Бонбоните ајде некако може и сами да ги правиме,а китенкиве тешко некако,а да се купат многу се скапи наједноставните 50денари во делтапрес
Баш китенките се поедноставни и поефтини за правење. Ќе си отидеш на женски пазар и ќе си купиш цвеќенца, траки, украси какви сакаш и ќе седнете со другарки и ќе ги направите за еден ден. Мислам дека нема да те чини повеќе од 500ден за материјал. Може да си купиш готови китенки само за младоженецот и евентуално кумовите/старосватите ако сакаш да бидат поубави.
Девојки дај споделете искуство со кумство за крештевка на дете. Што обврски има кумот? Што се носи и што се купува? Данке
Кумот го облекува бебето од глава до пети во црква,значи облека и кондурчиња,убав пешкир или бањарка,свеќи за крштевка украсени и нешто златно или пари кој како сака,ако испуштив нешто нека ме дополнат останатите
Jaс моите китенки за гостите од негова страна нели,ги купив 10 ден една од женски пазар Најавени беа 3о души да дојдат по мене а јас купив 40 за секој случај и ме чинеа 400 денари Можеш и сама да си ги направиш.Едно цветче тулче и готова работа,на нив не се обрнува многу,многу внимание. Јас на золва ми и помагав да прави бонбони,кои ми беа измачување,сечи волку,онолку,многу пипаво ми беше Китенките за старосват,кум,младоженец јас би ви рекла да си ги порачате.Моите ме чинеа 400 за кум старосват,520 за младоженец
Ако веќе си решена да купуваш, има на женски пазар за по 10ден. што вели маца99, а за старосватицата и кумата по 100/150 тие нараквици и за младоженец и кум околу 100ден.
На вереникот кумовите се од друг град и веке 8 години им беше изгубен контактот. Инаку тој е крстен од женско кое сега си има фамилија, а има и сестра која и она си има формирано фамилија. Имаме и еден другар кој има силна желба да ни биде кум. Но нашите родители запнале дека мора да ги прашаме прво старите кумовци. Па ајде сега стапивме во контакт и кај и да е ке треба да одиме на муабет. Сакав да прашам дали доколку жената која го крстила вереникот одбие да ни биде кума, мора да ја прашаме и нејзината сестра дали таа би сакала да ни биде кума или едноставно да си побараме благослов и другарот да ни биде кум. Свекрвица, а и моите настојуваат дека доколку едната одбие, другата сестра да се праша, но мене така ми доага како да ги молиме, а многу несакам...
Доволно е само на едната сестра-таа што го крстила,а ако не одржувале контакт веројатно и самите ќе ви кажат ако сакате може и другар да ви биде кум.
јас сум многу против тоа 100години не сме се виделе тој да ме благословува пред бога??? абе иди бегај, сметам дека треба да биде некој со кој ќе се гледаш, кој ќе ти биде пријатели и во добро и во зло.
Кумот купува облека (од бањарка, чорапче, бенка...се) за детето кое ја облекува во црквата после кршетавањето. Носи торта во договор со кумашинците и по некој си стар адет кој не секој го практикува купува и нешто златно за бебето. Златото означувало да биде детето здраво како дрен Во црквата каде се крштева се купува и свеќа за крстење.
не е баш така кралице, и ние со нашите кумови не бевме ( не беа) се виделе со години, но откако правевме веридба сме во постојан контакт. Не се тука младите виновни за тоа што не се одржувало контакт, јас тука старите ги обвинувам. И пак ќе напишам кумот е втор татко.
луѓе моите кумашини сега ќе се венчаваат само во матично.за црква мислам дека уште не... што прават кумовите таму? се купува нешто се прави ?
Јaс од искуство можaм дa ти кaжaм декa кумство нa крштевкa нa дете е нешто прекрaсно. a тоa што се купувa. Пa вaкa: когa бевме ние кумовии (од aмнa не сме биле) купувaвме од се по нешто и се носи тортa или погaчa и секaко свеќи зa во црквa.
освен мини букетче мало што наликува на бидермаерче, се носи бонбоњера и тоа. еве вака нешто 5/7 цвета