Може некоја што правела крштевка во скоро, или пак била кума, да ми каже што треба да се купи за во црква како кума на дете, и општо за во ресторан што се носи освен торта и подарокот? Знам за свеќи и за облека на детето. Ама што треба сега друго, читам и слушам поделени мислења и за купување на нешто златно за во црква кога ќе се крсти. Јас бев кума како тинејџерка ама тоа беше одамна, од тогаш сигурно се сменети многу работи.
Тоа со златото е избор на кумот мене нит ми дале нит сум дала А секоја црква е различно над 3000 ден е сигурно
Фала ти. И јас сметам дека непотребен трошок е златото, сепак ќе дадам пари за подарок, ќе платам во црква, ќе купам облека и се што треба. Но, се мислев за злато, некои од блиските ме разубедуваат дека требало да купам, а и јас знам дека не секој кум дава злато, значи не е нешто што се мора неизбежно.
Затоа си прашав, поделени се мислењата околу мене што се однесува до златото. Но, слушав и за такви примери дека попот барал да се купи, па наоѓал замерка ако пример се купат обетчиња или обично златно синџирче, требало златен крст. Искрено сум била на многу крштевки и не знам да се давало злато, ни пак јас дадов кога бев кума првиот пат, но сега се е изменето и сенешто си додаваат луѓето. Премногу вредност се дава на материјалниот дел, наместо на духовниот дел од чинот крштевка.
Прв пат слушам поп да бара злато да се купи. Поп бара само да се има нова облека и пешкир од страна на кумот, свеќи и тоа е тоа. Ако веќе се одлучите за некакво злато како поклон наместо пари, ние во Адор купивме многу убаво крсте.
Тоа е сѐ измислица од народот. Претежно женски - теткински измислици. Како кума имаш обврска нова промена за в црква да земеш, крпа, свеќи и да го платиш твојот дел во црквата. Се друго е по твоја желба ако сакаш и можеш носиш нешто, но и без тоа светиот чин си го направила и нема поголем подарок од тоа.
И јас не знаев. Мои блиски ми кажаа такво искуство. Им кажал дека наместо обетчиња, кумот требало да купи крстче златно.
Според некоја логика ако подариш злато нема потреба да даваш пари како подарок - златото ќе биде подарокот. Најдобро да ги прашаш родителите ако ти се блиски, дали повеќе би сакале пари или да даруваш злато.
И јас прв пат слушам за попот. Инаку нас ни донесоа на башка од поклонот привезоче ,не верувам повеќе од 1000 ка да ги има фатено лесно е (чисто за компарација мене не ми е проблем ниту замерувам што дале така ,всушност и се изненадив бидејќи не очекував.) затоа шо така бил адетот така ми рече кумата
И јас не знаев. Блиска моја така ми кажа, им рекол на кумовите требало да подарат златно крстче место друго злато. Фала ви на сите на одговорите. Нема да купам ништо златно, здравје, ќе си купам облека за детето, свеќи, ќе платам во црква, бањарка, и пари во плик, нема потреба и од злато плус. Сум била на многу крштевки, некои дарувале злато, некои не, затоа сакав да прашам и овде да се посоветувам, какви се искуствата.
Тетките се опасна работа , мојата ги напнала моите дека треба и татко ми и мајка ми да дадат златно на малата моја, па сега малата покрај обетки има белегзија од бело злато што воопшто и ја немам ставено оти мислам дека е непрактично за дете од четири години.
Како што знам, кума купува и злато (златни обетки/белегзија/приврзок (било каков по форма)). Макар што, ако веќе го облекуваш детето и по ред сето останато нема потреба од ништо дополнително. Мислам дека ова со златото варира и од крај до крај, што конкретно се купува.