Попот ни кажа така во црква "ајде сега да му бакнете рака на кумот". Мене смешно ми падна. Кога ќе ми текне сега, можеби и не зафркавал, ама па поп е, со оглед на тоа што го крстил маж ми и се знаеше со свекрва ми и свекор ми можно е да не зафркавал, не знам. И кога ни даваше вино кажуваше смешки и маж ми се засркна од виното.
Црквава и адетиве ни е како секта. Секој поп, свои правила. И јас му се поклонував на кумот на крштевка на ќерка ми. Три пати. Ме враќаше попот, требало до доле да му се поклонам Само јас, таткото не. И баш сериозен беше попов
Ве молам идеи за поклон за кумовите, ќе правиме крштевка на првиот роденден и немам никаква идеја што би им поклониле на кумовите од нас.. млади се и двајцата докај 27/8 години. Ништо не ми паѓа на памет бидејќи вака се имаат скоро.
Мене лично ми е глупаво да се даваат пари како подарок. Или ги прашувате што сакаат и купувате, или ги познавате и им купувате нешто по нивни вкус. Пример часовник, злато.. чувате сметка, ако не им се допаѓа ке се замени. Кога се даваат пари тоа јас го сфаќам дека на личноста што подарува не и е важно, небитен си, не сака да се потруди и сл. (Ова не важи за свадбен подарок кон младите) Сепак подарок е, подарете од срце а не ради реда.
За кумство и подароци има две можни сценарија. Кога станува збор за кумство што се наследува и можеби не сте толку блиски ама ете се започнало од некаде кум да е па останало во наследство по неговото поколение, а не сте и преблиски, во ред ми е паричен подарок. Сепак во денешно време поретки се ваквите кумувања и за кумови се бираат пред се најблиски, а за такви да не знам што вкус имаат и посакуваат како подарок ми е неразбирливо. Или ако тешко е да се процени што им треба иако сте блиски и не можете да процените, близината ви дава за право да ги запрашате. Би ги прашала и би биле дарувани со подароци по мерка.
Дајте им пари да си купат што сакаат и после нека ви го дадат вам за да го спакувате убаво и да им го дадете на денот на крштевката. Или прашајте што сакаат и тоа купете им, секако според тоа колку пари сте во можност да издвоите за подароци.
Zdravo sakam da se prasham dali ke e sramota na kumovite ako im zemam casovnik (3iljadi se i toa na popust se taa cena da ne e sramota samo so toa )bidejki toa e staro kumstvo i ne sum bliska so niv, a svekrvata veli da im napravam klasnicno za da ne se trosham mnogu kako da go napravime adetot
Како си сакаш ти така, твоја свадба е, нема потреба никој да се меша. Ние пари ги дарувавме, и нашето е старо кумство, ама не сме толку блиски и не знаев дали ќе им погодам. Па и класично да направиш по ќе потрошиш, според мене ок е часовник.
Здраво, според вас која е оптимална сума како подарок за свадба од кум и кума? Не е старо кумство, другари ни се блиски. Знам дека е во зависност од финансии, но ме интересира отприлика што мислите.
Порано кумовите купуваа или шпорет или фрижидер или машина за перење или телевизор, така што сега се даваат пари во вредност на некој производ од бела техника (тука се гледа некоја средна вредност на производот).
Може ми е глупаво прашањето ама.. кој иде да побара благослов од стариот кум свекрвата и син и или невестата и синот?