Аха, па истиот кум, не е баксуз, ете на првата свадба се женал по пропис, со прв кум, па сепак се развел, не ќе да е баксузот до кумот
Лелее ова со кумот дека е од страна на мажот ми е најглупаво нештооо Мене под овој аргумент не ме ни прашаа за кумот, само свекор ми му се јави на стариот кум и сам си го побара за кумство. Коа ми се јави мм, радосен цел ми вика средив за кумот не се секирај. Шо среди си викам, ни муабет не сме правеле. Епа ете кумот бил од машка страна, негово било да избере. Не избра ни тој, туку свекор ми,ама ајде. Ми пукна вената на чело од нервоза Не го ни знаевме човекот, мм не го памти, последно се виделе пред 30 години. Отидовме еднаш само да се запознаеме со нив и толку. Мене ми сметаше ова, уште ми смета. Сакам да е некој близок со кој имаме комуникација, не некое старо кумство останато од пред години и години и сега сосила се тера.
И јас така мислам како тебе. Ние не се венчавме во црква, така да не ни знаев улога на кум јас која е. Во матично сведоците ни беа блиски, не кумовите што ни маж ми никогаш не ги видел. Глупост голема ама ете и тоа останало така.