Истото мислење го имав, ама ај викам поради хормоните да не претерувам. Иако се бара благослов од стариот кум..Фала ти❤️
ние кога одевме да ги бараме за кумови они имаа спремено маса со топла даска, скара, апетисани и сл, ние однесовме пијалок убаво спакуван со цвеќе и натпис ќе ни бидете ли кумови
Кој може да бидат кум за венчавање? Брат, братучед тоа не може? Знам некои кои имаат братудеди за кум, па се збунив. Дали кумот доколку е разведен може да венчава? И за тоа ни кажаа дека не може
Брат и 1 братучед не може. На нас кум ни е 2 братучед на мм. Не е женет. А за разведен прв пат слушам. Нели треба само да е крстен и тој?
Не знам, мене па ми кажаа дека се разведени не смеат да венчаваат. Најдобро во црква да се праша, вака секој различно кажува.
Ние кога прашувавме пред 22год попот ни рече од моја страна можеме и тетка тетин чичко братучеди од на маж ми страната блиски роднине не.На нас вујко мој од мајка ми прв братучед ни е кум.
Кумовите треба да се крстени и носат 4 свеќи во црква, материјал за врзување (кој не е препорачливо да биде обликуван во некоја форма срце, круг и сл бидејќи свештеникот треба да им ги врзи рацете заедно) и бомбони со жито спакувани (кои ги фрла кумата). За во матично треба да носат лични карти. Кај нас како кумови ни рекоа младите да носиме шампањ и чаши во матично за да наздравиме (иако другите рекоа дека тоа требало да е од младите). Бидермаерите се од кумата и свадбената торта. Исто така во црквата дел од сумата ја плаќа кумот. Кога се оди да се кани кумот треба да е четвртокот пред свадбата со колак. Кумовците (по избор) ги пречекуваат младите со вечера. Благослов треба да побараат зетот и невестата. И на крај најбитно од се е да се почитуваат кумовците бидејќи тие сведочат за младите пред Бога. Не пополнуваат само место. Ова го кажувам бидејќи на многу не им е јасно што значи кумот, или пак обратно што значи да си нечиј кум.