Каква е процедурата во Скопје какви документи се бараат за венчавка и крштевка на малдаоженците и кумовите
Dali starosvatovite sedat zaedno so mladozencite I kumovite na proslavata(svadbata) I dali treba I starosvatcite da se daruvaat?
Зависи во кој крај си. Кај нас седевме заедно младоженците, кумовите, старосватите и деверот. Јас ги дарував сите овие што ги набројав.
Од каде да нарачам украсени свеќи? И за материјалот ме интересира, таму се мота некако, се врзува, што се прави? Можам ли некаде да го однесам да ми го намотаат убаво и само да им го ставам на младоженците? Друго нешто што имам обврска за во црква? И друго прашање, на денот на свадбата кога ќе одиме по невестата што да купам за кај неа? Пример цвеќе за нејзе, за мајка и, алкохол, благо? Без везе ми е некако со празни раце.
Кума ќе си? Јас лани правев свадба, па свежо ми е. Кај нас во манастирот каде што се венчавме ни рекоа дека свеќите треба да се купат (од кумовците) од манастирот, на денот на венчавката. Кумата имаше веќе направени машни, и само ги заврзе на свеќите. Во било која цвеќара може да ти ги направат, или некои што декорираат. Платното исто во цвеќара може да ти го направат, или можеш и сама да одиш до Бит Пазар, низ продавничките за свадбени работи, и да си земеш од стиропор или со што и да има некои фигури во форма на срце. Околу фигурата може да го намотиш платното. Ама истово може и во некоја цвеќара да ти го направат. Во црква бурмите кумот ги носи со себе, и круните им ги менува. Исто, плаќа и дел од цената за венчавката. Можеш евентуално некое интересно кутивче или перниче декорирано за бурмите. Инаку немаш потреба ништо да носиш на денот на венчавката дома кај невестата, не се замарај. Кај нас адетот е дека букетот е од кумата, па кумата моја дојде со букетот. А јас ги дарував потоа кумовите дома кај мене. Исто и невестинската торта е од кумовите (кај нас ова).
Ние лани се венчавме и обично материјалот го мотаат во форма на круг или срце во цвеќара за естетски да изгледа подобро, од материјалот адетот е невестата да си сошие фустан но никој не шие и во последно време веќе не мотаат парче материјал, кумата купува готов фустан и го мотаат фустанот, мене кумата ми купи фустан.
Свеќи можеш од црква и да ги однесеш во цвеќара да ти ги украсат. Исто и материјалот нас кумот ни го однесе во цвеќара и ни го намотаа во срце.
Свеќите ќе ги купите од црквата кај што ќе се венчаат младите. Ние така направивме со маж ми. А машни за свеќите има по цвеќарите. Може таму да ви ги украсат. Маж ми самиот ги врза машните.
за во црква: Свеќи од црква, материјалот можеш по цвеќарите да го украсат ( а може доколку невестата си сака се да и биде исто украсено да каже во каде да ги носите сите или пак она да среди па да и дадете пари јас кога бев кума така направивме, )друго кај нас во црква на испаѓање позади преку младоженците кумата фрла бонбони украсни , и да се плати за венчавката (2000-2500 ден) не се сеќавам точно на денот на свадбата кога одиш кај невестата немаш ништо ти обврска ќе те дарува невестата. за во ресторан можеш торта , како ке си се договориш со младите и ако има прасе од нив ќе треба да го играш и да му лепиш пари (10ки,50ки,100ки) кај нас невестинска торта си ја плаќаат младоженците, чевлите и бидермаерот е обврска на деверот.
Тоа си е со договор. А кума ли ќе бидеш? Кај нас ние го купувавме прасето, а знам секаде кумот го купувал. Треба да се искорени.
Да да, кума. И јас знам дека кумот го купува, не е проблем ако имаат желба баш ќе ги прашам само целиот момент играње со прасе ми е комичен
Јас прасе на свадба имам видено само во источна Македонија, конкретно во Штип. Во Скопје нема ваков "адет" или нешто пропуштам?
Има. Мојата свадба беше во Скопје. Најверојатно се е со договор на младите. Мене не ме прашаа за прасето.
Нема ваков адет во Скопје, на 1000 свадби сум била немало никаде, исто и материјалот не се краси во форми на стиропор, бидермаерот е од кумата исто и свеќите си ги китиш во било која цвеќара. Исто и бонбонки фрла кумата на искачање од црква. Лани бев кума. Исто со прасево потврдувам за источна Македонија. Во Струмица бевме имаше прасе..