1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    мозе ли некој да ми казе кои се обврските на кумот и во црква и во ресторантот...да не испустам некој детал.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Во црквата стоиш до младите и држиш свеќа а останато попот ќе ти каже за време на чинот за венчање и на крајот кумата фрла бомбончиња измешани со ситни парички и пченица или леблебија додека младите излегуваат од црква. Значи ти стоиш позади нив и кога тие излегуваат ти фрлаш.
    А во ресторанот немаш некоја обврска освен што играш највеќе на свет :D :D :D . Незнам како е по др градови али кај нас откако ќе започне свадбата во ресторанот, нели ја отвараат младите со валцер или што и да е др. се свири оро за свекор и свекрва, баба и дедо, кум и старосват.
    Сепак ти е функција и цел ден и вечер си на нозе :geek:
     
  3. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Обично младоженецот го зема кумот од дома со музика или го пречекува пред зграда/кука. Потоа невестата го кити кумот и тој и дава пари (пр. 500-1000 денари), па го дарува и пак и дава пари на невестата, исто така кумот го купува бидемаерот на невестата. Во матично кумот се потпишува (лична карта мора да се носи), па во црква дава две свеки купени од црква, бурмите стојат кај него и му ги дава на попот кога ке ги побара, ги врзува рацете на младите со материјал (2 до 3 метра) и ги менува круните и прстените, плака во црква и кога вртат кругови кумата фрла бонбони врз младите. Во ресторан носи торта и прасе (може но и не мора). :D
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    кумот не носи прасе, зетот го носи прасето за кумот. Исто така кумот носи јаболко со пари кога оди кај невестата.
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Во секој дел од Македонија има разни свадбарски обичаи. Еве во Берово младоженците одат кај кумот, а во Штип не, кумот доаѓа кај младоженецот дома и заедно одат по невестата.
     
  6. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека прасето е од кумовите...барем кај нас е така.Ама секој град,разни обицаи...
     
  7. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Zaljubena111 кај нас прасето е од кумот но секаде си има свои обичаи. Јас пред извесно време бев на свадба во Велес и таму играат со прасето и се ставаат пари. Значи секаде е различно. Кога ке дојде време сите се ке ви кажат, што и како треба :party:
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Во секој град си има различни обичаи. Еве кај нас прасето го купува кумот, а во Штип прасето го купува младоженецот. Бидермаерот не го купува кумот туку деверот. Секој си ги прави адетите како што им одговара. Еве на сестра ми на свадбата сите сватови ги китев јас вклучувајќи ги и кумот и младоженецот, а невестата само ги даруваше. Кумот плаќа во црквата за венчавката одредена сума ( и тоа во секој град е различно ) стои позади младите и држи две свеќи. Секој град си е со различни обичаи.
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Во Велес кумот стои до невеста и младоженецот во црква со две свеќи и бурмите се кај него. Плаќа одредена сума во црква. Ги покрива младенците со материјал и им ги врзува рацете, со младенците и попот кружи 3 круга, го купува прасето и потоа прасето го редат пари и играат оро со прасето. И тоа е тоа од прилика.
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Како што кажавте и самите секој град различни обичаи. А да не заборавев кај нас кумот ја купува и свадбената( невестинската ) торта
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Кај нас не, невестинската торта ја купува свекрвата, а кумот си носи торта најнормално како и останатите блиски роднини.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Девојки,ај малку help me.
    Сега дечко ми јави дека добил понуда за кумство, и утре треба да им одговори.
    Сеубедуваме упорно,он не(вика требале многу пари за тоа)
    Јас паквелам дека не треба многу, и дека кумството е света и убава работа,дека не се одбива.
    Ај од искуства помогнетеми и кажете ми отприлика колку се трошоците на кумот (за поклонот мислам)
    За ова останато,свеќи,корпи,бонбони,бидермаери....се јас би средила
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сноу види вака, дека света работа, дека е како круна на нечие пријателство, во право си.
    Но секој со своите можности, на една свадба најголеми трошоци имаат младоженците и семејствата, потоа кумот, па старосватот па потоа другите гости.

    За поклонот зависи, секој си го знае џебот, и знае колку може да одвои. Сепак е доста битна неговата улогата во животот на младите, па тука не се трошоци само за подарок. Иако од кумот секогаш се очекува да однесе богат подарок, за вредност незнам точно, но окулу 300-400 евра. Иако тоа си е желба на младите, можеби имаат некоја желба бела техника, кеш сепак подарокот од кумот треба да е повреден.
    Ситниците окулу тоа коштаат, бидермаер, свеќи, корпи, се на се и дома да ги правиш ќе те фатат 50-100 евра. Треба да се облечеш, одело, чевли и сл., па пари за бакшиш за музиката, па пари за невестата на врата, па пари во црква.

    Кога ќе ги собереш сите овие се фаќа окулу 1000 евра. Ама се вкупно подарок, и облека, и бакшиш, ситници. Може и по евтино да се помине, меѓутоа тоа зависи од младите, какви очекувања имаат тие.

    Јас утре кога ќе правам свадба, кумот што ќе го поканам зошто сакам да ми биде тој/таа кум/а, а не заради подарокот и неговата вредност, иако овде кај нас не ретко се гледа на тоа кумовите да бидат што поимотни за што по богат подарок да донесат.

    Сепак дечко ти ги знае тие луѓе, и знае какви се, и одприлика што очекуваат. Трошоци се сепак, а он си знае дали може да ги покрие.
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Море кошта кумството...
    Поклонот не мора да е 300-500 евра, јас и од најголемите буџовани не сум чула толку да дале, ама и 100 евра да се, останатото чини многу повеќе. Кумот има давачки за в црква, за венче, за свеќи, за торта, за невестата, за првото оро, за прасе ако го има, за руглица(ако ја има), значи најскапо си поминува. А да не зборуваме и дека сака неќе мора да се облечи. И да има што да носи, нешто ќе се најде како за инает. И сега пресметки џабе ќе правиме ние, зашто домашниот есап на пазар не излегува :) Тој си знае колку може и дали може да си дозволи. А дека е прекрасно, прекрасно е :)

    И ова, не е проблемот во парите колку во луѓето :) Тој може со помалце да си помине, ќе купи поефтино, ама на невестата и зетот ако не им е битен поклонот туку честа од кумот. Така да, може да се нафати и со колку има толку да си помине, настрана капата :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Уф, ние имаме проблеми со наоѓање на кумови. Не сакаат да се нафатат луѓево бре, ко божем морало толку да се троши. Честа е битна, сме разговарале за тоа, ама нејсе, срамот бил поголем.
    Сакам луѓе кои ни значат да ни бидат кумови, а не некои рандом луѓе само зашто можеле да си дозволат.
    Не знам каква ќе испадне работата, ама ќе има нервози околу ова.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Сите бегаат од тоа виножитке,трошок е :worried:
    Ние се нафаќаме кај ќе не побараат од што сме атерџии, тато вика човекот не кани чест ни прави ние за пари се туфкаме :DСме поминале и со помалце, и со повеќе, па фала богу никој не замерил толку сме можеле :) Затоа реков, кој со колку има ќе помине, најбитна е честа, ама има многу што прво в раце се пулат |(
    А бе секој си знае колку длабок му е џебот, и нема тука срам, битно е чесно да кумуваш и да си го испочитуваш кумот :)
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Абе ако немаш пари што ќе правиш, ќе изиграваш некој просјак и ќе се стискаш што не можеш да ги приуштиш сите работи по ред како што треба?? Па не е само ај прифати ради атер, па да не ги удоволиш сите потреби и адети!

    Инаку јас не сакам да ми бидат стари кумови бидејќи го сметам тоа за стварно света работа и сакам да ми бидат некои блиски луѓе, а не како кумовиве што ме имаат крштевано, ама баш никаде ги нема. Одеа моите на слава до пред некое време (значи еднаш годишно се гледаа) и толку и од тоа... Еве дечко ми е кум на најдобриот другар и како да им се круниса другарството, стана дел од семејсвото и си го сака малото како негово да е, а не некои кумови после крштевка забораваат дека воопшто крштевале и дека се кумови
     
  18. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Јас многу сакам да бидам кума, свекор ми што ги крстил крштениците се одени во Австралија и не се вратиле. А голем трошок е кој што сака нека рече, нас кумовците ни дадоа 700 евра во плик, ок имале дале но не е само тоа, купија невестинска торта ( кај нас кумот ја купува) сигурно кошташе 50 евра најмалки, за во црква се дава мислам околу 3000 денари, па дома кога невестата им става китки пак ја даруваат, па два бидермаера, поздравување на невестата во ресторанот... и уште многу трошоци. И како што рекле старите Кумот е втор татко треба да се почитува и сака.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Реинбоу а сте пробале ли да разговарате со некој, кој ти и партнерот сакате да ви биде кум, некој близок/ блиска другар/ка?
    Јас кога би се нашла во ваква ситуација би разговарала искрено, и доколку сакам тој/таа да ми ја направи таа чест не би ми било битно каков подарок донел, дали купил бидермаер, свеќи, торти, прасиња...
    Сигурна сум дека не гледаш низ призма на парите, затоа и ти давам ваков совет. Нема потреба од срам, колку се може толку, што може да се избегне, избегнете, што не гледајте да поминете поевтино.

    Знаеме какво ни е опшеството, и да ти донесе 50 евра ќе зборат, да донесе и 5000 пак ќе зборат, но вашето пријателство т.е. кумство ќе си остане.

    Јас кога ќе правам свадба ќе изберам кум кој ми е близок, и доколку и тој/таа има желба да биде, но ја/го спречуваат финансиите ќе направам се за да го надминеме тоа.
    За мене кумот има големо значење, тој те венчава во црква, утре и децата ќе ти ги крсти, и треба да присуствува на сите побитни родендени, слави, имендени. И подраго би ми било да имам кум кој ќе ми биде близок пријател, отколку некој ојле-дојле кој ми дал 500 евра во плико, а да го гледам еднаш во 10 години.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    И јас така велам,т.е. мислам.
    Си поправив муабет со дечко ми, па ќе видиме што ќе одлучи.