Го деламм исто мислење и ситуација меѓу нас и кумовите со тоа што засега само свадба поминало дајбоже и крштевка да си дочекаме... нас ни беше толку важно тие да ни се кумови што небитно беше дали и што ќе ни донесат и сл...
Мислев да прашувам нешто ама откако ги прочитав последните неколку страни добив само желба и на Марс да се отселам.
Леле со муабетиве за пари што требало да ги даде кумот еј! А бе ко родив дете не планирав ни на мајка ми и татко ми да се потпирам ни за количка ни за креветче а не пак на кумот! Никој нема обавеза вас да ве опремува со бела техника дома. Кумот е да го држи бебето у црква на крштевка и да ве венча. А не да дава цела плата на вас. Затоа ретко кој се нафаќа да биде кум, кој сака да си има работа со алчни
Сите се нафрливте за кумството. А што не кажа некоја збор два за кумовите кои очекуваат да ги даруваш како они што те дарувале? Им купив машина за садови па они треба да ме даруваат со скап часовник. Ма немој. И они аздисуваат.
Pa ako e taka, zosto nekoi kumovi odma zagleduvavaat sto ke gi daruvaat roditelite za krstevka? Moite kumovi ne se takvi, ama moja najdobra drugarka bese ozboruvana od kumata oti im dala samo postelnina, a ne nesto poskapo.
Верувај дека секакви коментари сум слушнала. Се тепаат што поскап поклон да однесат, за да видат како ќе бидат дарувани. А младите фатени во небрано. Не знаат што да прават. Кумот им дал 300 евра, а они не можат да возвратат со толку скап поклон. А да не зборам за крштевка. Самите кумови си кажуваат што сакаат без срам.
Во право си. И кумовите не треба да прават така. Но затоа што овде кажуваме дека не треба да очекуваш од кумот скап поклон, не значи дека напишав дека кумот треба да се дарува со нешто скапо. Двострано е и не туку ме цитирај ко да сум напишала така. Има и кумови алчни јасно ми е
Е ваков беше мојот случај кога си одбра скап часовник самиот кум ,а мене ме нападнаа погоре за коментарот што пишав шо се десило и дека не треба многу многу притресување за тоа што да се купи што да се дарува.
Се тепаат кој поскап поклон да однесе. Демек јак типац си ако си однел фрижидер. И после таков некој ќе ти бира да му однесеш златно ланче. Извини, ама побара некој фрижидер да му купиш? Затоа јас сум за нешто скромно да се дарува. Да бев венчана во црква сама ќе си ги платев трошоците.
Ај ај, тебе горе те нападнаа пошо се исфали колку скапо си го дарувала кумот а тој кај тебе дошол со малку. И срамно е да си таква. Со право те нападнаа. Не глуми жртва овде
За што да глумам жртва бре луѓе, не е работата да се исфалам јас колку сум потрошила,можам што било да кажам тука ,поентата на коментарот беше не треба да се притресувате што да купувате,колку имате толку а не како мене да ги лупнете парите буквално за џабе,а и точно е и тоа што го кажав дека сам си го одбра поклонот,додека старосватицата одбра поклон од 3500денари. Затоа сега кога ќе дојде ред на крштевката јас јасно ќе му кажам и него дека не сакам ниту да купува нешто за детето ниту пак јас него да го дарувам,ќе си ја платам црквата и тоа е тоа ..
Не сакам многу да претерувам ама не сакам ни да навредам некој... Викендов треба да идеме кај идните кумови, официјално за договарање на кумство. Ќе носиме некое виски и благо. Дали можеби треба да земеме нешто за нивните мали деца или е ок да поминеме со по едно киндер јајце како што сме правеле и до сега?
Сакав у оние корпи/кутии што ги украсуваат во цвеќари со цбетови ама на мм му биле ружни. Очигледно човекот нема вкус (освен за избор на жена ) Фала ти на одговорот, ќе земам некој букет.
Здраво, сакаме дa ги поканиме кумот и старосватот. Освен цвеќе, благо и шише алкохол дали се носи и некој друг подарок или само тоа? И дали и за кумата и старосватицата треба плус уште нешто или тоа е и за 2цата?
По твој избор, можеш и само пијалок. Тоа е и за двајцата, не треба некои специјални подароци да носиш.. не е свадба па да ги даруваш