1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    лично според мене тоа е многу пари, друго е ако некој има да си приушти.
    а друго е јас што не работам, студент, си бев отворена кон другарка ми што и колку и како имам и можам, она се гледаше дека си беше искрена(како секогаш и за се), така да секој си зне колкаво му е чергичето, и колку може да си ги испружи нозете.
    Она првенствено рече не правам огромна свадба, поклонот ќе го определиме послем свадбата,за да видиме што се ќе добие.
    Фустанот ќе ми го сошие мајката на дечко ми, што значи само материјал треба да купам.
    Шминка и нокти сама, бидејќи сум свесна колку ме бива за тоа ,така да не ми се даваат пари и за тоа.
    Фризура, кај девер на другарка ми, знам дека ќе ми ја среди косата екстра за евтини пари.
    Штикли и ташни имам тазе купени(свечени), а ќе ми одговараат бидејќи веќе имам претстава каков фустан сакам.
    Потоа торта ќе видам колкава сака.Планирам од Шарлота да ја нарачам.
    Бидермаер каков сака ќе ми каже.
    Дечко ми си има одело,кошула,се....никој не го знае од таа страна а ново му е и преубаво.
    Дента сметам дека за адети и музика нема многу да се потроши, околу 2000-3000 максимум(препоставка)

    Инаку венчавката во црква ќе ја прават догодина на годишнина,заедно со крштевката...така да до тогаш има време, а и тогаш не се замарам многу, зошто изработувам такви ствари, така да свеќи,бонбони,корпи....се сама ќе си направам.
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Се зависи од можностите.
    Јас сум наскоро на првата свадба со дечкоми, он е кум, има уште 2 месеца,и почнавме со подготовките.
    2 фустана ќе шијам, со 2 пара чевли, 2 чанти, накит посебен- би требало околу 10000 да ме фати.
    Шминка, фризура и нокти, вкупно 1800.
    Ова се минус плус трошоците само за мене.
    Дечко ми си е специфичен и само на облека за 1 одело и 1 кошула лупна 25000, а му фалат и чевли :x
    Поклонот ќе биде патување, таков им е договорот во друштво уште од мали, и веројатно ќе биде Дубаи , а аранжман за човек е 700 евра без онаа виза од 90 евра, х 2= :x
    Ми рекоа торта само треба за во ресторан,не сум гледала сеуште ама ќе летнат некои 100 евра, бидермаерот е одбран и е 4000 ден- шуќур, и тоа е, а материјал и свеќи младите ќе си земат.
    Околу 20000 би ме фатило мислам само мене, без она Дубаи, тоа несакам да го додадам, ама такво друштво се тие, трошат како луди, навикнати се, а сигурно нема да се двојам, и сакала толку или не ќе дадам.
    Пари на музиката и слики не би требало многу да ми се фатат, иако зависи колку слики ќе земеме. :tmi:
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Да не ви се мешам во математиката, но Руби тебе дечко ти ти е само дечко, ти во случајов си негова придружба и не гледам зашто имаш потреба да даваш за патувањето во Дубаи. ОК, облеката и некоја друга ситница да платиш, но за Дубаи навистина не гледам потреба.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^ се сложувам со фемина
    досега јас на свадбите од страната на дечко ми, денар не сум дала.
    Ниту пак ќе земам кога ќе е од моја страна.
    Еве сега сме кумови во август кај моја другарка, се ќе платам јас.Но он наскоро ќе биде најверојатно старосват, а има и старо кумство...тогаш он ќе си плаќа.

    А тоа за облека и лични потреби ок, бидермаер,бонбончиња ок. Т.Е. се е ствар на договор.
    кај нас во врска тоа функционира така, он плаќа од негова страна јас од моја, ептен нормално јас купувам некој други ситници цвеќиња, и за патарина и гориво пола, за такви работи е нормално, мене првенствено би ми било глупо денар да не му дадам.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    И јас мислам дека премногу се пумпа работата КУМ. ДА кум или старосват(сеедно и двајцата ти биле сведоци пред законот и пред бога) е свечен поим, меѓутоа според мене треба личноста многу повеќе да ја цениш и почитуваш после тоа, да ја поштуваш како што вика и самата црква, прво сведоците, кумот и старосватот, после мама -тато.
    Џабе ми е мене да имам некој сведок, а после очи да не си видиме 100години. Ете како што јас ги немам видено своите кумови од мои 9години :(
    Јас кога бев старосватица, поклон дадов 100е, торта 1000ден, букети едниот беше 500ден , а другиот 400ден(мислам, ако не беа и двата по 500ден), материјал ми фати 500ден, свеќи ,со се спремање исто околу 500ден.
    Е сега, можеби требаше и повеќе, меѓутоа јас неможев тоа да си го дозволам, и мене ме финансираа моите од дома, така да тоа е тоа.

    Сега кога се одлучивме дека ќе правиме регистрација, имавме со другарка договор уште од пред 5-6години дека ќе ми биде кума. Се беше ок, до моментот кога дозна дека и она е бремена и поради страв дека нема да може да одвои пари за кумство ми откажа.
    Мене искрено многу ми е глупо да барам кум/кума, зошто сите тоа го сфаќаат како трошок и обврска, никој не гледа на тоа како дека му се прави чест, дека некој го смета за близок па му го препушта тоа задоволство. Но, ок, барем во денешно време не би било фер да му се замери на човек вакво нешто ,со оглед на тоа дека сите знаеме каква ни е ситуацијата.
    Со другата другарка која прифати да ми биде кума(мене ми беше многу глупо да прашувам), искрено се договоривме дека ниту јас можам да си дозволам нешто да се потрошам за дарови, ниту пак сакам она да има незнам каква обврска да троши. Симболично и едноставно ќе си поминеме.
     
    На eli25, Snow-Queen и joelle им се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    руби вие сте го направиле ова како вие да сте им родители не кумови... :):)

    али како што кажа ти секој според можностите но 1500 еур за поклон 4000 ден за бидермаер???? мислам цениве што ми ги кажа ти ми се несватливи плус цените за гардеробата...

    јас на пример не планирам толку мн пари да давам за гардероба не ми е јасно мислам кумата треба да е најблиска а не најубава или најдотерана...10 000 за гардероба само за тој ден бидејќи сум кума ????

    али крај на крај секој човек си е различен само ве молам не ни правете (мислам на тие што се идни кумови) инфаркти со цениве :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Joelle, без паника молам :lol:
    Еве ние на нашите кумови не им побаравме ниту денар - нит за бидермаер, нит за чевли, чизми, патувања, свеќи, цркви - НИШТО. Вековно кумство му е на семејството на мажот ми, па сакаа да се продолжи. Знаејќи во каква ситуација се луѓето, ние се` плативме само и само да се продолжи традицијата затоа што тоа ни беше важно, ништо друго :)

    Значи, нека не те плашат генерализирањата, не е секаде и секогаш така.
     
    На kate21, maca99 и joelle им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    се сложувам со meU
    премногу е надувана работата дека кум мора да се расфрла со пари
    кум треба да биде човек со кој ќе живееш, со кој ќе славиш, со кој ќе се гледаш и слушаш, некој кој ти е мил на душа и знаеш дека со искрен благослов ќе те венчава.А не на некој очи веќе да не му видиш.
    кум за пари не бива, а пријателството останува....дружбата,прославите,насмевката, и прегратката во лоши моменти се најбитните работи.
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Он ми рече дека несмеам денар да дадам, ама јас и моите неможеме да го дозволиме тоа, незгодно ми е, а реално свесна сум дека само од поклонот ми отиде едно патување или одмор, ама тоа е.
    Добро и со оваа дестинација што поминавме, бидејки за последната свадба од тоа друштво, поклонот од кумовите било крстарење на бродот Мери Квин, јас не бев на таа, бидејки не ни бевме заедно, ама сега нема бегање.
    Што се однесува до бидермаерот, мислам не е многу, читајки ве видов дека имало и поскапи, па мислам ок цена е, со оглед што невестата е со страшно истенчен европски вкус, и сум среќна со оваа цена. :D

    Се на се, ова се далеку од нормални цени и подароци, но таков живот живеат они, не би да навлагам у детали каде се прошетале, дека само брендирана облека машките носат, и ради тоа вакви распиздани свадби и подароци се потребни.
    Јасно ми е дека добро ќе се исцедам, ама тоа е тоа, го распределив буџетот спрема тоа. :)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Руби 4000ден, па рајска градина ли е тоа? Природен вечен цет ли е?
    Незнам за мене тоа е многу, за нешто што ќе свене...никогаш не би дала толку пари.Иако сум свадбарка што се вели и обожавам бидермаери, ама што е многу многу е...мислам за 2000 ќе најдеш лудница бидермаер, ма и 2000 е многу али ај некако и да разберам.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.867
    Допаѓања:
    122.991
    Ние со нашите кумови не сме нешто блиски,тој му е син на стариот кум па го прашавме прво него и така испадна.Се видовме,фини се луѓето,за пари имаат пари ама се скромни и прекрасни,а не некои нафурани |(
    Нити сум побарала бидермаер ништо,сама ќе си купам.Они рекоа ако ни треба нешто за дома од апарати за домаќинство за ни купат или пари да ни дадат.Јас планирам да им дадам по 100 евра ,и плус имаат две мали дечиња ,на нив нешто ќе им купам.
    А и за трошоци што знам не е нешто :o Поклон даваат сите во просек 300-400 евра ,тортите се во просек по 1500-2000,материјалот е некои 500 ден,во црква се плаќа кај нас 1400 и за облека што ќе купат-тоа е нивно.Ако сакаат да се фрлаат нормално ќе дадат некое денарче повеќе.Може да се помине и поскромно.
    А и гледам повеќето луѓе,барем околу мојата околина,бираат кум што има пари.
    Откажуваат на стари кумови затоа што немале пари.А меракот е побитен како и честа да бидеш кум.Некој нема,ама ќе позајми за да биде,заради мерак и чест.
    Така да се си е индивидуално.
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум сега по втор пат кума на свадба , и до сега не ми се мали трошоците.
    Бидермаерот го порачавме,не е точно прецизирана цената,ни кажаа околу 4000 ден.Торта се уште не сум порачала.Со злато ја дарувавме невестата на веридбата.
    Гардеробата за мене и за маж ми не ја сметам.Купена ми е од надвор.
    Е сега,се мислам околу поклонот,колку пари да им дадам.Читам секави суми сте давале и сте добивале.
    Луѓето ми се многу блиски,од деца сме заедно.
    За тоа колку и што ќе дарува невестата,воопшто не му ја мислам,и не планирам според тоа( даденото)да ја одредам цената на поклонот.
    А шминка,фризура,музика...и за тоа плус.
     
  13. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Ние си фативме нови кумови .Млади се но воопшто не се согласуваме добро .Некако конзервативни се во сфаќањата .Ни наметнуваат некои нивни правила ,ни се мешаат во плановите за свадбата а тоа мене страшно ме иритира.Но ке помини свадбата како што сакаме ние а не тие сепак наша е свадбата а не нивна .Блиску зивееме но се гледаме 1-2 пати месечно .Мислам дека е доволно :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    маченце, те читав и во темата бовчи...добро што е финтава со кумотвите.нели нови млади кумови, би требале да имаат сваќања....мислам дека ти треба да си определиш се.
    Друго е тоа договор за бидермар,торта,избор на подарок,до колку како што.Ама ја како што сваќам,кумата сака да е невеста бр.2
     
  15. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    ке правиме свадба оваа година но исто така сме и кумови па сакам да прашам дали знае некој да ми каже дали е убаво или не ...велат дека не требало во иста год да се венќаш и да бидеш кум
     
  16. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Проблемот е што нивната свадба е правена по начин како сакале нивните родители а не тие и затоа сега наредуваат ни наметнуваат правила на нашата свадба
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^мислам дека треба да отидеш со кумата на кафе и убаво да отворен муабет да си направите.Тоа ако она така правела,не значи дека цел свет така правел.

    А за твоето претходно прашање, во врска со тоа дали е убаво или не, 10 луѓе да прашаш 5 варијанти ќе ти кажат, 10 попа да прашаш 10 варијанти ќе ти кажат.
    Според мене тоа се живи глупости. Да си кум,старосват или двер е нешто свето,благослов...колку повеќе пати во животот бидеш нечив сведок толку поубаво. Дечко ми пример 3 пати беше девер, сега ќе бидеме кумови во август, а има ветено кумство и ветен старосват. А каде е неговата венчавка, што ако некоја од тие ветените му се погодат со нашата венчавка? Да откаже? Да,ако се финансии во прашање или некоја десета работа, ама ради тоа дека не било убаво парен број или 1 или 3, а 2 и 4 ...итд не чинело.Е како може божји благослов да не чини?
    Незнам тоа е мое мислење. Најубаво распрашај си се, и така како мислиш така прави.

    Прост пример: некоја девојка во јуни е кума, во август дознава дека е трудна,што треба да не се мажи таа година? :D
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416

    Snow-Queen fala ti mnogu i jas se slozuvam so toa no sepak polesno mi sega koga nekoj go deli moeto mislenje pogolem grev e da odbies kumstvo otkolku da se vencame vo ista godina ...pozz
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    тоа е тоа macence4, секој си има став размислувања и верувања. ти треба да ја донесеш одлуката за која подоцна нема да се каеш ;)
     
  20. Bubble-trouble

    Bubble-trouble Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    Бидејќи сум старосватица на свадба во Куманово ми треба некоја препорака за Кумановска слаткарница за да си нарачам торта.А и некое советче за големината на старосватска торта :lol: на свадбата ќе бидат поканети околу 200 гости, па така...Феминки-Кумановки ПОМАГАЈТЕ!!!!! :worried: