Кој вели дека не може? Ние бевме кумови со мм во мај, а после во август ја правевме нашата свадба. Па еве уште сме живи, здрави, среќни и заедно Хмм... барем на денешницава се договараат претежно околу поклоните со заковните... Али ова кумов ептен стипса бил изгледа....
Не знам може до мене е проблемот. Али јас кога правев свадба не очекував гостите да ми ги вратат парите. Не правев пресметки јас толку за кумот потрошив, он толку ми врати. Ако е за враќање, ич не прави свадба. Колку можеле толку донесле, ако не сте мислеле дека они се разумни луѓе зошто сте ги прашале да ви бидат кумови? Ниту вие имате обавеза некои прескапи дарови да купувате ниту они вас. Во ова време да очекуваш некој друг да ти ја купи постелнината или не знам што...глупо е.
Е добро де може толку имале или пак толку сте заслужиле. А богами по муабетов овде, ова второто ќе да е.
Јас го мразам тоа давање на пари беспотребно за дарови. Колку имам ќе дадам, дали е поентата да се заглавам во кредит за да се покажам или не знам што.. Моите трошоци вкупно за дарови беа околу 500 евра, на кумовите потрошив некои 150 (пар со детенце) и не ни ми падна на крај памет да гледам дали ми се оддолжиле. Секој дава колку сака и може, не се очекува нешто специјално за возврат, зошто еве ваков е исходот. А и многу се радувам зошто гледам кумовите си ги носат подароците што им ги купив .
Нити дарував, нити сакав поклони. А во однос на членката....има доста безобразни кумови.....ги потценуваат младите.
Ебати таквото кумство ако глеаш колку ти дале и што си купила па мора и они да ти вратат со таа сума Денес нема другарство, све стана прорачуната математика..
А ти сакаше свадбата да ти ја плати? Муабетов ти е 'bullshit'. Можеби немал бе, можеби и тие 100€ ги позајмиле. Кум е кум а не банкомат
Нас кумот ништо не ни донесе, јас потрошив нешто повеќе од 200 евра за него и неговите. А има, не дека нема. Скоро две години поминаа од свадбата, а јас уште не знам што си купил со тие пари. И сега што? Еве уште се почитуваме, одиме, доаѓаат, живееме што би се рекло на нашки.
Јас сум кума на најдобрата другарка и голема чест ми беше да ги венчам и да го крштевам детето. Меѓутоа морам да признам во текот на еуфориите околу свадбата и крштевката имав многу притисоци, што од други младоженци што од други кумови во однос на вредноста на поклонот и да бидам искрена, од она "да не се усрамам пред младоженците" дадов поклон во вредност дупло од тоа што планирав. Меѓутоа, секогаш се водам по тоа - за убаво да е. Дај боже сите пари да ми одат на такви убави работи. Живи и здрави да сме сите
Нас кумовите за свадба ни дадоа поклон од 600 € со тие пари маж ми купи златно ланче јас златна нараквица. Ние нив им дадовме 300, кумата си купи исто така златно ланче а кумот саат. Не е работа од парите да ги покриеш трошоците, тоа никогаш не може да се случи, работата е во тоа да испочитуваш колку можеш повеќе, сепак си кум. Ние наредна година сме кумови, и не планираме под 500 € да им дадеме. Сепак сме кумови, за возврат не ја очекувам истата сума ниту приближно. Без разлика дали пари ќе ни дадат или нешто ќе ни купат, тоа да биде убав спомен, утре кога ќе го погледнам да се потсетам дека сум била дел од нешто многу убаво. И игра улога и тоа, колку те ценат толку ќе добиеш. Нас за свадбата на маж ми прв братучед ни даде пегла за пеглање алишта, вредноста и беше 500 денари, ми падна криво искрено, затоа што беше стар модел и беше чувана којзнае колку време. Ако немаш пари ич не ми ставај, нема да бидам навредена толку колку со една пегла.
а парите што ги фрлаат по музика или било што да бидат видени и тие се позајмени? јас не реков дека очекувам да ми ги платат трошоците што сум ги направила или да ми ја прават свадбата ,убаво му ја знам ситуацијата ,дечкото е ерген ни жена ни деца ниту има некој трошоците во животот а зима 2 плати и месечните примања му се над 700-800евра сигурно, плус другиот негов брат и он работи можел барем тој да си стави посебно пари нели, и не реков ништо со муабетов само сакав да кажам дека нема потреба од толку притресување јас немав денар скршен плус имам бебе од 4месеци и со бебе правев свадба наместо да ги дадев парите за поклон можев да му купам на детето за тие пари све што му е потребно ама јас решив да го испочитувам него и да му купам достоен поклон.
Сфатете ме како сакате, ама јас ако немам пари не се нафаќам да бидам кума. А познавам такви што вода во очи немаат, ама се перчат што биле кумови.
Никој не го оправдува кумот, имаш право да си анализираш колку сакаш, ама пак на крај твоја е вината и лошата процена. Зошто парите што си можела на детето да ги потрошиш ти си ги дала за него. Затоа треба реално да си пресметаш колку можеш да дадеш и да не претеруваш, гледаш за возврат што доби. Ама сега барем си знаеш на што си со кумот, пред вас е животот. Како тој тебе, така ти него и готово..
Види Самер, кумството е нешто поголемо од една машина за перење или 300 евра у плико. Така да ако на некој му значиш и сака да му бидеш кум нема да води сметка каков поклон ќе му дадеш.
Зборам лично за мене. Секогаш сакам да дадам нешто повеќе. Ако немам, не се нафаќам. И не е само поклон. Пари за музика, се плаќа во црква, костум или фустан да купиш. Тоа кошта пари. А не ги има секој. Подоцна доаѓа и крштевка.
Секој сака да даде повеќе, ама да немаш не е грев. Ете не мора да им дадеш 200 евра на свирачите, не мора да купиш нов костум за свадба, за мене битен е гестот а не колку пари сум добил. Ако праам свадба за да си ги вратам парите шо сум ги дал за целиот тој циркус ич нема ни да правам.
Зборев за оние што ич немаат. Имаше едно време една дискусија за одбивање на кумството. Сакаат да бидат кумови, ама немаат пари. А и не е во ред некој да те прави будала.
Значи поентата на кумството ви е скроз утната. Се ви се врти околу колку сте дале и колку ви дале. Па ако немам пари кум не бидувам, па јас дадов толку на кумот, добив онолку, па срамота било. Значи само богати луѓе треба да се кумови, а? Кај сте го прочитале тоа, ве молам? Да ве просветлам малку, кумот не е за подароците, туку да ве венча или да ви ги крсти децата. Тоа е света работа, и во никој случај не треба да се мери во подароци. Ниту тие кумови што очекуваат многу не треба да се кумови, а па вие што очекувате скапи подароци, не мора ни да се венчавате, оти џабе пред Бога се поклонувате, кога ве интересира материјалното. Ние на кумот му рековме: Kуме, не те обврзуваме со ништо, не те каниме за поклони. Сакаме да не венчаш, а во иднина да ни ги крстиш децата (и така и бидна). Немој да се трошиш многу, ниту да се устручаваш. Му дадовме и за венчавката, и за крштевките поклони, не беше ништо прескапо, до кај 6-7000 ден. Тој си дојде со поклони за кој реално не мораше да крева кредити, нити да се задолжува. Си плати во црквата колку што му побараа и за венчавката и за крштевките, си купи свеќи и за децата алишта и крпи, се си помина како што треба, и сите бевме задоволни. И толку колку што мораше да плати, ми беше незгодно, затоа што не сметам дека некој треба да се троши заради мој кејф. Мене ми е важно да имаме човек кој ќе не почитува и кој ќе ги сака и почитува нашите деца.