Нас за да не канат за старосватови ни донесоа од Креатива персонализирана дрвена кутија, внатре вино и чоколатциња со прашањето дали сакате да ни бидете старосватови.. преубаво според мене.
Здраво, сакам да споделам и јас нешто па можеби некој од вас бил во случна ситуација. На свадбата имавме случка со кумот, инаку стар кум. Сопругот мој го немал видено повеќе од 20 год. Кога свекрва ми го прашаа на големи наше изненадување прифати. Ми се јави на телефон да праша што треба да донеси во црква и јас му кажав. На регистрацијата имавме другар на мм клаено оти кумот работел во странство. Требаше да дојди на дено на свадбата и дојде. Со него носеше само бомбони за во црква и толку. Кога свекрва ми разбрала во последен момент се купвале свеќи крпа и погача која беше пупчина оти таква нашле и тоа сето тоа на трошок на свекрва ми и свекор ми исто и вцрква тие платија за кумот. Чиста среќа што свадбата беше во работен ден па можеше да се најдат овие работи оти ќе останевме без венчавка. Поклон не добивме, а искрено не ми беше ни важно да кажеше се нема пари се сами ќе си купевме ама барем со време, а не вака во последна минута. Цело ова ние го дознавме ден после свадбата. По некој ден од свадбата мм доби повик на телефон дека тортата од кумо не била платена во слаткарницата и ние ја плативме и неа. Од тогаш поминаа неколку години свекрва ми го бараја кумот во меѓувреме ама не го добија неќат ни да го видат повеќе. Несакам да се расправам. Досега темата ја избегававме ама сега сум бремена и ќе дојди време и за крштевка тие велат ќе си клајте нов. Нов не се клава ако старио не одбие прво, тоа го знам и пошто сум шибеџиа голем ќе инсистирам да се побара ама што ако пак прифати и се десат вакви работи или не крева. Стварно незнам како е правилно. Се извинувам за долгиот пост.
@Lady_Bug Јас мислам да си ставите нови кумови. Некои пријатели што си се дружите и се почитувате. Нема зошто да си ставаш непотребно шубе и да го прашуваш стариот кум. Јас да бев немаше ни за свадбата да го барам, па кој сака нека се лути. 21 век сме и живееме во современо општество - секој ќе си бира свои кумови кои си ги сака сам, како и сè останато. Кум не се гледа еднаш во 20 години, барем мене би ми било драго да се гледам и дружам почесто со нив.
Јас во никој случај не би го барала. Не требало ни за свадбата да го викнете, тој е странец, плус во зијан ве ставил. Нов кум за бебето и готово
А зошто не го прашате,, Куме имеме ние во план наши блиски пријатели за крштевка сега, дали може благослов. Ние вака направивме од старт уште пред свадбата. Си знаевме дека не сакаме да ни бидат они, ептен постари од нас и многу ретко се гледаа со мм. Јас не сакав така, кумовите ги гледам како роднини и сакав поблиска да сум. Ама дека не е убаво да се прекокнат директ им отидовме со предлог за благослов за ново кумство да ни дадат, пак ете да се испочитуваат.
@Lady_Bug Ех и ти, не се раководи по стари бабини деветтини. Прави си по твој ќеиф. Кај пишува дека не чинело? Тоа дека порано им било незгодно и срам да ги откачат кумовите, па го измислиле демек не чини - мора да ги прашаме. Твојава ситуација е доказ дека не треба да се оди по овој ‘обичај’, бидејќи вие сте се надевале дека ќе одбие за да си ставите нови кумови, е арно ама на крај и тој можда од незгодно има прифатено и ете бидна што бидна. И вие не сакате и тој не сака да ви е кум. Затоа подобро да го прескокневте и да си изберевте нови кумови. Старо кумство невидени 100 години едни со други прифаќаат да се кумови само од незгодно. И после ќе се нервираш направиле вака - направиле така. Не се замарај.
Свекрва ми разговараа по телефон знам доста пати го бараа оти не беше тука што кажаа како кажаа незнам.
@Lady_Bug ич да не ти е гајле. Точно е дека адетот е стариот кум да одбие за да барате нови. Ама тоа се прави од почитување. Он вас не ве испочитувал на свадбата (причините не можеме да ги знаеме аи не се ни битни). Штом тогаш не знаел да направи отворен муабет и ги ставил свекор ти/свекрва ти во тесно на ден на венчавка, зашто сега да си ставаш трн у здрава нова. Евентуално и да стапите во контакт со него во меѓувреме, како што ти пиша @CareTee , известете го само, не му давајте шанса да прифати пак (можда од непријатно ќе прифати, не дека стварно сака и после пак истите проблеми).
Не чинело кумот да не се праша, а чини да молам бога да не прифати? Ако не сакам тој да ми биде кум нема ни да прашувам, а не лицемерно демек еве јас ќе терам адети ама во душа едвај чекам не да каже
Јас би била пресреќна ако луѓе со коишто си живеам ми станат кумови. Какви стари кумови, какви адети. Глупости останати од турско време.
Па вака за крштевка уште поголеми нервози ќе си имаш.Ние имавме таква мака.Сакавме дур се мали да ги крстиме на 3 4 месеци најмногу.Ама секој пак следуваше не сега,ај понатака,немам финансии,и слично.И така двете деца ги крстивме на скоро година,не по наша желба.А од друга страна сакавме да го испочитуваме.На време средете си.Кај нас не беа проблем финансии,што беше до нас рекковме ништо ама буквално ништо не треба,само да се појави.И така ќе те кочи.
Како да не не се става, стави си близок човек кој сакаш,нека не ве лажат со вакви селски муабети. Тој па ич не сте требале да го барате. Што ќе ви е кум што не сте го виделе 20год. Ставете си некој што го почитувате, ве почитува,дружите,комуницирате и не се замарајте
Ние исто за свадбата ,мм неговиот кум никад го нема видено,го крстил и го снемало негде у странство,ни на крај памет не ни падна да го бараме човеков кого не го познава ни мм само за да одбие,си отидовме и си поканивме нов кум и толку.
Nie imame star kum koj go krstil mojot verenik no mnogu postar i ne se videle so godini iako ziveeme vo isti grad. Mu rekovme kume nie imame zelba da stavime drugar za kum bidejki cesto se druzime, megutoa nisto bez tvoj blagoslov. I on rece deca ne e problem imate moj blagoslov. Mu rekovme nie ke te pocituvame sekogas kako kum, mu se zablagodarivme i bevme mnogu srekni.