Во Скопје кумот го купува, во некои други градови од младоженците е. Кај нас ние го купивме. @Feniksgirl за материјалот тоа е по желба на невестата, инаку многу поубаво изгледа намотан во форма на срце и свеќите исто така украсени во тон.
Во Скопје кум не купува прасе. Еве ние бевме лани такво нешто не купивме. И на сите останати свадби во мојов живот што сум била не купил кумот. Нема таков адет, евентуално ако младоженците се од друг крај па они да сакаат.
Можеби сега, а порано купувал. Татко ми кога беше кум на три места купувал, сега е со договор. Вујко ми старосват кога беше купи. Ова може пред 20 години, јас мала бев и моите беа поканети и памтам баш. За нашата свадба ние купивме.
Не знам во мои 30 години на милион свадби сум била, од Скопје сум и на ниедна немало таков адет, а лани баш во Струмица имаше и баш така со шетање и лепење пари на прасето.
Маж ми не е од Скопје, ама он не сакаше прасе. Кумата сама одлучила да купи. Јас се изненадив на свадбата. И на уште една свадба кај што бев имаше прасе.
Па не мора да е адет ако сакаат кумовите да купат. Се е со договор. Сега младиве полека ги искоренуваме адетите. И одењето по невеста за некои е глупост, за некои не е, се е по желба.
Да. Ако идела на свадби кај што имало прасе, па и текнало да купи. Немало потреба да се троши. Јадел некој прасе?
Нормално, секој како милува. Ствар вкус. Ама пак ќе кажам, збориме за сега не пред 30 години. Јас не да ти кажам.. на свадбава во Струмица коа бевме имаше толку многу адети, абе мислам цела вечност траеше свадбата. Одвај чекав да заврши, од прасиња од кокошки од идење по кум, па бричење, па прасе.. не знам уште нешто со лебови таму. Јао викам што ќе беше ова.
Ниту јадам, ниту сакам такви работи. Тоа се глупости за мене. Па ајде ќе играме со прасето, па пари ќе ставаат, глупости.
Не сакам такви адети. На нашата свадба прасето остана. После свадбата прашував некои луѓе и ми рекоа дека некои како адет го практикуваат тоа. Јас такво месо не јадам. Во секој град различни адети.
Кога купувавме свеќи од црква, требаше да бидеме старосватови. Ама и кумот исто направи. По невеста одевме во друг град во кој се практикува овој адет. Ама младите не сакаа такво нешто. Не ми е јасно зошто е китењето на прасето?
Имавме и ние прасе. За прасето си средија од ресторанот, од каде што го нарачуваат. Ни ја дадоа сметката само за колку кошташе, по кг, жива мера. Печењето беше гратис од ресторанот. Прасето го плативме ние, ама сепак му го однесоа келнерите играјќи на масата на кумот за да стави пари на прасето. А за во ресторанот од кумата беше невестинската торта. Кумата фрлаше исто бонбони со пченица и парички после венчавката во црква. Знам малите деца се растрчаа.
Кај нас не става само кумот пари, туку сите на невестинската маса и другарите што го носат прасето. После со собраните пари си отидовме на седенка во кафана сите
Леле и кај нас има адети со леб под мишка, тоа после венчавката а пред ресторанот се оди кај зетот дома. Па штипкање мало машко дете, кршење шишиња, прскање шеќер и што ли ти друго не знам. Јас не правев ништо од тоа. Ако прашаш постари некои, милион адети ќе набројат. Јас само одбрав кај мене дома да се поклонувам на мама и тато. Што ми требаше и тоа, не знам. Кога рикнаа сите да плачат таму, викам теткиве и бабиве уште притисок на топлото да качат. Па мајка ми скрши шише стаклено, кога го акна од земја. Брат ми плачеше, рикаше 20 минути, најјаки слики има од него тогаш. Мислиш во затвор ќе ме носат, а јас веќе 5 години живеев со мм во друг град. Еден чичко мој, на тато братучед, во рок од 5 минути после поклонувањето качи температура 40, па на инфузии после го носеа братучедите, на свадба со треска дојде. Ќерка му му вика - јас свадба не правам, за мене каков ќе бидеш. Па кога почнаа некое тажно оро да свират после поклонувањето, тато прв на оро, игра и плаче. Па клекнува, станува, се врти. Леле комедии. Ама па ептен јаки слики и снимки има од луѓево за време на адетиве. Тоа ќе остане меморирано.
И во Гостивар бев на нешто вака, имаше нешто бебе да и седне во скут на невестата.. демек плодна да биле ваму во Струмица младоженците кога влегоа во ресторан стоевме сите и гледавме како они одат и му се поклонуваат на кумот
Ние му се поклонувавме на кумот во ресторан кога влегувавме пред невестинската маса (не ми текнува од кај испадна тоа), сега како во сон ми е. Инаку во црква попот ни кажа да му бакнеме рака на кумот, а кумот помал од нас, ама кум е. Дали на вас вакво нешто ви кажал попот?