Дека јас сум таква ситничарка околу организации и сакам и другите да се Свесна сум дека не сме сите исти, ама сакав да направам да се чувствува и она слободно со мене. Ќе оставам сега на неа, како сака така. Ние со нашите кумови сме во стална комуникација, се договаравме заедно за сите детали поврзани со нив - до бонбони какви да има во црква, материјали, свеќи, шминки, фризури, торти. Да биде и по нивен и наш ќеиф. Затоа што со моите кумови што ме крстиле имавме дистанциран однос и го немав никогаш тоа чувство за кумови, не сакам и она така да се чувствува, а не со лоша намера или да треба да ми придава некоја важност или што и да е заради тоа што сме кумови.
Значи ручек или веселба без вие да каните подкумови? Ке ве даруваат ли? Многу зависи дали ке имаат тие трошоци кон вас, или само ве викаат да се потпишете како добри пријатели. Ако нема адети, тогаш дај пари колку планираш, ама јас под 100 евра не би ставила, ама како се движат порции, 25 најевтина опција мислам, пред три години цените беа други, Ако ве даруваат тогаш повеќе, на крај сметај тие што ке потрошат вие да го покриете и да има и подарок за нив.
Иако не прават свадба, кумот обично нешто покрупно купува или дава пари. А тоа ќе зависи и од моментот дали сте дарувани.
Не само за потпис во матично а за ручек и да има сигурно би било или дома или во кафана некоја само со родителите и ние ако бидеме. Дарувања такви ствари нема да има.
И јас ќе бидам кума, само во општина ќе се венчаат. Е сега мм вели не треба подарок нашите кумови само цвеќе ни донеле, а мене ми е глупаво. Нз што да правам. И дали да носам торта, по венчавката ќе одиме во ресторан?
Како бе без подарок, срамота е... Ете нема да биде само во матично, ќе одите и во ресторан, нормално дека ќе им дадете подарок спрема вашите финансиски можности. Обични гости да сте па пак е срамота празни да отидете, а не па што сте кумови и штом сте прифатиле кумство треба да биде маж ти свесен дека сепак малку повеќе треба да го одврзе ќесето од обичен гостин, кум ли е што ли е. И ако вашите кумови ви донеле само цвеќе не значи дека и вие исто така треба да се избрукате каде што вие сте кумови. Разбирам некој да е во тешка финансиска состојба, па да не даде подарок, ама вие сигурно колку толку можете да одвоите одредена сума. И да е само регистрација во матично, без одење во ресторан како кумови треба да дадете подарок.
За торта прашај си дали ќе сакаат, а инаку денеска без поклон на обично гости не се оди, а не пак на регистрација кум кај што си. Кај нас на регистрацијата сите дојдоа со поклони, пријатели, роднини. Не мора некој скап поклон да е ако прават понатаму венчавка, свадба сега ако не сте во можност и нешто симболично.
За вашите кумови нивна срамота. Мене на кафе не ми се оди со празни раце, носам или кафе или за децата нешто, а не пак на свадба. Што и да однесеш нема да погрешиш, само ке е срамота ако не однесеш. Пари во плик, ваучер, подарок по избор (постелнина итн), цвеќе и торта според мене. Моите кумови и старосватови и благо носеа во општина, атлантис, бајадера во корпа да се почестат гостите. И ние сме носеле кај што сме биле кумови и старосватови.
За во црква свеќи, машни ако сакаш, платно за невестата, и пари на попот. Плус некои фрлаат ориз со пари после црква. За матично ништо, лична карта и ако сакаш корпа со благо (атлантис и сл.).