Мој совет беше или сите или никој. Посебна маса се подразбира. Мада и тоа е веќе глупаво, ама тоа е. Ни први ни последни.
Здраво на сите малку подруго прашање дали купувате поклон за прочка на кумовите првата година и што би им купиле
Ниту сме купиле, ниту одиме на Прочка кај кумот. Знам за тоа не се кани, ама па и мора да се најавиш, може не е дома, така не би одела, нашиот кум се е на пат и никогаш не не ни поканил ни онака на гости, ниту па дошол, не знам зошто прифати да биде кум. Ова е старо кумство, и кумов наш што не венчаше е син на кумот што го крстел мм, и ние го прашавме и прифати. Воопшто не се ни гледаме. За Прочка одиме само кај родители. На комшика кумовите и носат вино и бонбоњера од овие персонализирани што се. Секако и на обичен ден кога одиме негде на гости носиме нешто, не одиме со празни раце.
Ние затоа си фативме нови кумови. Сега нз дали е секаде така ама кај се оди цела недела пред прочка здраво првата година значи кај кумовите и некој поклон се купува на сите. И сега за младенци нели па сите одат на гости
Па тоа ок нови кумови, ама требало благослов од старите. И синот на кумот сакаше да ни биде кум, а сега нигде го нема. За подарок за Прочка прв пат слушам, ок е да однесете нешто симболично, секако на гости не одиме со празни раце, а за Младенци вас ќе ви носат. Секој крај различни адети имаат. Кај нас од време децата одат кај родителите за Прочка, сега кумови, кумашини, па не знам каде, кој ќе постигне толку сегде на гости, па и ако се во други градови, цел ден е малку.
Ми треба совет оти не сум многу по овие работи. Имено, малиот ке го крстиме летоска + ке се венчаме во црква само. Прашањето ми е: што се подарува на кумовците? Дали да ги даруваме и нивните дечиња? Дали е во ред злато да даруваме? Моја желба е да им купиме златен привезок, ама и да е тоа дали уште нешто ке треба да се земе? Ако има некоја форумџика од струмички крај слободно нека ни пише оти не им ги знам адетите
Јас летото бев кума и мене само пари ми дадоа 70 е а на мм 50е.инаку на сите што беа во кафана викани најблиските сите ги даруваат.
Не сме од Струмица ама за нашата свадба и после за крштевката на детето купивме подароци и за кумовите и за нивните деца. За тоа што ќе дарувате е ваш избор и желба. Нема правилно или погрешно. Како што сметате според буџетот.
Јас го дарував кумот со пари (не беше женет, ниту дојде со девојка). Родителите негови и сестра му со колекции, децата на сестра му со кошули. Адетите се според буџетот, сега младите не практикуваат многу адети, тоа си е ваша желба со што ќе ги дарувате.
Ние за крштенката си се договоривме и со кумот и со старосватицата. Одредивме сума и да си изберат што сакат (кумот 180 евра, старосватица 100 евра, ова дека се сами, да имаа партнери и деца вкупно на сите би дале толку). Кумот си зеде патики, а старосватицата смарт часовник. Ако сте блиски прашајте ги и одберете заедно
Ми треба инфо, дар за невестата што треба да има во него. Младите се 100% по адети, така да, не барам модерни идеи
Да, јасно ми е @Feniksgirl . Најчесто е така. Ама во областа, те селото каде ќе биде свадбата го има обичајот и кумата да ја дарува невестата кога ќе оди кај неа. Значи јас секако како Кума ќе имам дар. Е сега ми треба инфо, без што не се прави дарот. Пример Гаки било задолжително Влечки или обувки, исто било задолжително, дамек да не се врати назад Имало низ дарови и чадори ставале, највероватно, да може да издржува се е сега прашувам да не заборавам нешто. Може има некое парче облека со кое, по адетот на мажот се ќе му биде спремен. Па ако е до мене, да си ставам јас во дарот, после да не им сум крива
За мојата свадба јас ги дарував кумовите така ми кажаа така направив.. А кога бевме кумови ние ја дарувавме невестата и таму така ми кажаа младите така направивме..ја дарував бањарка