Ариел ќе ми бидеш кума? Инаку, старите кумови нас ни рекоа дека не се нафаќаат, не биле во состојба, а и така сега веќе сите си ги бираат блиските. Моите и неговите напнаа, мора прво нив да ги прашате, несреќа било старите кумови да се налутат, бла, бла... Сега ќе оставам на него да одлучи, да прашаме некој од неговите блиски другари и тоа е.
Ние со вереникот пред неколку неделу бевме прашани дали сакаме да им бидеме кумови на најблискиот другар и жена му. ептен се изненадивме пријатно бидејќи мислевме дека имаат стар кум но ни рекоа дека со стариот кум не живеат баш и бидејќи сме многу блиски сакаат да рзмислиме да им бидеме кумови. ние веднаш прифативме и бевме пресреќни бидејќи тоа е голема чест и воопшто не размислувавме кои трошоци ќе бидат. искрено многу се израдував и не верував дека тоа може толку многу да ме израдува, никогаш не сум била кума ниту пак ги познавам моите кумови и не верував баш во кумство ама ќе се потрудам да бидам добра кума на нив и на нивните дечиња здравје се надевам ќе си имаат многу
Не дека сум суеверна, ама што знам, од многу слушање муабети ми беше шубе да не ги прашаме старите кумови за благослов. Па затоа и инсистирав прво да ги прашаме, па после ако треба, ќе си бараме нов кум (веќе го имавме одбрано). Арно ама, машко не се пушта да заврши таква деликатна работа, оти нема да ја заврши ко што треба требаше јас да одам шегата настрана, прифати синот на стариот кум, ама тие живеат во странство. Е затоа сега детето не можеме да си го крстиме кога сакаме...
Виножитке, договорено Кога ја читав темава се сетив дека и свекор ми имаше некои стари кумови кои на наше големо задоволство не прифатија, а не ни очекувавме зошто ни сопругот не ги познаваше. Кум е некој што треба да ти е многу близок. Ако моите родители или баби и дедовци убаво се сложувале со кумовите кога ги избрале, не мора да значи дека и јас ќе се согласувам со нивните деца, а ако не е така, нема ни поента. Секоја чест на оние на кои децата им растат заедно, и кумството природно го продолжуваат. И нашиот кум живее во странство, па децата ги крстевме кога беше дојден, а притоа немаше пости, па така ќерка ми е крстена на две и пол години и малку трауматично ја доживеа крштевката, не сакаше ни да поминува на улицата покрај црквата, која ни е многу блиску. Синот имаше 6 месеци на неговрата крштевка, и немаше никаков проблем. Ама тоа што живее во странство не е причина да изгубиме контакти - на скајп сме буквално секој ден, и секогаш кога доаѓа речиси секој ден сме заедно. Многу си го сакам кумот!
Моја најголема желба е да бидам кума. Едвај чекам некој да ме праша. Знам дека е трошок но кумството е свето. Со моите кумови до скоро време не контактиравме. Кога умрел татко ми биле фер кон нас, но и нив им се случи трагедија, па малку оладивме. Се преселија тие во село и толку беше. Но, пред 2,3 години ги обвновивме контактите и морам да кажам дека се многу фер. Баш пред некој ден беа кај нас и не прашаа до каде сме со врските. Ако сме планирале да се мажиме, а момците ни немале кумови сакале тие пак да ни бидат. Искрено јас би ги прашала кога ќе дојде време, зошто во кумствава со другари/ другарки баш не верувам. Го нема повеќе оној почит кој бил кај постарите генерации.
И јассссс многу сакам, т.е. едвај чекам дечко ми да биде кум 9таму по старото кумство кај што треба да биде), и + другарка ми да се мажи да и бидам старосватица морееее ја каква сум свадбарка сите другарки да ме прашаат на сите ќе им речам ДА
Јас знам по старо, со кумот не треба да си премногу близок, а посебно не да ти е другар. Зашто една мала ситница, еден збор грешно сфатен отиде јабана работата, и не е убаво да си со лоши мисли кон оној кој те крстил или венчал Можда сум и малце суеверна, али јас го почитувам ова. И искрено, кога би дошла ситуација да ми треба нов кум, ете кога ќе се мажам(а и ќе дојде да барам ко што гледам) не би трчала кај млади и не кај другари. Постар малце од нас, човек кој знае да цени и почитува кумство и кој сепак ќе ја има таа привилегија да му речам „куме“. Мислам, по моја лгика, деверот го побратимуваш и ти е на местото брат, а кумот е над тебе, те благословува Мене искрено ми е стварно по малце нелогично на првиот другар да му речам Куме, кога ете девер другар ќе биди Од нашите кумови сум задоволна, постари стамени луѓе се, додуша ќерките не крстиле мене и брат ми, али стариот кум ми е светиња посебно. Многу го сакам и почитувам човекот, со кумите сум во добри односи, али младост лудост, не е исто Исто и нашите кумашини, децата со нас се деца, ама татко ми за нив е Кум И така тоа, по старски јас објаснав Виножитке, Чорбаџи Давадос, како стана кум ти текнува Ако нема друго, тоа е чарето
Татко ми биле големо друштво и сите многу убаво си живееле и така се договориле да си кумуваат меѓусебно. Мојот кум (кој за жал е починат) е бил многу добар другар на татко ми и додека бил жив ептен многу живееле и се дружиле. Исто така и татко ми е кум на два негови другари со чии фамилии ептен убаво живееме и стварно многу не почитуваат и тие, а и нивните деца. Иако живеам со кумашинците незнам дали еден ден би прифатила да им бидам кума, да ние живееме ама живееме блаодарение на нашите родители, кој знае дали а 10 години пак ќе живеме многу поубаво за кум да си најдат некој нивни другар.
Кате, ми ги поколеба сега познавањата од областа Мислев дека девер треба да е брат на младоженецот, или ако нема - братучед Можеби се работи за различни обичаи на различни места.
На нас ни е кум нашиот најдобар другар, да не беше тој катастрофа ке биднеше. Старите кумови на сопругот се нафатија дека ке не венчат, свадба и сето тоа по ред но оп беља, бидејки свадбата ни беше еден ден пред венчавката (за среќа) кумовците не се појавија, времето минува лугето оро оро а од кумовците ни трага (требаше да дојдат од кај нас, беше тоа една онака на скратено свадба без земање на невестата и на кумовците од дома, туку право од кај младоженецот во ресторан) и како минуваше времето почнавме да се грижиме да не им се случило нешто, им ѕвониме на мобилен, не одвоварат, на фиксен, не одговарат и мораа свекорот и таткоми да одаат да ги барат дома абе што да кажам лудница, ѕвонеле и ѕвонеле и ѕвонеле на ѕвончето и на крај излегол "кумот" почнал да врти муабети демек немале пари, не знаеле како да ни кажат и разноразни глупости, таткоми едвај го задржал свекорот да не го убие на "кумот" . Си доаѓаат на свадбата човеците видно разочарани и ни кажуваат што се случило, сопругот полуде ама среќа неговиот другар кога слушна рече "сакате ли јас да ви бидам кум" и ние се согласивме. Сегашниот кум се качи на масата и викна "од денес јас ке им бидам кум, утре јас ке ги венчам а за 7 месеци јас ке им го крстам детето" И така и биде. До ден денес тој ни е кум, се сакаме, почитуваме, заедно сме секогаш, заедно излегуваме... И нашата 2 годишна керкичка многу многу си го сака.
Нашите кумови кои ги венчаа татко ми и мајка ми и не’ крстија мене и сестра ми ни се многу блиски. Кога моите требало да прават свадба, од страната на татко ми имале некои стари кумови, но не биле блиски со нив. Сепак, како што е адетот - прво да се праша стариот кум, ги прашале, но овие не можеле да им бидат, мислам дека кумовите биле стари, а децата нивни во странство, и им дале благослов на моиве да си најдат нов кум. Така, моиве си нашле нови кумови, едни нивни добри пријатели кои веднаш прифатиле и еве оттогаш сме како едно семејство. Многу сме блиски, и за арно и за лошо сме заедно. Секогаш се посетуваме за празници, си одиме и на гости и без некој повод, се собираме заедно за прослави, секогаш беа/се присутни на нашите родендени (дури славевме додека бевме помали, но и сега доаѓаат да ни честитаат), кога почина татко ми цело време ни беа поткрепа. За нив можам да кажам дека ги сакам и почитувам многу, досега не сме се скарале нити сме си замериле за нешто, можам да кажам дека ни се поблиски дури и од некои што навистина треба да ни се блиски. Кумовиве се постари неколку години од моите, имаат две деца со кои исто така сме многу блиски, излегуваме заедно, се дружиме, се сакаме. Едноставно си ги сметам за мое семејство! И кога би барала кумови за мојата свадба еден ден, доколку тие на мажот не би прифатиле, јас би им понудила на моиве кумови да ни се, би го продолжила кумството! Барем знам дека ќе биде искрено и од срце!
Прилепски адети Вака, кај нас младоженците си го ставаат најчесто најдобриот другар за девер, значи го збратимуваат, го пеат под венец заедно, тој ја зема невестата најпрво, ја носи до зетот и ја чува. Тоа е значењето на деверот. А братот и братучедот на зетот и онака се битни, и тие се девери, али ја немаат обврската на оригиналниот девер т.е другарот. Е сега некој става другар, некој братучед, зависи со кој е поблизок, ама не сум чула кај нас да се стави брат за девер, в црква да стои од левата страна на невестата Додуша, секаде е разлинчо, јас мислев дека е секаде исто, ама ете не било А кумот, стои нели позади и ги благословува и венчавката меѓу двајцата и збратимувањето со деверот Прилепскиот крај се овие обичаи
Јас како што знам кумата само ги купува бомбоните за префрлање во црква - после венчавката, а невестата сама ги купува бомбоните за со тортата.
Јас па знам дека кумата не фрла бонбони во црква, туку свекрвата. Кумата на нашата свадба фрлаше бонбони пред матично, а бонбоните со тортата што се даваат тие си ги спрема невестата.
Најверојатно зависи од регионот. Кај нас мајката на невестата префра бомбони кога ја изнесуваат невестата од дома, свекрвата кога влегуваат во црква, а кумата кога излегуваат од црква, во матично не се префрлаат бомбони.
Може, ете различни региони различни адети. Ама се согласуваме дека невестата си ги купува бонбоните што се даваат со тортата.
Секој регион си има различни обичаи.Еве во Скопје пред 5 месеци бевме ние кумови и бонбоните не ги купивме ние туку сама невестата си ги купила.
Од одговорите погоре заклучив дека како во Скопје така и во другите градови невестата ги купува бонбоните,епа сега знам