1500-2000. Во матично ништо не плаќа кумот. Младите плаќаат за викенд, во работни денови е бесплатно.
Знам за случај двајца другари, едниот на другиот му е кум, а овој пак му е старосват на првиот. Со дозвола од поп. Најубаво прашај си во црква. Во матично секако може
Ве читам и мое мислење е дека и да е старо и ново кумство нема голема разлика после години, се се сведува на куртоазија, ради реда, одење доаѓање, и да сте кумови со пријатели од х животни проблеми , причини, едноставно се случува животот и односите се заладуваат. Така да барајте добри луѓе во принцип а останатото е двострано колку даваш толку добиваш.
Девојки да ве прашам кои се обврските на кумот да ми кажете? Јас досега ги знам овие: -Плаќање во црква -Свеќите во црква -додатокот за во коса на невестата ..друго нешто шо треба? Нешто дарови за зетот и невестата настрана од поклонот треба?
Плаќање во црква Свеќи и украс ако сакаш Подарок Корпа со пиење Цвеќе за невестата Торта во ресторан Тоа за додатокот на глава прв пат слушам. Ке ве даруваат тие вас после свадбата.
Dobro Utro Devojki ❤️ Treba da se vencame i da pravime krstevka no seushte nemame kum. Dali bi mozhelo sestra(na mazh i) da ni bide kuma ili pak nejziniot soprug. Fala ubav. Den
Ние во март закажавме во црква (сега веќе помина, се земавме, преубава венчавка имавме), и тогаш ни кажаа во црква роднина (брат,сестра, прв/втор брстучед не може да е кум/старосват... А за сопруг на сестра не знам, прашајте во црквата каде планирате да закажете.
За сопругот на сестра може, за сестрата мислам не дозволуваат. Знам ваков случај. Ама најубаво да си прашате во црквата кај што ќе се венчате.
Да, ама во црква во овој случај ќе стои и ќе венча само кумот кој не е во крвно сродство со младенците. Кумата, т.е. сестрата овде нема улога. Иако да, ќе се вика кума. Татко ми е старосват на вујко ми. Исто е.
Девојки, знам дека кумот треба да е крстен за да може да венчава во црква.Дали бараат крштеница како доказ?
Претпоставувам дека не може ама ај да прашам. Дали може да и бидам кума на мојата старосватица? Знам дека може една на друга старосватици ама ова...