А, заборавив да напоменам дека ќе се консултирам и со Отецот. Но, денес е празник и следат и други празници, па не сакам сега да го замарам. Затоа сакав да слушнам и ваше мислење.
Кумството треба да е нешто духовно, на повисоко ниво. Не за пари туку од срце. Со тоа што прават тие покажуваат само непочитување на вас како кумашинци и луѓе пред се.
И затоа што не ве примиле на 15 минути многу се огрешиле спрема детето? Можеби не биле спремни, можеби не примаат гости во оваа ситуација, можеби биле болни па не сакале да ви кажат, многу можеби... Ги прашавте отворено зошто така постапиле? Или ви смета нешто друго? Можеби ти смета најмногу тоа што оделе по умот на свекрва ти? Млади се, или повозрасни? Пред да го откажете кумството, прашајте ги и отворено поразговарајте во што е проблемот. Можеби воопшто немале таква намера.
Многу е погрешно и лицемерно да не можеш да ги смислиш луѓето, ниту сакаш ,ама демек ќе тераме традиција не се откажува кумство. Ако е неубаво да се откаже кумство, тогаш да не ги сакаш кумовите е уште понеубаво, ама тоа поповите особен оние блиските нема да ви го кажат. Тоа ли е христијаноство? Од корист само, немој да не е убаво да откажеме, не ги сакаме, ама ај нека крстат уште едно дете па не им збориме веќе.
Да не смеело да се откаже кумство се бабини деветини пар екселанс. Ако некои луѓе не ми се погодени сигурно нема да се дружам со нив ниту па да ги ставам на важно место во животот на моето дете. Си веруваме ко народ во све и свашта. А ова многу што му огрешиле на детето, искрено јас очекував којзнае што, тоа уствари не ве примиле 15 мин, па може биле зафатени, може планирале да одат во село па им испаднало друго, може едноставно не сакале гости во моментот и гледале културно да ве одбијат. Реков којзнае што му направиле на детето. Многу му огрешиле звучи ко некоја штета да му направиле, а на детето уствари ич не му е гајле дали пошло да поседи 15 мин кај кумовите или право дома. Причинава звучи банално ама вие си знаете, може луѓето стварно не се ок, во тој случај откажуваш кумство и продолжуваш со живот.
Па тие ни кажаа дека треба да поминеме кај нив после големата молитва. Гости примаат и не беа болни. Кога заврши нашата свадба ми кажа онаа твојата ( свекрва ми ) ја спобудалела со адети, обичаи. Јас и кажав кога здравје боже ќе дојде време за крштевање, консултирај се со свештено лице и не слушај никој друг. Млади се. Од мм другар. Ама за џабе старите не рекле не се зема кум од улица. И, ни мене и на маж ми ништо не ни смета.
@Bebac и ти при оваа ковид ситуација би мкнела бебе по гости ради адет и па уште они му погрешиле на детето? Немој те молам.Се гледа дека не се поднесувате, а и не ти е убав ставот дека била љубоморна што децата ги израснала во една соба ти си имала игротека. Од каде заклучи ? Како што те читам ти имаш нетрпение кон нив , не они кон вас. А дека не сте блиски, затоа ти смета. Малце ниски работи. И јас со моите не сум блиска, од друг град сме, ќе си честитаме празници и си одиме на родендени. Една основна почит. Ти се фаќаш за ситници , мислев којзнае што му направиле на детето
Вака не ве повикав да пишувате бабини деветини. Сето горе што го напиша, ништо не е точно. Јас побарав ако знае некој како да се постапи за раскинување на кумството. Додека не се консултирам со свештено лице. Значи ако некој знае нека пише. А, сите останати не ми филозофирајте. ОК
Ми се повраќа од вакви демек многу религиозни како тебе. Полна си со омраза за луѓето ама свештени лице што ќе каже.
Свештено лице ќе ти рече дека не може да се раскине кумството, без тие да ти одобрат. Имам прашано јас
Треба да побарате дозвола, благослов од теквните кумови за прекин на кумството и да се побарате нови кумови. Новото дете ќе ви го крсти новиот кум.
Вие си знаете најдобро. Ако веќе одиме по религија, некогаш треба и да се прости. Кумашините неколку пати пробаа да се поканат да дојдат дека не биле на честито, јас како кума им кажав дека не сум за гости одење, поради короната и дека се чуваме. Фала Богу не се навредија, кумашинката рече кумо како се осеќате така, ќе се видиме другпат. И да сме огрешиле, треба да се прости. Имам искуство со мојата кума се замерија со моите, после многу години на шалтер дојде не ме ни позна. Ич не е фино, кумовите треба да се втори родители.
Нормално, зошто си ги комплицирате животите, ова не е време на нашите мајки и баби, сега и односите со кумови не се ко порано, се е по другарски и нема тука замерки, ке испоштуваш родендени , слави и сл, и толку, не можеле да дојдат у време на корона и сл, па што ке дојдат другпат,сите сме свесни дека постојат разни карактери , многу сеуште се плашат и тоа е ок. Уживајте и не си комплицирајте .
Не знам дали многу очекувам и како да се понашам, прифативме кумство на мм кај другар. Тие се многу блиски, јас со нив се имам 3-4 пати видено и онака се океј, фини за дружба. Од кога прифативме кумство пробувам неколку пати да искомуницирам со невестава да се договориме околу свадба и сл. и добивам дистанцирани одговори, а се останато дознавам преку мм - него го информира другар му. Не можеме да бидеме најдобри другарки тоа ми е јасно, не го ни барам тоа, но барем колку - толку да сме во комуникација да не се осеќам ко странец и да си го истерам кумството со ќеиф искрено. Дали многу барам оти јас навикната со мојата кума ептен се зближивме уште од првата средба..
Различни луѓе, ако не сака, не сака. Не форсирај. Секако на маж ти му е првично другар, тие двајца нека си се информираат. Нема потреба од такви очекувања, едноставно може таков карактер е жената, зошто да се менува.