Бидејќи невестата треба нешто да си сошие од тоа најубаво е неа да ја прашаш каква боја што материјал сака
Треба да биде светла боја, јас земав нешто како бебешка розе околу 3 метри мислам беше, материјалот сатен (мислам руски, не се разбирам ич и заборавив ). Во цвеќара ми го украсија убаво со цветови, свеќите со иста декорација, крошната исто.
Ќе бидам кума на свадба и ќе фрлам бонбони пред матично. Дали треба бонбоните да бидат замотани со паричка и житце?
Во црква се фрлаат бонбони со жито/ориз и паричка. Обично ги замотуваат за да не се прави лом и полесно да ги собираат дечињата, порано не ни се замотуваа така се фрлаше.
Не. Букетот ми го купи кумата ,платното за во црква и бомбони таму шо фрлаше толку мислам беше. А бурмите ние сами си ги купивме.
А торта за младите? Да напоменам, НЕ ЗНАМ, затоа прашувам, слушам од сите различно па затоа ме интересира. Јануари некаде ќе одиме да каниме кумови, па што се носи, што се кажува?!
Види секое место си има свои адети. Торта таа невестинската кај мене беше од ресторанот а кумот ,старосватот,мајка ми ,сестра ми ми донесоа од нив. Од кумот и старосватот имавме и прасиња - овие кога ги донесоа ги видов инаку не знаев. За канење имав купено шише за ракија со онаков текст ,,сакате ли да ни бидете кумови " тоа го дадов со поканата заедно. Е за кажување не се сеќавам...
Eпа и за мене беше исто и на крај фатив си ги прашав директно кумовите А за другите адети пак си прифатив што ми се допаѓаше ,што не отфрлив и така да им угодиш на сите не можеш
Јас искрено овде на форумов првпат прочитав дека кумовите ја купуваат свадбената торта. Знам дека по нивна желба (значи доколку тие сакаат) можат да купат торта од нив, но не да ја плаќаат свадбената која патем е прескапа на и онака многуте трошоци што ги имаат (црква, платна, свеќи, бидермаери, бонбони, поклон итн.). А ако директно ги прашате нив може ќе им биде непријатно да кажат не, така што јас би одела со тоа свадбената да си ја купат младите а кумовите ако сакаат после од нив нека си донесат.
Кај нас предлог дадоа кумовите да учестуваат во невестинската торта, не да ја купат цела. Пример, планираме да купиме торта до таа и таа сума. Сакате да е посебна торта или да учествуваме во невестинската? Ние секако ја планиравме невестинската да е доволно голема за сите гости да има парче, плус екстра 30тина парчиња. Во мојов град нема торта со порцијата туку од невестинската и други собрани се дава на гостите. Така да се согласивме дел од кумовите да е.
Сакаш да си биде се како што треба или сакаш пола свадба кумовите да ти ја платат? Во денешно време се е по договор. Ама вие како младоженци кое своеволно одлучиле да прават свадба треба и малку да размислите со ваша глава и да не слушате измислени адети. Бурмите да ги купеле кумовите? Бре мајката. Прв пат слушам, ама и 15 луѓе да ви го кажат ова, вие сте тие што треба да речете еј чекај, тоа е трошок голем, нема зошто да ги изложувам кумовите на таков трошок. Свадбена торта? Не, не е обврска на кумот да ја купи. Кумот ако сака, може да донесе. Бидермаер? Не, не е обврска на кумата да го купи, туку ако сака може. Прасе? И тоа не е обврска на кумот да носи во ресторан. На кумовите единствена обврска им е да донесат платно, свеќи и бомбони во црква и да ги венчаат младите. Друго се е измислица од народ.
Јас само прашав поради тоа што НЕ ЗНАМ, а да и не сакам кумовите да ми ја платат свадбата, не сум била кума, никој близок точно не знае да ми објасни како треба што треба, ако можеш да кажеш искуство кажи, не се прави интересна по форумов. Поздрав,
Се во ред, пошто искуства различни слушам, совети од некои што претходни правеле свадби, адети од сите градови различни.