За кум не викаш било кој. Ако си го викнал и очекуваш од него да е тука за твоите настани треба исто да вратиш. И мене ме лути кога некој близок не ме почитува. Испаѓа дека заради пари ве викнале.
И јас не знам точно. Тие така рекоа тогаш кога нѐ прашаа. Најверојатно дека мм си стое на збор и не е некој трчи лажи
Би отишла на роденден на нивното ,и би ги поканила на нашето ,ако поради неартикулисана причина не дојдат тогаш би ги седнала да прашам кај е проблемот што цело време ме игнорираат и дали навистина го сакаат тоа кумство . Реално во мој крај се верува дека кумот не смее да го или те откаже ,па не би откажала ништо директно...колку и да е суеверие.
Грев е да се откаже кумство и само заради тоа нема да го откажам. Не знам ни веќе што да мислам. Си завршија тие работа и толку. Разочарана сум ептен
@forumce а да им се јавиш? Јас да сум на твое место би им се јавила и би им рекла : Здраво, си правевме муабет со маж ми па сфативме дека 6 месеци се немаме видено. Па си реков да ви се јавам да ве поканам (денес/утре) нели кумови сме. Ако денес не сте слободни може и утре. Сепак не е убаво да не се видиме толку време. Се ближат родендени па да не бидиме како скарани на нив... Стави ги во тесно да неможат да те одбијат. Од друга страна можеби тие сметаат дека малата ти е уште мала, па се чуваш. Или може се од оние кои чекаат официјална покана.
Знаеш ли колку пати сме ги викнале? Безброј. И само ни викаат ќе дојдеме, ќе дојдеме. Веќе нене ми е срам истото да им го повторувам кога се видеме
Не можам да се редактирам. Еднаш ни обеќаа дека ќе дојдат во текот на неделата, ама од тогаш многу недели поминаа. Ние се гледаме по чаршија, се гледаме низ населбава, и секогаш на нашето Да дојдете кога сте слободни, ни одговараат со Ќе дојдеме. Не е поминала една средба, а да не сме ги викнале на гости. Кумашинот работи во смени и затоа на нив е оставено кога се слободни тогаш да дојдат. Тие нас како нивни кумови не не канеа официјално на повојница, не ни спомнаа да одеме, како што јас на мојата кума ѝ кажав кога се слободни да дојдат за малава. Кога нивното имаше 2 месеци, им се јавив да прашам дали може да дојдеме да ја видеме. Зошто тие сега би очекувале официјална покана?
Нашиот кум нема кума сам е лани едвај го намоливме до последен ден не знаевме за крштевката дали ќе дојде или не иако е најдобар другар на мм и цело време се слушаат и предходно работеа заедно. Еве од кога го крсти детето уште го нема да дојде исто така аха ќе дојдам и толку. Едноставно такви се луѓето не се за иди ми дојди ми иако сте кумови
Ама како можеа да доаѓаат до крштевката на нивното бебе, а сега не? До тогаш беа за иди ми дојди ми, а сега не се?
@forumce а да не се тенки финансиски? Па да не доаѓаат оти мислат дека, ете, кумови сте, па за повојница на малото треба да купат поклон, тоа и тоа, нешто скапо. Знам, ќе речеш не е за поклонот, сакам дома да ми влезат за детето, ама ми се има случено, мене, да не одам некаде по повод, зошто сметам дека немам пари за соодветен подарок. Да не е тоа маката?
Не е, со оглед дека беа 2 пати на одмор и само шетат некаде. И плус тоа пред нивната крштевка, кога бевме во изолација ние, од портата им дадоа поклончиња на децата облека нешто, не рекоа дека е за повојница. Им кажав дека не требале, дека кога ќе излезам од изолација ќе дојдат, ама тие само го дадоа ќесето и заминаа. Мене ми е срам веќе да им кажувам да дојдат. Јас ни не сакам да донесат пак, еве донеле еднаш. Сакам да дојдат да си поседеме, да се дружеме. Криво ми, децата ни се 5 месеци разлика, сакам да се дружат
Си гледаат свој гз и тоа е. Да сте ги навредиле или да сте им згрешиле нешто не. Најверојатно си го поминуваат времето заедно као фамилија и толку. Е сега ако одат кај сите други по дома, а кај вас не тогаш има друг проблем.
Па да еве кумашинката пред 3 дена беше кај јатрва ми, вчера пак беше. Јас со јатрва ми сум на дистанца откако ми го удри детето. И се си мислам она да не ѝ зборувала нешто против нас, да ѝ ја полнела главата. Знаејќи ја, помислив и на тоа. Ниту лошо сме зборувале за нив, ниту сме ги навредиле. Не знам која е причината.
https://www.weddingforward.com/anniversary-gifts-by-year/ прочитајте на линкот примери, мене ова ми е баш интересно...секоја година си има значење, јас пример за првата годишнина на кумашинците дека хартија им подарив карикатура, повеќе беше како слика некоја поинтересна од свадбениот ден.
Имам проблем, и ако знае некој нека ми пише, ама точно да е. Да не е сум слушнала и т.н. Имаме кумови. Не венчаа, го крстија синко. Но, многу се огрешија спрема синко. Детето е 1.5 година. Јас сакам да го откажеме кумството. Но, ми е страв, бидејќи повозрасните кажуваат дека не чини да се откаже. Со мм планираме здравје, следната година ако даде Господ уште едно бебе. Е, него би требало да го крсти друг кум. Со кумовите не сме во контакт. ММ ми вика што се нервираш? Ако се роди уште едно бебе, нека го крстат и толку со нив.
Не мора да го откажете кумството, другото може да го крсти и твој или на сопругот брат, сестра, братучед небитно. Нашиот кум не знаеше дали ќе може да го крсти детето па имавме солуција. Најбитно е да е крстен тој што ќе го крштева.
Ако сакате да одите по традиција, одите кај старите кумови и им " барате дозвола" за да си најдете друг кум. Така имам слушнато од постарите. Ако не е тајна што може толку да згрешат на едногодишно дете?
Не е тајна. Требаше да одиме кај нив на 15 минути, после големата молитва. Не одбија со изговор дека треба да одат во село. Со сигурност знаеме дека беа дома, од сигурни извори. Кумата ми рече бебето додека не наполни 40 дена не се доаѓало после 12 часот. Тие дојдоа во 15:30. Ова е смешно, но ќе го напишам. Откако останав бремена , бидејќи имаме повеќе соби во куќата одма почнавме да ја подготвуваме собата за бебе. А, другата соба во игротека. Беше љубоморна, бидејќи таа двете деца ги израсна во една соба. Што е мое дете криво за тоа. Кога го крштеваа синко, цело време ми одеше контра и одеше по умот од свекрва ми, а не по црковни правила и како ќе рече Отецот. Со Отецот сме пријатели и ми кажа штом те видов, видов дека има проблем и дека нешто не е во ред. Толку би пишувала. Верувајте ми се гади кога ќе помислам на нив.