Епа не знам и мене не ми иде в глава..ете на пријателкава ваљда зет и ќе го крсти бебето, да не е сестра и..
Смешно прашање ама до сега не сум била на венчавка во црква и не знам како одат работите... Во црква кумот/кумата не венчава и после е кум/кума за децата здравје така? Потребен е еден човек нема врска што не е мажена/женет? А што се старосватови не разбирам? Блиски особи/фамилија, која им е улогата? И при регистрацијата ако кумот/кумата е сингл кој да ни се потпише друг, наш избор е? Први сме со свадба и сите во околина ни се сингл или не мажени и не знам што како е правилно, а моите појма немаат од пред 25 години земени...
Незнам како е кај вас ама кај нас вака.Кумот е кум и на свадба и на децата.Нема везе дали кумот,старосватот си се сингл или пар.Старосват може да ви биде било кој роднина,другар/ка.Кај нас во матично се потпишуваат кум и старосват.Инаку и двајцата се сведоци нели и пред Бога и пред закон,тоа е нивната функција.
Многу зависи од каде си, во различни краеви различни се улогите. Во матично се потпишуваат двајца полнолетни: кум/кума прв сведок и старосват/старосватица. Пријатели а не роднини. Кумството може да е старо, значи кумот кој се потпишал кај родителите на мажот и го крстил во црква може да е кум на негова свадба и да го крсти неговото дете. Во црква на венчавка потребни се и двајцата, најчесто и со девојка/жена а може и мајка брат сестра за да држат свеќи. За крштевка само кум.
Кај нас кумот не смее да биде со мажот роднина со жената да.А за старосватот нема врска дали ти е роднина.
Кај нас никогаш не се роднини со никого. Пријатели се или старо кумство. Во најголем дел кум најдобар другар на мажот а старосватица на жената или обратно. Неретко и двајцата се пријатели на мажот. Затоа кажав дека зависи од каде се игра улога.
Ја кршат, се поделува таму на сите по малко, а остатокот останува повеќето на кумот и малко се праќа на младоженецот. Така е кај нас.
Ве молам идеи што да се однесе од страна на кумови на мекици и повојница( прв пат кога ќе го видиш бебето)?
Здраво, дали некој може да ми каже колку бонбонки со паричка се носат во црква, оние што се фрлаат? Кумови сме па да знам колку да нарачам.
Јас сум кума во недела.. Мене ми рекоа дека колку сакаш прави само непарен број јас ке си направам 31. Сама ке си ги правам бидејки секаде ми рекоа 20ден од бонбонче а, ништо комплицирано не е