1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Луѓето едноставно бегаат од обврски. За свадба ќе се снајдат и ќе го поднесат тој трошок или на крај краева ќе се договорите како да поминете поскромно ама тука има друга приказна која не ја баш сите размислуваат (ова од мое искуство, кумство на 3 пара :) ).
    Настануваат деца, па доаѓаат крштевки, родендени, празници...еве НГ мора пакетче да му спремиш на детето на тоа се радува (или играчка), Велигден- јајце и пари ( и 100ден. да му дадеш а нема да му дадеш толку туку 500ден на пр. сепак е трошок) и така бескрајни трошоци додека не пораснат и појдат на училиште па можеш во нешто да ескивираш, ама нека се живи и здрави, деца се на тоа се радуваат.
    И јас сум за кум кој е близок пријател за да другарството остане и понатаму.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Уште никој официјално не сме прашале, ама онака уз муабет, зафркавање и тогаш почнуваат со вртење на муабетот на друга страна, терање на шала, а не пак онака официјално да ги прашаме. Уште вака се гледа дека сакаат да избегнат. Не знам, некако ни се истенчува изборот.
    А колку време пред свадбата инаку се прашуваат кумовите?
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Па 3-4 недели пред свадба, нели вие одите прашувате па потоа тие кај вас доаѓаат официјално на честито. Нели кумови се мора да ги изпоштуваш мада и тоа си е по Договор.
    А и кога закажуваш во црква те прашуваат за име на кум и од каде е, дали е крстен...
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас мислам дека треба да си почнете мн порано да барате кумови, и ние лани кога се веривме ни откажаа старите кумови, и од февруари па до август месец ( а свадбата ни беше октоммври) бевме во потрага на кумови, и буквално ги прашавме сите другари, познати и никој не се нафакаше и дури на крај реков дека ке одам по улица и така ке барам кум :)
    и сосема случајно ја прашав една другарка со која мн време не се имавме видено, и за срека одма прифати ;) а во однос на парите секој ке ти даде колку може така? нас кумовите ни дадоа 150 евра , а и да ми дадеа помалку немаше да ми смета, нормално и за поклонот ке си се договорите како и за се друго :) , торта и свеките за во црква, и тоа беше целиот нивни трошок.
    тргнувајки од нашето искуство да најдеме кум, и колку е тоа тешко во денешно време јас одма би прифатила ако некој ме праша :$
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Убава работа е кумството, и чест е, ама дека требаат пари, требаат. Јас сум кума кај другарка. Кумот што им прифатил им се разболе 1 месец пред свадбата, заврши во болница и мене ме поканија 1 месец пред свадба. Нормално, прифатив, чест ми беше. Е сега, од тогаш има повеќе поминато повеќе од 13-14 години, ама како што памтам, подарокот кој го купив беше околу 5000 денари (тогаш пола моја плата :) ), купив бидермаерче, платив црква, купив торта (околу 2500 беше, оти свадбена, инаку беше обична, на еден спрат, ама дотерувањето како за свадба ми го наплатија убаво), па за мене облека, нормално, фустан, чевли, наметка, фризер... (ова се на купче чинеше прилично пари). За музика не ми отидоа ,многу пари, може оти женско, не ме гњавеа, а и другаркава им рекла да не ме дават :clap: . Мислам дека луѓето многу се плашат и од трошоците подоцна, ама нека е за арно, мене ми е мерак па кога носам. На пр. за повојница, кога отидов да го видам првото кумашинче, однесов торта, злато, пари и облека. За крштевката однесов злато, облека, чевли, постелнина и торта. Прв роденден пак нешто златно, подарок облека, играчка и торта (така и за двете дечиња). За другите родендени подароците ми беа во договор со другарката, некогаш чизми, некогаш капут, јакничка... зависи што им треба. И пак ќе кажам, толку си ги сакам, стварно ми е мерак кога им купувам. Е сега, може да не ми се толку блиски тоа би ми било повеќе товар отколку мерак, не знам, ама може затоа бегаат луѓе. Има трошоци, навистина, ама па и вака и така едно чудо пари трошиме месечно на глупости, поарно за нешто повредно да ги дадеме.
     
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    славица зар не е касно 3-4 недели пред свадбата :?: , нашите кумови дознаа уште истата ден кога ја закажавме свадбата, а тоа беше 4 месеци пред свадбата. Може ним не им одговара или слично.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Зборам ако те одбие кумот и си во потрага по друг кум како што е нејзиниот случај. Иако сеуште не се официјално одбиени ама така им се чини по муабетите од страна.
    Инаку да, откако ќе се даде збор прво нели као се соопштува на кумот т.е се прашува кумот, ама ако те одбие и бараш друга солуција, времето си тече и те гази времето, па затоа пишав дека бар 1 месец одприлика пред свадбата треба да биде решено
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    ние оние кој што сакавме да ни бидат кумови ги прашавме 7 месеци пред свадба а пред свадба официјално ќе идеме да ги поканиме како што е редот. Па нека си знаат за да си собираат парички на време ;) што е сигурно сигурно си е хехее
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дечко ми се реши за НЕ.
    Од причина што на други две места е ветен за старосват и кум(а сето тоа е трошок).А и на сета среќа,човекот одма си нашол друг кум.Па за убаво нека е,нека сме живи и здрави,така требало да биде.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ние кога се веривме со маж ми имавме најдено нов кум, близок пријател и колега на маж ми, но отидовме кај стариот кум да го прашаме за кумство како што си е редот. И стариот кум првин не не позна кои сме, зашто го немал видено маж ми едно 20години, ама сепак се нафати.
    И што се случи... Дојде не венча и го снема....
    Родив девојче кое првпат го виде кога имаше 1година и буквално го измоливме кумот да дојде в црква и да ја крсти. Од тогаш се нема ни јавено ни пак ни одговорил на нашите покани за роденден, за божик или било кој празник. На улица ако се сретнеме едно здраво и толку.
    И сега пак сум бремена и не сакам тој да биде кум на детево.
    Кумот го сметам за свето нешто, и ако тој решил да крсти дете, значи дека на некој начин се обврзува кон тоа дете и треба да има барем некој удел во неговиот живот.
    Кажете ми дали можам да го сменам кумот? Ке биде ли проблем ако еден го крстил првото а друг второто дете?
    Знам дека за да се раскине кумство треба да има голема причина за тоа, а јас според мене, имам и повеќе од голема...
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас колку што знам и што имам слушано од постари кумот е нели свето нешто, и било многу лошо сам ти да го откажеш, а ако тој ти откаже поради некоја причина тогаш ок...
    а зошто вие едноставно не отидете и не разговарате со нив, и им кажете дека сакате да имате поблиски односи и слично, па можи тие ке подразмислат и сами ке ви откажат и ке ви дадат благослов да си најдете нов кум ;)
     
  12. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Јас јасно им имам дадено до знаење дека сакам поблизок однос со нив, или ако не можат или незнам од која друга причина не сакаат да го негуваат ова кумство да ни кажат отворено. Ама повратен одговор нема еве 3години. Тоа што немаме апсолутно никаков контакт со нив ми кажува дека нив баш и не им е галје за кумството. Живеат на километар од нас, така да далечината не е проблем. Друг проблем не гледам, зашто ние сме ги испочитувале за се, според сите адети, ама кога видов оти само ние се трудиме , кренав раце и јас.
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Ние го прашавме стариот кум,тој има син кој е на наша возраст,кој тазе се жени,и тој прифати нели-син му да ни биде.Мислев дека нема да прифати,пошто се од друг град и воопшто син му со вереникот мој не се знае....се надевав дека ќе одбие искрено,па мојата најддрага другарка со дечко и ги прашавме за старосвати,а ги сакавме за кумови :worried:
    Потоа,стариот кум се јави,и рече -ама ако вие си планирате некој друг за кум,не е проблем,јас сфаќам дека сега младите си бираат другари кумови,слободно да ни кажете ако сакате така.
    И сега незнаеме што да правиме.
    Дали се предомислува стариот кум,па вторпат звонеше тоа да го каже,дали да го одбијам стариот кум и да ја прашам другарка ми сега за кума(што навистина ми е незгодно,ќе испадне дека ме откачил стриот кум па ајде нејзе)......Навистина незнам....... :worried:
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Другарка ти не може така да си помисли, кога знае дека редот е да се праша прво кумот, па потоа друг. Ако навистина сакате таа да ви е кума, тогаш разговарајте со старите, објаснете им. Сепак и јас мислам дека штом ѕвонеле вторпат може се мислат :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Биди си отворена,разговарајте со стариот кум,кажете му,веќе кога он ти понудил,зошто да не.
    Па поубаво е ново кумство со кумови со кои ќе живееш ќе се гледаш,кум кој ќе ти влага во куќа, а не ај бидна што бидна кумството и после 20год. да не се видиме, едвај за крштевка на дете да ти дојдат
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Јас мојата кума ја немам видено-па некои 25 години. И да ја видам -нема да ја препознаам-таа мене па ич. Мажот ми па нема ни кумови-не бил крстен. Добитна комбинација. Ние си ги избравме најдобрите другари-а на свадба, бидејки тоа се луѓето кои ги знаеме барем половина живот и со кои верувам ќе се дружиме уште долго време.
    Сепак и да беѓе поинаку....незнам зошто-ама она РЕДОТ бил таков-ме боде у нерв. Дотолку повеќе ако самиот ти кумството го сметаш за нешто многу важно. Зарем РЕДОТ не е кумот да ти биде близок човек? Или РЕДОТ е да се праша стариот кум кој, можеби и не е веќе жив( 25 години се многу)....

    А веќе, ако не го сакам стариот кум-нема ни да го прашам за идното кумство-можеби само поради РЕДОТ ке го поканам на свадба и ќе му кажам дека ние си избравме кумови. Ќе биде лут, нели?!? А јас што сум лута бидејќи не го ни познавам ???
    А зошто да не си го живееме животот по сопствени правила, можеби со млаки компромиси...
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.395
    Јас не би одбила кумство во никој случај, а би дала толку колку што можам, и би била мирна во однос на тоа. За мене тоа е чест, а парите се споредна работа.

    Фала богу ние немавме проблем. Дури и не можевме да се решиме кој да биде од двајца потенцијални, а знаевме дека двајцата би се нафатиле.

    За мене и нема некоја разлика кум или не во однос на трошоци. Да, има трошоци во црква, ама во однос на подарок и за свадба и за дете - за тие што ми се блиски би дала максимум што можам, и би сакала прописно да се дотерам без разлика дали имам некаква „функција“. Исто било и со моите блиски пријатели - кој колку можел давал, и сите купуваат и пакетчиња, и подароци за родендените на децата, буквално не се прави никаква разлика.
     
    На kate21, Snow-Queen, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Исто вака би постапила и јас.Отворено одма би одговорила: ако сакате кума за пари - не сум таа, ама колку можам толку со срце ќе ви дадам и ќе ве венчам
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас би одбила кумство поточно старо кумство само во случај ако не сме блиски и ако често не се гледаме. Според мене кумството не е ради реда што се вика туку треба да ти е некој близок, некој барем приближно на твои години со кој можеш да си живееш и да се дружиш. Кумството е света работа, се заколнуваш пред Бога и баш поради тоа би сакала еден ден кумови да ми бидат некој другари од друштво со кои многу живееме, а не старите кумови на дечко ми кои тој да ги сретне на улица нема да ги препознае.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    да си живееле со старите кумови ДА, или пак со синот ќерката, ама што велиш ти на улица да поминеш и да не го познаеш и тој кум да ти биде :x