Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    26.916
    Пол:
    Женски
    Исто, имавме една поголема торта и учествуваа во неа кој колку може, а иначе да носи кумот и старосватот помала торта ете за 50-70 парчиња. Ние искрено и не им кажувавме права цена на чевли, бидермаер за да не ставаме толку во трошак.
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.333
    Допаѓања:
    192.701
    Не се буни у наш крај Тиквешија главната торта е од кумата
    Од секогаш било така
    У црква
    Платно свеки бонбони со пченица плус се плаќа
    У ресторант торта на музиката лепенки пари
    На невестата бидемаер
    Поклон
    Вие да се облечите
    Врти сучи 1500 2000евра
     
    На SummerGirl и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    26.916
    Пол:
    Женски
    Ок и колку парчиња да е тортата? Главна торта може да оди 100-300 парчиња. Зашо са дадам 300 евра за торта наместо 500 во плик, торта до кај 7000 ден разбирам, се над тоа е глупост. Ок ние од западна тогаш бараме злато за дарување, да нема бунење ко така. Абе ај
    Свадба прајш ак имаш пари организирај си, плаќај си колку сакаш, ак немаш не прај голема свадба и еден куп захтеви, па и пари на музика. Свадбата не е ни во Тиквешијата иначе
     
    На Трагедијаупмм, H.VAGA и јolene им се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    5.175
    Пол:
    Женски
    Зошто вие како кумови чевли да купувате? Тоа е трошок на деверот како што знам. Инаку тортите обично ги прават до 120/150прс максимум, се што е над е веќе претерано. Обично не сите гости јадат од неа, во менита во глобала има додаток на благо.

    Затоа ретко кој сака да е кум пошто многу пари одат.
    И кај нас на југот е исто.
    Кумот ја плаќа тортата, јас прво се договорив за цената со нив па после ја порачав. Платно, свеќи, бонбони, лепенки на музика, бидермаер и дел во црквата плаќаат кумовите.
    Инаку ова со лепенките на музиката за мене е тотална глупост, кажи си цена и завршена работа. Во Тиквешијата лепат на музика и затоа и ние прифативме, инаку во југот кај нас се плаќа цената и завршена работа.
    Деверот ги купува штиклите, јас исто го прашав деверот до колку пари му одговара и ако најдам по скапи да си доплатам, ама најдов до ограничената цена.
    Инаку се е ствар договор. Ќе си кажеш до колку можеш и толку. Не е срамота тоа.
     
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    9.499
    Пол:
    Женски
    Реално додека се пребарува и се оди до небо со барањата се губи и сета смисла на свадби, прослави и се со ред.

    Пријателка мажеше ќерка во УСА, вика гостите од други држави низ Америка затоа што плаќале авионски карти, дојдени и без подарок (сосема нормално за таму), останатите кој блендер, кој чинија за торта, кој сет кутии за складирање итн.
    Буквално битно присуството, а не подарокот.

    Оф топик муабетот ама еве и јас утре да сум кума, ќе ми значи да се заборчам во кредити или да се откажам од одмор или било што.
     
    На Трагедијаупмм, BubamaraM и јolene им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    26.916
    Пол:
    Женски
    Епа колку парчиња е одприлика невестинската торта, не знам колкава да нарачувам. Стандард не преголема
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    9.499
    Пол:
    Женски
    Во мојов град во порциите нема вклучено благо, по автоматизам треба за сите гости.
    Ама најдобро да си се консултираш со зетот и невестата. Ако имаат вклучено благо мислам 70-80пцс би биле сосема доволно.
     
    На Трагедијаупмм и Bubish26 им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    13.188
    Пол:
    Женски
    Ова зависи и од тие што прават свадба. Очигледно немаат ни срам ни култура веќе. И јас пред 10г се почудив ко ми рекоа торта.
    Мислам ало торта?
    Па и на музика не сум давала ништо. Оти? Сигурно.
    Печено прасе ако сум сакала да сум си нарачала :D. Секако да.

    Ние сега ќе се венчаваме, на сите гости им е кажано дека е доволно присуството, не сакаме поклони. Некој ќе треба да вози 100км да ни дојде на ручек, уште обврска да има и поклони да ми носи.
    А имавме еднаш една свадба, кај ај што гостите 100км возеа, па требало сите и во дрес код да се облечени :x.
    Свашта веќе со барањата. Крај се нема. Наместо чест да му направиш на човек, ти да му се одмили правиш.
     
    На azelea, SummerGirl, Bubish26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.497
    Допаѓања:
    206.959
    Пол:
    Женски
    Кога јас правев свадба, невестинската торта беше гратис од ресторанот кај што славевме, ме зачуди со ова дека кумот требало да ја плати. Ама добро, моево беше пред 16 години, оттогаш може се сменети многу работи. Иначе си носеа торта кумовите секако, ама не беше таа што ја сечевме, а и други гости донесоа торти, замрзнувачот преполн ми беше два месеци, на крај дел дадов, дел фрлив, што ќе им правев.
    Според мене, ваквите трошоци се аздисување. Во последно време ако си кум, те цедат до максимум. Убава работа е кумството, и треба да си живееш со кумот, оти од стари останало дека кумот е втор татко, ама сега кумот се гледа како дупка без дно кога се работи за трошоци за свадба, и според мене е само искористување, оти побарувањата се нереални. Сум слушнала дека веќе и не се прифаќаат покани за кумство поради финансиски причини, оти свадбиве кај нас се претеризам на овој стандард.
     
    На Трагедијаупмм, H.VAGA, bertold и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.333
    Допаѓања:
    192.701
    Околу 100 парчиња ке се доволно
    Од хотелот секако ке си има благо после вечерата
    Тортата е невестинска се сечи со музика после вечера и немажени неженети одат по торта
    Е одат и други дее
    Е ама најубаво ти со младите да изкомуницираш да прашаш дали ке има благо од хотелот а ке има гарант и ке прашаш колкава,торта треба да биде твојата
    И зошто да е 300е?
    И до 6000 ден има убава торта
    Само пази треба да биде од слаткара со документ

    Таков е адетот
    Ке купиш и торта и ке ставиш пари во плик
    А тебе ке те дарува невестата и кога ке видиш пак исто ке бидите
    Голем трошок е да бидеш кум на свадба ако не сте можеле не требало да се нафакате незнам зошто сега стресови и нервози си правите
     
    На SummerGirl и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  11. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    65.782
    Пол:
    Женски
    Тортата невестинска никогаш кумот не ја плаќал. Кумовите купуваат торта како и деверот ама помала, не невестинска. Купи си нормална торта , каква скааш ти ,а невестинска невестата ќе си купи каква сака, може и од ретсоранот да е таа (така беше на времето).
     
    На Трагедијаупмм, Калатеа и emiliana им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    26.916
    Пол:
    Женски
    Затоа што за 100 парчиња бараат 12.000 денари, 300 гости ќе имаат. Иначе за тоа да знам сум правела свадба кога е невестинската само стварно мислев 3000-40000 торта мала симболично кумот носи благо и остаток за црква што треба. Јас ги знам трошковите ама ги знаим и во поголем дел од Мк обичаите.
     
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.371
    Допаѓања:
    41.243
    Пол:
    Женски
    Јас бев кума пред некоја година, никој не спомна за тортата да е од нас.
    У црква тоа шо требаше си купивме и плативме, за свеченоста вечерта не памтам да имавме некаков трошок.
    Дури и со кумашинката за тие дарувања адети се договоривме да биде на ти го дај ми го. Колку ние, толку тие. Колку адетот да се истера.
    Памтам дека 100 пати препрашав дали се тоа сите трошоци зашо стварно евтино не фати целата церемонија.

    Е од друга страна, јас кога се мажев мада ја се само регистрирав бившиот кум се запна да купи торта. Ама не беше тоа торта на 3 спрата. Плус и со јагоди беше а јас сум алергична ама тоа друга тема е:D
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.333
    Допаѓања:
    192.701
    Ај прашај ги младите
    Изгледа централна и југ се овие обичаи каде кумот купува торта и бидемаер

    Кога,се оде по невеста деверот носе чевли а кумата бидемаер
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    44.610
    Пол:
    Женски
    На моја свадба кумовите носеа помала торта, невестинската ние си ја земавме.
    И јас бев кума исто помала торта, до кај 3000 не фати ама тоа на времето сепак беше поефтино.
    Бидермаер од деверот, исто и штикли.
    Ние црква што требаше и на музика пари.
    Ако се кумови не значи да се одерат од пари давање.
    Само на тоа се сведе работата.


    Иначе прв пат слушам невестинска торта кумот да ја купи.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.333
    Допаѓања:
    192.701
    Од Велес надоле ние сме давајгази и широкодушни:rofl::rofl::rofl:
    Затоа кај нас тиквешија и цел југ кумот носе торта
    Без увреда ама се знае од велес и нагоре сте поскржави
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Knizhevnik11, SummerGirl, FlirtBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    Адети си измислуваат како што им одговара.
    Да, постои адет во повеќето краеви кумот да носи торта, ама тоа не е свадбената, туку кумска торта, помала. Ама таму некаде си измислил некој ај ќе им тупнеме на кумовите - свадбена торта. Кумот не прави свадба за да купува свадбена торта, младоженците си прават, па следствено сами си купуваат торта.
     
    На Трагедијаупмм, ALISA0000 и Bubish26 им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    14.497
    A shto, ako si kum treba nekoj da te molze? A za 6 000 torta imashe da, no pred 10 godini, sega nema za tolku.
    Plus nevestinskata torta si ja kupuvaat mladozencite. Od kade vakvi adeti se izmisluvaat, ne znam. Ne se fakjaj za tikveshijata, ete clenkata rece deka ne se od tamu.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.497
    Допаѓања:
    206.959
    Пол:
    Женски
    Мажот ми е со потекло од југот, кумовите ни се од Струмица, не стана збор за купување невестинска торта. Си донесоа торта од ќеф, помала, што побараа да се пресече за гостите, така што кај нас покрај регуларниот десерт од порцијата имаше и торта од кумот. Ама јас не побарав тоа да го направат, како што кажуваат тука дека им побарале да ја купат невестинската торта.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    210
    Како тазе кума а и тазе невеста, истите работи ги направме и тоа по договор:
    Ние плативме:
    Црква
    Материјал 3м за фустан
    Бидермаер
    И колата наша ја украсивме пошто нели ги возиш цел ден сегде
    Плус пари во плик
    Торта немаше не сакав ни јас како невеста ниту па они, си плаќаат сами свадбена торта. И ние и они одма после свадба патуваа, немаше логика да замрзнувам и да ми се трупа.

    пари на музика, симболично САМО за песната на кумот/кумата и тоа еднаш, секако не планирам на веќе ненормални суми, бакшиш на чело да им лепам
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.