Темава е за купатила... А ако мислиш на елементи, сетови за купатила и јас сум во потрага по истите Нигде неможам да најдам црвен сет за во бања
Епа сеа зависи што бараш...иначе имаш во jumbo, coincasa, ramstore (marketot), jysk, bricolage...Ако се сетам на уште некое место ќе пишам А ако си налетала на црвени комплети или ако случајно нејдеш пиши ми
ејј да vo brikolage сум заборавила да видам ,инаце види ти по пластичарската улица има многу дукани за такви работи
Не знам за вас. Ама најмногу ние, фамилијарно освен добрата храна и добар сон, исто така уживаме и до тужирање...Не знам..најмногу ме опушта кога ќе легнам во када и онака околу мене пенаа... Во Скопје во станот тоалетот е светло розов и имам када.. а во Битола, прво тоалетот ни беше во зелена боја, и имавме туш кабина и пред 3 години ја заминивме и ги сменивме плочките сега е бело со сино
Каде во градов (Скопје) има продавници со убави плочки и елементи за во купатило? Ми требаат за во кујна, купатило и балкон. Да не бидат кинески! Јас ги знам овие: Корни, Шате, Италекс, Аква Планет, Тарнес Керамика, Фриго Шоб. Некои други продавници? ФАЛА однапред!
За плочки СТОГО ИЗБЕНГУВАЈТЕ ги ТАУ керамика. Таков непрофесионализам нема никаде! Купивме плочки (скапи) за на крај да излезат дека не се иста нијанса (дел бело, дел малку накај сивко маваа), а па кујнските беа за некој милиметар различни! Патетики.. мајсторот одеше неколку пати да менува плочки кај нив. А односот, таков непрофесионален - плоќките што беа малку удерени не сакаа да ги сменат дур мм не им згрми пред сите во дуќан. Ако сакате мирна глава, никако кај нив.
Дечки ај кажете ми колку би коштало да ставиме вентилација во вецето?Прозорчето е ставено на ѕидот од гаражата оти инаку ке требаше надвор на улица да гледа и небиваше.Сега пошто во гаража оди и влагата и миризбата од голема нужда кога одиме(се извинувам на дирекноста) небива слабо и бавно се луфтира.
@bebaa нема да чини многу самиот вентилатор (има солидни за 400 денари), е сега зависи дали имате спроведено струја до некој надворешен ѕид. И треба да се направи отвор за вентилаторот.
Ме интересирa дaли мoже нa кaдaтa дa сестaви кaкo стaклo,oнa нa туш кaбините кaкo штo е кaкo врaти,дa не прскa,и aкo дa дaли знaете кoј мести тoa?
Реновирање на станот. Комбинација со мозаик. Кадата е ѕидана со мозаик плочките, исто како и постојето за туш кабината.
Сакам сама да го финансирам реновирањето на купатилото. Одприлика е големо колку погоре постираните слики само би било без када туку само со туш кабина. Може некој да ми пише во лична порака колку би коштало отприлика? Знам дека многу зависи од што плочки ќе се одберат па лавабоа и такви работи но би сакала да знам што да очекувам
Поради прегледност на темата, а можеби и некојд руг би имал корист од истите информации, ќе споделам тука. Конкретно хидроизолација кошта околу 400 евра. Тоа е ствар на избор. Доколку менувате цевки плус неколку стотини, колку што би била и работна рака. Еве цени на некои плочки, колку за ориентација и ориентационо за конкретните елемнти од предходната слика.