1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Ако се земени.Тебе можи и не земени да те викаат кума но официјално кума си ако си во брак со него, барем јас мислам дека е така според некоја логика :)
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Јас сега ќе се мажам, а дечко ми беше кум додека бевме во врска. Кога го побараа за кум се ни обратија во множина, односно не прашаа дали сакаме да им бидеме кумови. Во ниеден момент не се почустував како да не сум кума...пред сите ме претставуваа така. Сега кумашините имаат преубаво детенце кое дечко ми го крстеше и ме вика кума, иако официјално сеуште не сум. така да немај гајле кума си вистинска :)
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    се додека си ти со тој човек и званично си кума.
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Во многу незгодна ситуација сум :worried: Пред 5,6 дена се вери другар на маж ми.Со девојка му се знаеме ама не сме нешто ептен блиски.Битно нешто лошо немало.Ама они се верија пред 5,6 дена,и на маж ми му се јавил телефонски да го побара за кум.Тој се израдувал нели,рекол дека пак ќе се видиме нека поминат веридбите ова она,да одлучиме итн....Навистина е голем трошок а нему му е незгодно да ги одбие :sweat: Јас не сум за,зошто прво нашата свадба,на золва ми,пред неколку месеци бевме старосвати ептен се потрошивме :worried: А кум е голем трошок ќе треба да земаме кредит или да трошиме од парите од свадбата.
    Значи дефинитивно не сме потврдиле,ама кога не викнаа на веридба викендот кога и честитавме на невестата ме нарече Кумо :^) Ова ме изнервира ,зошто дефинитивно не сме потврдиле и ми испадна премногу нападно |(
    Навистина незнам што да правам,и маж ми вели дека е трошок ама му е глупо да одбие :worried:
     
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    маца, пред се најбитно е дали маж ти е близок со другар му, ако е некој со кого се гледате секој ден и ви е еден од најблиските луѓе тогаш без разлика мислам дека треба да го прифатите кумуството но ако и само ако на нив им е битен ќејфот а не материјалната страна.

    вие колку имате ќе си дадите ништо повеќе од тоа, немора да значи дека ако си кум и ајде нека идат илјадници евра. мислам дека ако ви е близок човек и ако речите не ќе се скрши вашето пријателство...

    сепак вие си знаете и ги познавате луѓето ...
     
    На imelda и maca99 им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Некој да побара кумство, особено другар, е доказ дека тој другар те осеќа многу близок.
    Одбивање кумство САМО поради материјални причини за мене е глупост. Подобро седнете со новопечените и објаснете им каква е ситуацијата. Подобро договорете се никој никому да не подарува ништо и готово, ќе се спасете од трошоци и вие и они.Секако вие ќе купете поклон околу 150е, а и невестата ќе ве дарува со исто толку (од прилика).А за самата свадба (без подарок) би потрошиле најмногу 150Е со се се. Честа за кумство е голема (барем според мене) и ако навистина сакате да бидете кумови-пари се заработуваат ;)
     
    На soncenceto.matea и joelle им се допаѓа ова.
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Не сме биле толку блиски, и затоа се изненадив кога се јавија.Знам дека е чест ,се тоа е убаво,ама неможам да им кажам дека некои 100-150 евра ќе им дадам,ако се нафатиш веќе.
    Плус има и други давачки,1000-1500 евра не те расправаат.А баш почнавме и со средување на станот,уште го плаќаме поклонот за на маж ми сестра му,навистина во незгодно сме,многу тенки со пари.Враќам и кредит за мојата свадба :worried: , имавме многу трошоци а 1000 евра плус моментално е многу за нас :worried:
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Маца ако не сте биле многу блиски не гледам причина за да го прифатите кумството. Со кумството се зародуваш со тој човек и во добро и во лошо. (добро ако има почит, а не само колку тој ден да помине како што е кај повеќето кумства)
    И да кумството е трошок, без 200 евра поклон ќе те зборат по народ, еееееее кај нас кумот треба да фрла пари ко на дрво да ги собира, а кај е облеката, додатни трошоци.


    Инаку за она дали девојката на кумот е кума, според мене не. Кума си кога си венчана со кумот. Не ни гледам причина ако двајцата не се верени девојката да се претставува како кума.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мене најдобрата дугарка сега пред две недели на Благовец, 7 април ме праша дали сакам да и бидам кума, малку неочекувано се штрекнав(позитивно), и реков да, се разбира штом дојдов дома, се пресметав уште еднашка што и колку можам.Потоа се видовме на кафе, и кажав што и колку можам, дали бива така работата...си направивме убав муабет.....и то је то.
    Мислам дека поубаво нешто не можеше да се случи покрај нас две.
    Поготово што се запознавмена форум, 2009 преку ЛП, едно кафе друго кафе, и така почнавме секој 3-4 ден се гледавеме(блиску живеевме), и последниве 2 години нераздвојни.А сека и куми сме :clap:

    п.с. многу ми е глупо кога ќе речат кум треба да се расфрла со пари....а бе жими мајка.Кум треба да ти вистински пријател, да биде со тебе и во добро и зло, да ти доаѓа во куќа а дали ќе донел, 100,200 или 500 евра се едно е.

    marama, се додека таа му е девојка на кумот,таа е кумата.Официјална кума ќе си биде кога ќе се венча занего, сега само зборот е таков.
     
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    голема е честа да бидеш некому кум но секо според своите можности
    затоа маца99 не очајувај луѓе сме се разбираме фино лепо ќе им ја објасните ситуацијата и ќе ги замолите да си побараат друг кум . но со време :!: па и сама кажуваш дека не сте им потврдиле одма туку сте си си дале време за размислување нели? good luck

    а кога ние баравме кум првин ги прашавме старите кумови(млади се де :) кумот е 8 год постар од мм ми+прв братучед) и тие демек изненадени ова она :^) ама не кажаа ништо ни да ни не :x . ние им рековме размислете и јавете се ако не можете да бараме кум со време.
    и никаде нема јавување. мене некако ми мирисаше цела работа и како врвеше времето му реков на мм ми абе јави се прашај ќе останиме без кум на крајот!и кога се јави правдања абе ние ова она неможиме незнам што :fubar: па јави се бре човек кажи
    нејсе ( јас потајно се надевав на вакво нешто 8) дека не сакав луѓе што не ги знам да ми бидат кумови) и одма ама веднаш без одлагање ја поканивме за кума моја најдобра другарка и колешка од факс, личност со која сум секојдневно ! таа веднаш прифати дека претходно се зафркававме таа викаше дај бе јас нешто да бидам да имам својство некакво на свадбата :) така да сум презадоволна од неа како кума
    беше највеселата кума и најубава секако :inlove: love u
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    маца зошто 1500 еур не те расправаат? па со тие пари ќе направиш свадба не кум да бидиш..

    еве и ние сме кумови ама мене ни на крај памет не ми падна дека ќе потрошиме толку многу пари мислам нема шанса .. и 500 еур нека е поклонот што е многу ами останатите 1000 еур каде одат?

    ај некој ако има бидено кум нека каже како поминал ...
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    многу е и 500 евра покло аиии на што личи тоа, 1500 навистина свадба ќенаправиш или 3 пати кума ќе бидеш
     
  13. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    И јас мислам дека доколку не сте блиски со нив да не прифаќате,или пак да прифатите но да се договорите без давање поклони меѓусебе ;)
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Жоел, ај еве јас ќе кажам какви трошоци имаа моите кумови за свадбата.
    Поклон 200е
    црква 30е
    Бонбони и бидермаер 15е
    Материјал (во црква) 5е
    Подарок на невестата 20е
    (може ама и не мора, се дава кога невестата ја закачува китенката на кумата)
    Лични трошоци:
    гардероба за 4 члено семејство 300-400е максимум,
    фрлање пари на музика и на прасе 100е максимум.
    Бидејќи овде во струмичко нема старосватица, сведоци се кумот и кумата, значи овде ги опфатив и трошоците за старосватица(старејко).

    Потсетете ме ако нешто сум заборавила.


    Во случајот на Маца, ако оди на свадба кај золва и, може истата гардероба да и се најде, па да не троши пари за нова :) , исто важи и за нејзиниот сопруг.

    П.С Невестата ги дарува кумот и кумата. Дарот е во вредност тука некаде како добиениот поклон од кумовите.
     
    На imelda и joelle им се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Па велам за целокупно не само за поклонот.
    Ајде немора да се 1500,така лупнав,ама отприлика 800-1000 евра ќе отидат.Значи со гардероба за двајцата,торта,цвеќе,бонбоњери,плаќање во црква,поклон барем 300-400 евра,фрлање пари на музика-сакаш нејќеш мораш,а 10 ден не можеш да фрлиш....итн.Така да не сум била кума,ама бев старосватица и едно 600 евра ни отидоа со се .Поклон 200 евра,плус другите работи-фризура,шминка,гардероба за двајцата итн.......Не се расфрламе многу,не сме такви,ама тоа е парите си одат.А кога си кај некој што ти ќеф што си му старосватица-парите не ги жалев.
    Ама сега воопшто не ми се прифаќа.
    Ми личи како да немале избор па ајде ние. :?:
    Јас не сум за,ама навистина ми е незгодно како д а ги одбијам :tmi: а на маж ми пак ептен,зошто тој ќе треба да им каже.Ај да е некој близок,ќе му кажеш дека ќе прифатиме ама за поклон такви ствари ќе се договориме спрема можности,ама со овие незнам :?:
    Сепак ќе ви пишам како ќе биде,до петок ќе се знае официјално :)
     
  16. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Еве јас ќе кажам како поминавме :) Поклон му зедовме клима уред, 20500 денари беше.Тие што се фрлаат во црква ги направивме дома.Плус трошок ни беше тоа што сакаа да го земаат кумот со музика од дома па моравме малку и по дома да наредиме нешто,една маса.Мајката на невестата го праша дечково дали сака поклон или да му даде пари да си го купи костумот.Идејава и беше супер.Му даде 100 евра и тој си додаде уште некој динар и си зема костум,кошула,чевли.Мене како негова девојка ми даде прстенче блгари и колекција.Исто купивме и торта и букет.Двете заедно 2000 денари.После бидермаерот.Тоа зависи од она каков сака.Нашава поскромна беше :D зема со 9 ружи црвени и некој малечки бели цветчиња низ него и зеленило.Е сега од тука ги зедовме и свеќите и бидермаеров па малку ни смали таа на цена и ни ги даде за 1600 и двете.Исто така кумот и во црква плаќа.И на крај купува и материјал.Стварно има давачки али не е па и до 1500 евра.Околу 700-800 евра нас не фати со сите овие ситници и поклонот и плус масите дома редење и ние да се облечиме.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Mое мислење е дека со од 400 па до 600 евра може да се помине кумството.
    Но најважно е блискоста со тие луѓе и финансиската состојба.
    Ако некој бара за кум,ради пари.....ич нека не бара кум. Па кум не е извор за пари.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Добро де не се фаќајте за таа сума 1500 евра така ја кажав,не сум потрошила толку па да знам,од муабети од други,значи до 1000 евра се фаќа
     
  19. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Кумството е една прекрасна работа ама со него си влече и големи трошоци. Еве го моето искуство околу истото.
    За мене за облека(два фустани и два пара штикли), шминка, фризура се потрошија 100е. Облека за него 300е. Поклон за младите, телевизор 500е. Торта за во ресторанот околу 2500 денари. Во црква не знам колку се плаќаше. Бидермаерот невестата сама си го купуваше, а бомбончињата за префрлање во црква ни ги направи нејзина другарка, не ни наплати за тоа. На музика, прасе не се фрлија којзнае колку пари, но сепак сигурно се собрале околу 2000 денари. Значи сума сумарум 1000е одат како ништо, освен ако немате гардероба од претходно па да можете да поминете со таа, на тоа да заштедите и да, ако младите ви дадат помала бовча па со тоа можете и помал поклон да им дадете, Конкретно нас они ни дадоа 250е, а и од претходно, уште пред да не прешаат за кумови, беше договорено ако ние сме им кумови дека поклонот ќе биде телевизор.
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Сумите кои ги спомнувате можат да се преполоват или дуплираат во зависност од тоа кој колку има (или кој колку сака да се истакне), по договор од двете страни-дали едните замислуваат гламурозна, богата свадба и би им било глупаво кумата да се појави со ефтин поклон и обична торта пример, или се скромни луѓе на кои најбитно им е вашето присуство и желбата баш Вие да им бидете кумови...
    Секој нека си процени добро, за да нема после плачки :D
     
    На imelda и blond им се допаѓа ова.