќа може и да им купите нешто за дома што им треба, а ќе им остане (машина за перење, фрижидер и сл).
јас како кума го имам купувано и тој големиот шо си го носе невестата и тој малиот за фрлање шо е ги купив влечки коа се месе погачата, матерјал за во црква ,бонбони за во црква шо се фрлаат,торта за во ресторант ,пари за музика пари за поклон,цвеке, ,
Ние кога бевме кумови купивме бидермаер, торта, плативме во црква и се останато што доаѓа со кумството. Плус, тие ни купија убав поклон и ние на нив им купивме нешто што им треба, а по нивни избор. На нашите кумови и старосвати им рековме да не купуваат ништо, се сами си плативме затоа што не сакавме да ги изложуваме на дополнителни трошоци кои не се мали. Генерално, се е како ќе се договорите, но треба да си ги пресметате сите трошоци.
Под пари за музика, мислиш на лепење пари, а не дека учествувате во делењето за плаќање на музиката. Така ли? Уште тоа фали од кумот Стварно различно е секаде
Ако прашуваш од искуство, едни ке кажат 100 евра, други 500 а ти на крај ке ставиш онолку колку сакаш и си во можност. Плус, како што ти пишале погоре, зависи од останатите трошоци - плаќање во црква, купување на свеќи/ материјал, торта и прасе во ресторан итн.
Секој спрема кесето нели ама реално 200-250н е се сосема доволно за поклон другото си е башка торти плакање во црква свеки влечки матерјали дрндн
Девојки треба да бидам кума во брзо време. Знам скоро се што ми се обврските, ме интерисира само во врска со бонбончињата што се фрлаат во црква, дали знае некој да ми каже колку на број би требало да бидат, како треба да се направат или може да си ги нарачам од некаде?
https://forum.femina.mk/threads/Бонбони.17029/page-13 Повели, има цела тема за бонбони за свадба, можеш да добиеп соодветни информации.
Девојки, кога се оди да се кани кумот се носи пијалак, цвеќе и благо или има и уште некој адет? Иако не планираме да се држиме баш до адетите, ама ме интересира. Исто барам и некоја интересна декорација на поканата, ги пребарав мислам сите страни на фб и се едно исто со налепките на вината и чоколадата "Сакаш ли да ми бидеш кум?". Имате ли некоја пооригинална идеа, ова ми е веќе видено.
Доволно е благо и пијалок. Цвеќе , можеш и немораш. Поканите со натписи -сакаш ли да ми .... ми се ту мач
Луѓенца, кажувајте креативни поклони - кумови ќе бидеме наскоро. Помислував на некое патување да им уплатиме на младенците на пример. За домот не им треба ништо - се си имаат. Пари исто така не им требаат ...