1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.271
    Пол:
    Женски
    Во ред е да не знаеш, не е во ред да размислуваш да увалуваш непотребни трошоци на други луѓе без разлика дали некој ти кажал дека така било адет. Заради вакви муабети, луѓето одбиваат кумства. Трошок е.

    Пак ќе кажам, размислувај со своја глава. 100 луѓе да прашаш сите различно ќе ти кажат. Ако еве јас ти кажам дека бурмата ја купуваат кумовите, што ќе направиш? Ќе идеш да им кажеш да ти ја купат или ќе речеш еј не е нормално таков трошок да им правам на луѓето.

    А ако сакаш искуства, еве ќе ти кажам јас како сум правела.

    Ние правевме свадба со 100 гости. Се' си плативме јас и сопругот: порциите во ресторан, музиката, тортата, бонбони пред секој гостин, сликите на врата, сликите на кумовите итн.
    Кога ги каневме кумовите однесовме во корпа пијалок, цвеќе и бонбониера. Им кажавме дека од нив сакаме само да ја крунисаат нашата љубов и ништо повеќе. Они сакаа торта да купат, им кажавме да не се трошат дека доволна дека е невестинската торта. Кумата инсистираше да купи бидермаер, се согласивме и своеволно без да ми каже претходно, ми купи мене накит. Трошоците за во црква за сите ги покривме ние.
    Сакавме да ги ослободиме максимално останатите од трошоци за НАШАТА свадба.

    Кума сум била на две места кај блиски пријатели и на едно место имам одбиено.
    За првата свадба (голема свадба, не канеа од дома и "земавме невеста"), ние однесовме торта од нас во ресторан и бонбони што се делат со тортата (младоженците имаа нивна торта), купивме бидермар за невестата и покривме трошоци и се што треба за во црква и секако поклон - пари. Нас не даруваа со часовници.
    Втората свадба (мала свадба, само црква и ресторан), торта не сакаа, понудивме да покриеме дел од главната торта исто не сакаа, па парите што ни беа предвидени за тортата ние одлучувме да ги додадеме на поклонот. И исто купивме бидермар за невестата и покривме трошоци и се останато за во црква. Не даруваа ваучери, да си купиме по избор што сакаме.
    Бидејќи и едните и другите ни се блиски пријатели, седнавме сами на маса и си се договоривме како ќе правиме.

    За местото каде што одбивме кумство, се работеше за старо кумство. Сопругот и идниот младоженец само како деца се дружеле. Се јавија дека ќе дојдат, знаевме дека ќе сакаат да не канат за кумови. Првичната идеја ни беше да прифатиме, но идната невестата која тогаш ја запознавме, дојде со список што се' ние сме требале да направиме (читај купиме/платиме) како кумови, кој вклучуваше мал милион небулози, т.н. адети собрани од секаде. Им дадовме благослов да си бараат нови кумови.
     
    На lale22, Skyler81, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Е за ова тенкју вери мач. :inlove:
    Рекла, казала ми се сите, кој што ќе ми каже јас си верувам, затоа си прашувам.
    Да не ми кажат после еве тоа требало, ова не требало.
    Не сум личност што многу барам. Што е по адет тоа, да е до мене све би си платила.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IvyLane

    IvyLane Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dali e dozvoleno kum da ni bide toj kaj sto verenikot bese starosvat?
     
  4. Milica TR

    Milica TR Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2025
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Така е дозволено колку што јас знам
    Имам слушнато дека кумство не се враќа да речеме даму кај што си кума и тие тебе да ти бидат така неможе
     
  5. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Кажете ми како би изреагирале во ситуацијава. Една другарка што се дружиме цел живот ја прашав дали сака да ми биде кума. Таа е малку нетрадиционален тип не се разбира околу овие работи. Ја прашав преку телефон, официјално ќе ја прашав во живо нели ако прифатеше. Нејзиниот одговор беше: абе ја во странство ќе одам не знам. Ај морам да одам сега сестра ми направи вечера.
    Јас онаква избезумена зошто и дадов толкава чест а она иако не се разбира во такви работи реагираше ко мало дете. Друг ми беше кум а таа нормално ми беше на свадба не отиде во странство…
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Не би и понудила никад више.
    Ама од друга страна пак може тесна е со финансии, од кај да знаеш.
    Може бега од обврски.

    Али сепак требала да ти каже, сакам, не сакам, можам, не можам. Енд оф стори.

    За нејзиното одење во странство запознаена си? Валда споделувате такви работи ако сте блиски.
     
    На Panda00, Mumoftwo30 и Emberlynn им се допаѓа ова.
  7. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Друг ми е кум сега. Нормално за сериозни работи не ја планирам никогаш веќе. Можеби бега од обврски. За финансии не знам, имаше работа тогаш. Ако не сакаше или не можеше, требаше да каже фала ти стварно е голема чест ама јас имам други планови за во иднина, затоа ќе морам да те одбијам.
    За во странство одеше таа понекогаш ама за тогаш баш дознав преку тел. и не отиде тогаш кога планираше. Ми беше на свадбата. Едноставно е таков тип незаинтересиран ама тоа понашање као да сум ја прашала како си што правиш…
     
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Подобро што не ти била ништо на свадбата само гостинка. Ќе те удрел нервен слом од неа кога би ја гледала како не се замара за ништо.
    Довлно е еден збор за да видиш дали ти е права другарка или не. Во овие случаи годините што сте се дружеле паѓаат во вода.
    Права другарка не би те скршила или не би ти вртела муабети така, вака, онака.:)
     
    На SummerGirl, Panda00 и Emberlynn им се допаѓа ова.
  9. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Да во право си ама јас мислам дека она едноставно не го разбира тој збор и значењето на кумството. Таква е малце неозбилна … инаку уште се дружиме за шала и смеа само.
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека си ја изненадила и си ја зачекала неподготвена па од шок не знаела како да реагира.
    Ама требало после овој разговор уште еднаш да ја отвориш темава за да не ви виси вака
     
    На Emberlynn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш требаше да се јави и да се изјасни откако и поминал шокот. Мислам дека ако ја отворам пак темава ќе се испокараме. Ете не знае да цени такво нешто, ќе си знам за во иднина…
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.865
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека штом ти е другарка цел живот (веројатно блиска, штом си ја побарала за кума) би требало доволно да ја познаваш за да знаеш дека не е многу сериозна личност па и дека нема да го сфати вистинското значење на твојот гест - да ја побараш за кума. Јас искрено не би ни прашала таква несериозна личност за нешто вакво.
    А од друга страна да, требало да се извини и културно да те одбие наместо вака да те откачи на брзина. Што е најтрагично после си ја викнала на свадба. Не знам дали јас би ја викнала вака да ми изреагира, макар цел живот да се дружиме.
    Пример другар што се дружиме доста долго до последен момент ме убедуваше дека ќе ми дојде на свадба и на крајот ме извиси, платив порција за него а не се појави и после тоа ниту ми се јави ниту пак некогаш даде образложение зошто не дојде, а не можеше да каже и порано ако знаеше дека нема да дојде. И затоа од мене си доби блок за цел живот.

    Поентата ми е дека ако некој толку близок не те почитува барем малку, не треба ни ти да го почитуваш.
     
    На SummerGirl, Panda00 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Да, најверојатно требаше да предвидам ама јас бев толку среќна дека ќе ја прашам дури и сакав да го снимам разговорот. И мислев дека и таа ќе биде среќна зошто сме заедно од забавиште и мислев дека е она вистинската личност за таа прилика баш поради тоа што се знаеме толку долго. Ама очигледно лоша проценка. Со сестра и зборев после тоа и она вика : знаеш дека она не е по такви работи.
    Во превод дека не се разбира. Ама колку и да не се разбираш јас и го поставив прашањето онака цела возбудена а она ме откачи пошо и се јадеше… едно време после тоа оладив со односот наш ама она не ни примети дека се лутам си се понашаше најнормално.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    9.675
    Пол:
    Женски
    И сама кажуваш дека е нетрадиционален тип на личност па не ја разбира тежината на кумството и јас не гледам причина за ти да и замеруваш во оваа ситуација.

    Искрено јас тргнувајќи од мене сум таква нетрадиционална личност и не гледам на кумството ко ти што го опишуваш, јас и дадов таква чест, а она така ладно ме одби. Каква е таа чест толку посебна па што треба нешто специјално да те одбие. Малце преувеличувате ама доброо...

    Ако како другарка е фер и коректна спрема тебе, и цел живот се дружите, и плус ја знаеш каква личност е, не треба да правиш драма и фама околу овоа. Различно гледате на ситуациите и тоа е тоа. Толку.
     
  15. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Не направив драма баш затоа и уште се дружиме. И замерив во моментот ама откако увидов дека е она уствари таква за сѐ во животот и цел живот, ми стана јасно дека не ни требало нејзе да ја барам за кума. Затоа и ја поканив зошто не ја сфаќам веќе сериозно него е тука само за шалабајзерски работи па не и замерувам знаејќи ја сега каква е.
    А за чест, чест е. Утре ден треба деца да ми крсти. Баш тоа што уште се дружиме ти дава до знаење дека не преувеличувам.
     
    На SummerGirl, Трагедијаупмм и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    9.675
    Пол:
    Женски
    Епа нема потреба ни да ја коментираш, и да бараш мислења околу темава, битно си имаш веќе кум. Тоа сакав да ти кажам.
     
  17. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Ме интересираше дали добро сум постапила во ситуацијава или сум испаднала наивна, зошто како што гледам на другите не би им било сеедно да им се случело вакво нешто.
     
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    И јас би продолжила да ја дружам и да знам дека не можам да се потпрам ,но мислам дека би ја прашала...
     
    На Emberlynn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Можеби спонтано некогаш ќе паднеме на таа тема и ќе ја прашам сигурно ако дојде таква ситуација.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.