Зашто ти да ја даруваш невестата со злато ? Јас првпат слушам за вакво нешто . Па и зетот дури Торта носиш ако сакаш во ресторан , и кумовите го купуваат бидермаерот , освен ако не сте поинаку договорени .
Нема потреба од злато, кумовите нас ни купија часовници за венчавката, бомбоњера и тоа беше сѐ, можеш да земеш што сакаш, нема потреба да е нешто прескапо. Торта не се носи, тортата ја купуваат кумовите на свадбата, ако веќе прават кај вас.
Ние бевме кумови пред скоро време кај нас злато си ја даруваа невестата само домашните ,а јас си ја дарував колку што ми се можностите исто така и зетот,така беше и за мојата свадба.Торта од мене си порачав од истата слаткарница како и нивната само им кажав да пиши на картичка од кумовите.. Јас исто од читање по форуми прочитав дека во матично кумата носи бомбони за почастување па јас носев ,за разлика од тоа за мојата свадба носеа свекрва ми и мајка ми. Сега кога бевме кумови никој не носеше па беа благодарни бидејќи ми текнало мене..на крајот кумството е едно преубаво искуство и чувството дека си кум е многу убаво. Честито да ви е ..
@BadKarma94 ние бевме кумови сега брзо во Тетовско и јас ја дарував невестата обетки (ама не златни). Зет до сега сум слушнала дека го даруваат родителите на невестата, кумовите не. Иако е таков обичајот таму, нашиот кум е од Тетово па мене не ме даруваше ништо. Невестинска торта на 3 спрата за во ресторан, бидермаер, материјал, свеќи и бонбони за црква фрлање купивме ние, плус поклон во плик за свадбата. Во глобала, се е ствар на договор, а и секој спрема своите можности секако.
Пред месец ми беше свадбата, не бешр традиционална да се почитуваат сите обичаи ама како невеста имав дарови за кум/а, старосват/ица и девер како им подавав така ми подаваа злато( привезок Богородица, обетки и алка). Знам дека ако те дарува невестата треба да вратиш со нешто, може тука добар момент е да се даде и пликото ако се оди на таков подарок.
здраво кумови сме за брзо ќе прават све заедно црква, род, и крштевка меѓутоа по невеста и тоа нема да се прави дирекно во црква кажете ми што треба за крштевката(бањарка, облека, свеќи друго? ) и дали да му се даде златно алче плус пари доволно е само алче? и за црква ( материјал свеќи? колку би оставиле во плико? не сме во можност бидејќи на пат ни доаѓа второ дете овој месец
За крштевката на мојата керка кумовите и ставија во црква златно крвче и тоа што ја облекоа бањарка памперс маичка боди фустанче чевлички и плус алиштенца како бовча,свеќи погача вино мислам тоа беше се друго ништо бидејќи им кажавме да не се трошат многу... Кога бев јас кума за свадба земав за вцрква: материјал,свеќи,погача,вино,жито бомбони со паричка.поклон им ставивме 15.000ден. (како кума за крштевка немам бидено да кажам )
Мислам дека зависи од каде си, во нашиов крај за свадба кумот носи украсни свеќи, материјал (2 метра е доволно), бела крпа (во продавница предлагаат подолга крпа која за време на венчавката би ги покрила и кумот и деверот, околу 400 денари се, барем кај нас), украсно завиткани 20тина парчиња (малку јачмен/пченица, 1 бомбонче и 1 метална паричка) кои се фрлаат за време на венчавката кога се вртат трите кругови во црквата, погача и вино. За крштевка луѓето велат дека се давало златно (некаде дури и попот го барал златното за да го стави во водата каде што крштева). Може да е алка, привезок, обетчиња, ланче - било што. Освен тоа, треба исто бела крпа, бела маичка/боди, облека од глава до пети, украсни свеќи, и понекогаш нешто за ставање на косата која попот ја сечи за време на крштевката (има посебни малечки кутивчиња (со икона на предната страна) за таа намена, во свеќара имам видено, околу 300-350 денари се, меѓутоа според мене може да спремиш и едно обично пликче, колку да има каде да се прибере косичката). И за венчавката и за крштевката кумот плаќа во црквата (не знам точно за сумата). За паричните поклони не можам да кажам, одлучете си помеѓу вас. Сите се свесни дека во денешно време да бидеш кум е доста голем трошок, и не би требало да има загледувања и замерки!
Здраво, За нашата свадба нема да има одење по невеста, туку ќе биде само црква и ресторан (и тоа плус без домашни музики и кетеринзи кај нас кај сопругот дома- ние веќе живееме заедно) Деверчето ни е другар, па ќе му дадеме пари како дар. Старосватите- вујко на сопругот Па ќе земеме нешто сервис, прибор и сл (без додаток на пари) Е сега прашањето ми е за кумот? Дали тука има некое "непишано правило" на тоа колку ќе ти даде и потроши кумот за тебе ти да му вратиш??????? Ние ќе правиме венчавка и крштевка. Се мислевме на кумовите да му нарачаме една рачно изработена слика од уметник наш, персонализирана верзија, бронзена, со бои итн ?? *Таа би коштала околу 10 000 денари Дали е тоа во ред? Или е срамота и е малку? На свадбата ќе дојдат плус можеби и помладите. Дали да правам и дарови за нив какви? Искрено ние мислевме само тоа да им дадеме и толку Ве прашувам, бидејќи ние скроз сакавме да го избегнеме тоа, ама еве го нема избегнување туку наспроти може да дојде и до разделување и искажување незадоволство од другата страна бидејќи многу се порошиле а ние не ?
Би ти коментирала само за уметничката слика. Вреди и е богатство, ама кој како сваќа. Јас за мојата ќерка добив икона филигран мајка Богородица која јас знам дека е многу убава и сигурно скапа,а и да не е беше многу убава- но не секој го знае тоа. И со гордост си ја закачив и да е 200 ден мене ми беше убава, но од прости луѓе кои не знаат многу си добив коментар- ех само сликава ли ви ја донесоа а вие сте ги дарувале со ххххх ( небитно). Така да размисли да не излезе само сликава ли ми ја додоа а јас колкав поклон им дадов. Јас пари дарував кум, староватови , девер итн.
Здраво, за скоро ќе бидам кума кај мојата најдобра другарка, нема да прават свадба туку само регистрација, венчавка и мала прослава во ресторан. Нема да има никакви обичаи ниту дарувања за кум, старосват и слично...Како поклон сакаме да им дадеме пари, но не знам која би била прикладна сума, па сакам да прашам дали има некој слично искуство и според вас која е прикладна сума за поклон од кумовите
Малце е незгодно дека од кумот родителите се разведени. Таткото е преженет, мајката е сама. Сакаат да ги викнат само нив без сопругата од таткото. Мислам глупо е? Така кажав на другаркава, ама кој знае
Најдобро сами да одлучат. Се зависи како ке се договорите. Пренеси на кумовите дека сакаш да ги поканите и родителите од две страни ама да одлучат сами и да кажат број. Е сега, јас да имам втор маж и така да не го поканат на венчавка, не би одела. Не знам ни разведениот пар во каков однос е. Ако не се скарани, ако може да седнат на иста маса без драми ок. Избегнувам да одлучувам за вакви ситуации каде би можело мене да ме повикаат, наводно јас сум кажала кој да оди а кој не.
Ја и реков на другарката или да не ги вика или тој што е пар со пар, сопруга му е на крај краева, деца има и со неа. Не се трпат, по зборењето. Дефинитивно не се за н иста маса. Дури се шалев и и реков ако го викнеш сам до друг равод ќе го донесеш
Точно. Не може ти какп трето лице да одлучиш нечија сопруга да не каниш. Значи ова се родители на дечко на твоја другарка која ке ти е кума?