Ако ме нанесе пат во Веро/Jumbo ќе прашам како се викаше слаткарата од која јас нарачав торта (знам кумановска слаткарница ја прави) и ќе ти пишам.Знам и естецки и вкусна беше. Инаку тоа колкава треба да биде тортата ќе се договориш со невестата.Ќе си направи она пресметка, Колку парчиња и е невестинската, + тората од кумот + твојата...и ќе си знае колку и треба.
Нема врска и сеста ми беа така во иста година и венчаваа и се венчаваа и баш за тоа разговараа со поп и тој и кажа дека колку пати сакаш толку пати можеш да венчаваш и крштеваш во една година сепак тоа е света работа
^МеU искрено незнам,еве ја тортата што ја нарачав 500ден беше, ама се си мислам дека име некое беше,а не 511.
Кумановската слаткарница што има торти во Веро-Центар е Зафир, а штандот е одма лепенка до Специјал, па затоа некои мислат дека се торти и колачи на Специјал. Искрено Специјал може вода да им носи на кумановциве! Имам пробано 3-4 колачиња (од оние во пластика) и феноменални се, посебно омилен ми е чизкејкот: https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater Еве ти линк од фејсбук профилот на Зафир: https://www.facebook.com/slatkarnica.zafir?sk=wall
^тортата беше со панделка(еве слика од другата страна), и само бели срциња, ама во последен момент мене ми текна нафрлав светки и ставив бисерчиња ( + си ги купив свеќите)
Иднава недела чекаме да ни се породи кумашинката,и сега ни треба име Јас му предложив да си го одберат името сами али они се запнале како ќе реши кумот.Е сега јас сум во дилема, па што ако не му се свиѓа ниту едно од имињата што ќе ги напишеме??Ај дајте идеи за машко име Инаку јас би ги напишала Андреј, Леонид, Теодор, Емилијан, Лука. али вака мала ми е листава за избор, па би можеле да ме дополните
^ еве цела тема со имиња, може ќе прочиташ некое што ќе ти се допадне bebe/iminja-za-vasite-deca-t941/720.html?hilit=%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B8%20%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%9A%D0%B0#p1081697 инаку покрај списокот, пример 10имиња, пишете 11- ваш избор нели во случај ни едно да не им се допадне
Па можеи него да го додадам во листата па они смаи нека си одберат а ми се свига идејата и на Сноу Квин последната бројка ќе биде по ваш избор
Инаку еве ти предлог од мене: Кратки имиња: Лука,Лео,Иван,Деан (без ј) Подолги: Филип,Дарко,Матеј,Никола
Јас би те советувала само името да не е во стилот на Матеј, Лука кое секое второ дете ги има и имињата нека бидат ретки и да неожат да се кратат да не речам извитоперуваат. За машко дете ич не ми текнува име сега да треба бебе да си имам нема да знам како да го крстам
Грими слаткарница, Зафир, Рафаела...многу жени што прават торти по дома за пари една од нив е Слаѓана онаа што ја има на ТВ во емисијата ,,Во оган,, Немора ако се 200 гости тортата да има 200 парчиња, највеќе до 70-80 парчиња е доволно
Девојки, дали игра улога формата, бојата и шарата на тортата за младенците од кумот? Предлог за форма и боја од оние искусните?
^руби, најубаво прашај си ја невестата,дали има потреба од торта,и ако има во која боја ќе и биде свадбата, а тоа дали ќе биде круг, коцка,срце,подковица,на 2 спрата.....тоа е твој избор (се зависи од синансии)