Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.576
    Допаѓања:
    13.036
    New количка дебата unlocked :D
     
    На Mumoftwo30, eliesaab, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bubiška

    Bubiška Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Искуство од блиски невестинската торта чинеше 12000,секој што мислеше да купи торта даде пари колку што смета дека би коштало да купи торта.Овде мислам на кум,старосват,девер,роднини остатокот го доплатија родителите на младоженците.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.213
    Допаѓања:
    192.176
    Ај сеа озбилно
    Јас кажав и напоменав
    Кај нас во Тиквешијата таков е адетот
    Тортата у хотел главната невестинската е од кумот
    У други места еве читам не било така
    И ок е
    Секој крај си има свои адети

    Сепак со меѓусебен договор се се решава а не со нервози и инат
     
    На bertold, SummerGirl и Bubiška им се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Јас прашав и сите ми кажаа дека тортата во ресторантот е од кумовите исто и бидермаерот, дел во црквата, платното, свеќите и бонбоните.
    Пак ќе кажам, се е ствар договор. Јас ги прашав до колку можат и до толку порачав.
    Читам дека не е секаде исто, се зачудив. На југот кај нас и во тиквешијата кумот ја купува невестинската торта.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubiška

    Bubiška Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Се е ствар на договор,кај нас има шаферка и она го купува бидермаерот,таму кај што сум мажена деверот и кондурите и бидермаерот.Кумот и старосватот не купуваат ништо,освен за во црква платно и свеќи.Најскапо во црква плаќа кумот.
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    2.972
    Пол:
    Женски
    Ако е од кумот зошто се вика невестинска?
    Мене пред 8 години ме чинеше 11 500 денари за 250 парчиња. Кум, старосват, девер, шаферка дадоа колку сакаа, другото доплатив јас. Не барав од никој одредена сума.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    6.448
    @Bubish26 А свадбата некаде на југ е? Ако да, тогаш порачај ја од таму зошто сигурно ќе биде поефтина од Скопје. Побарај број од невестата и јавувај се за цена. Сигурно знаат некое место со прикладни цени. Плус нема да се замараш за транспорт.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 Да се надоврзам на членката што ти пишала горе да ја порачаш од градот од каде што е невестата поради тоа што од друг град ако е ќе те одерат со патни трошоци. И тоа бараат.
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.432
    Допаѓања:
    26.865
    Пол:
    Женски
    Не не Ск си е свадбата, шарлота најниска цена дадоја

     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    6.448
    Е па тогаш слободно јави и се на невестата. Ќе и речеш дечко ми ми кажа дека според вашите обичаи невестинската торта ја купува кумот. Кај нас ја купува невестата. Незнам каков ти е планот ама ако сакаш можеме да си ја поделиме тортата. Јас планирав да ти купам торта од Шарлота од таа цена (да речеме 100еур). Ако сакаш поголема торта и поукрасена слободно можам да ти ги дадам парите и ти купи си што тебе ти одговара. Ако ти рече купи ти што мислиш, слободно купи си нормална торта со нормална цена. Нема зошто да ти биде срам. Во помалите места цените се нормални. Кај нас цените за невестинска торта се изгор. Кога веќе свадбата е во Скопје ти си следиш обичаи од овде.
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.297
    Допаѓања:
    38.813
    Пол:
    Женски
    Ова да не сакаат да ве одерат дека од странство сте?
    Свашта има!!! |(

    Кога веќе сакаш да тераш адети, да се венчаваш во црква, би требало да се знае и значењето на кумот и да се почитува истото. Овдека кај нас, ем сакаат свадба во црква, ем не почитуваат кумови, туку како банкомати се гледаат истите :x
     
    На ivicka_mopn, Cherry333, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 Штом е во Скопје таму барем имаш избор на слаткарници.
    Мислам дека најпаметно би било да и кажеш на невестата до колку пари можеш да дадеш. Тоа прво требала да те праша, културно.
    И јас порачав торта ама се консултирав со кумовите. Фино лепо ги прашав колку можат да дадат за торта и до толку порачав. Не е ферски да се оштетуваат така.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mama97

    Mama97 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Кумови сме, сега ќе прават само матично а свадбата ќе биде после некој месец, што треба да носиме како кумови на регистрацијата?
     
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    18.203
    Пол:
    Женски
    Цвеќе или нешто така ситно интересно, секако ќе има свадба.
     
    На ocicka2014 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Цвеќе со пијалак и шампајнско за младите да наздрават.
     
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    18.023
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова не е морално, се е ствар на договор.
    Шампањ таму да се отвара? :shake:
    Доволно е цвеќе, иако и тоа не би ич.
     
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Што знам искрено, мене моите кумови за регистрацијата ми донесоа екибана со пијалак и шампајнско. :)
    По тоа што видов коментирам, инаку и тоа што викаш, кој како си сака така. Не им побарав сами си одлучија така.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Каква погача се носи кога се кани кумот? Онаа ко за на слава или обична?
     
  19. Shine13

    Shine13 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Za shto se zboruva koga se odi da se kanat kumovi za svadba? Osven materijalot, svekji i bombonite
     
  20. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Си правите муабет, прашуваш до колку можат да си дозволат за да платат за торта, бидермаер и те ствари.