Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    И патување тогаш најверојатно тие си испланирале каде сакаат да отидат на меден месец, можеби би можела да ги прашаш дали како поклон за свадба би им одговарало да им уплатиш онаму кадешто сакаат да отидат.
    Поклон може исто нешто што им треба, да ги прашаш.
     
  2. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Реално друг поклон подобар од пари и нема, секогаш требаат плус сега и трошкови поголеми.
    Ако не им треба за дома бела техника или мебел, мене лично повеќе ми се допаѓа да им дадете ваучер од тур.агенција па тие нека си бират дестинација и цел живот ќе го памтат подарокот од кумовите.
    А парите ако немаат стриктно потреба и желба за нешто ќе се истрошат без врска и нема ништо да им остане во спомен.
     
    На meggle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    2.647
    Да, разговаравме, реално финансиски стојат предобро, и дома имаат од убаво - поубаво, рекоа не сакаат пари, а и за дома баш ништо не им фали, така да одиме на варијанта креативен подарок...
    Некоја друга идеја освен патување ??
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.801
    Допаѓања:
    173.179
    Пол:
    Женски
    Никој нема СЕ дома..
    Штом сте веќе кумови треба да се чувствуваш слободно да ги прашаш што им треба..од кај знаеш дека баш ништо не им треба и покрај тоа што ТИ мислиш дека имаат се?!
    Креативен поклон често знае да биде рецепт за катастрофа поклон затоа што може да не им се допадне креативноста..


    Крај краева пак ако се милионери и ништо не им треба, јавете се во домот за доенчиња и прашајте што им треба..купете и однесете.
     
    На Nightwish11, cresa-jagoda, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    2.647
    Aма ме нападна ... :)

    Напишав и погоре дека разговаравме, рекоа за дома не сакаат ништо - се си имале, пари исто така не сакаат - ќе ги потрошеле.... Значи сакаат нешто што ќе им остане од нас како спомен - по некоја моја логика... Само прашувам за идеи, мене ми текна само на некое патување, дали има некој некоја друга идеа, навистина не можам ништо да смислам...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    136.713
    Пол:
    Женски
    Нешто интересно за во градина/тараса? :?:

    [​IMG]
     
    На Nightwish11, meggle, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    ОК е да им е битно само да им направите чест со кумството, ама се подразбира дека ќе сакате нешто да им подарите, можеле да ви помогнат малку :)

    Јас би им купила уметничка слика на пример или нешто повредно, за декорација, како на пример кристална вазна, жардињера...не мора да биде кристална, може и од друг материјал, а да е интересна и уникатна. Може и комплет од 2, 3 парчиња.
    Или пак ако вистински не сакаат ништо за дома, може некој личен поклон, накит за невестата и саат или нешто друго лично за младоженецот.
    Наместо патување, може подобро некој убав викенд со спа, масажи, во некој луксузен комплекс или хотел, може и кај нас.

    А најдобро ништо да не се прашува, туку да си подари секој што мисли :D
     
    На meggle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Ако патуваат можеш да им купиш сет од 3 куфери...незнам како си со финансии, но ете како идеја може и точаци, а на рачките по една машна :) Патување е супер опција, а уште една идеја ми е на пример ваучер за скокање со параглајдер, или пак рафтинг на тара, тури со атв џипови..се надевам помогнав :)
     
    На meggle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    2.647
    @Sesil - прекрасна идеја, исто така @I.vana топ предлози, баш ќе размислиме, баш се и двајцата така малце авантуристи - ете на такво нешто не ми текна :)
     
    На Nightwish11, cresa-jagoda, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    908
  11. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    А моево ништо не ти се свиѓа @meggle? ;(
    Генерациска разлика :D
     
  12. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    2.647
    Искрено, не би им подарила уметничка слика затоа што не се таков тип на луѓе, исто така не би подарила ни кристални вазни , малку ми е застарено тоа, и накит не - дискутиравме на таа тема и не сакаат. Но може викенд со спа со масажи , тоа може да го размислиме :)

    Ви благодарам за идеите, ми помогнавте ептен многу :inlove:
     
  13. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    @meggle се шалев, јас сум 40+, затоа реков генерациска разлика :)
    Не мислев на старински, ко од баба ми вазни, гледав некои интересни, необични, а такви работи никад не се на одмет, плус остануваат како убав спомен.
    Но ти најдобро си ги знаеш луѓето, знаеш што би им се допаднало.

    Со среќа кумство и убаво да си поминете на свадба :f: :sun: :inlove:
     
    На tina2018 и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    393
    Женски сте слушнале ли за обичајот ако бидеш кум или старосват не можеш ти да се венчаш една година? :?:
     
  15. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Во градот кај што се мажив било така, а кај нас не. Секаде е различно, ама лично јас не верувам во тие работи.
     
    На Em4e711 и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    52.953
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам за тоа. И искрено сметам дека е глупост тоа до толку ..а ако кумот е веќе женет? Како?
    Во мојот крај не сум слушнала за такво нешто.. ама па и да има,кој гледа сега тоа.
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    37.848
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала. Чиста глупост. Демек, не чинело. А зошто? Затоа то некои баби немале друга работа па измислувале се и сешто. Ништо од адети не сум испочитувала.
     
    На Nightwish11, Em4e711 и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  18. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Нас ќе не канат за кумови за две недели. Ќе прават само регистрација во матично, и ручек во црква, само најблиските.. Свадба ќе прават наредна година. Па ве молам за совет,какви ни се обврските кон нив, што треба да купиме, што се носи.. И дали да се скоцкам како за кума, или да купам нешто така поедноставно. Незнам невестата што ќе носи ама не сакам да ја засенам. Маж ми вика гајле ти е за другите ти си кума и среди се како што треба.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.842
    За во црква треба да однесете платно, свеќи, бомбончиња и да платите дел од трошокот за венчавка во црква. Кумот треба да е крстен за да може да венчава во црква. За регистрација ви треба само лична карта.
    Во однос на поклонот, ако прават дополнително свадба, сега може да им однесете помал симболичен поклон за да не одите со празни раце (постелнина на пример), а да купите поголем поклон кога ќе биде свадбата. За свадбата ќе имате и други трошоци во зависност од традицијата која ја тераат (некаде се купува торта, некаде бидермаер, некаде двете).

    За облека, и ја би ти рекла да се облечеш како што ти е мерак. Сепак битна улога имате.
     
    На cresa-jagoda и Starlič им се допаѓа ова.
  20. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    Наминав у темава само да ви кажам нешто кратко . правевме свадба пред скоро време и јас како невеста на кумот му купив саат(така малце “посолен” ) плус порции ова она други трошоци сигурно ме кошташе над 500 евра само за него . А знаете што добивме за возврат како поклон за свадбата? 6000 денара (кумот со двајца браќа) .
    Па пак притресувајте се што ќе купите или дали тоа ќе биде малце :rofl:
     
    На fana и candy.cane им се допаѓа ова.