Купена книга. Ништо не може да ми го замени мирисот на нова книга и чувството кога за прв пат ќе ја отвориш. Многу сакам книги, сакам да си ги чувам и разменувам со пријатели. Во иднина да си направам една голема библиотека
Дефинитивно купени, го обожавам мирисот на нова книга Во спална сопругот ми направи полици и си стојат таму, штета што во последно време скоро немам ич време да читам, ама битно само купувам книги на попусти
Па сакам да си купувам мои, но не ми е проблем и да позајмам. Не ги земам од библиотека, со другарки често си ги разменуваме, па ако тоа се смета за изнајмена. Исто и често онлајн ги читам само, па ниту ги купувам, ниту изнајмувам. Убаво ми е многу нова книга и моја, многу сакам домашни библиотеки и се тоа, но во денешно време со технологијава често избирам онлајн да читам што и да е...
Практикувам да купувам поради лоши искуства со библиотекиве. Многу книги ми ги давале скинати, згужвани, изврцкани
Preferiram da si kupuvan knigu, obozavam knigi.A isto i mrazam da pozajmuvam poradi yoa sto ili zaboravaat da mi gi vratat ili pak ke gi vratat unisteni,znaci nrazam koga ke mi kaze nekoj "ke ti ja zemam knigava da ja procitam". Ne sum sebicna,naprotiv davam se ama ete za knigite sum posebno privrzana i ne sakam da gi davam. Sega sum na misla kade i kako ke gi sokrijam od sinko koga ke pocni da odi pa ke saka sigurno da gi faka i da gi kine
Не сум броела колку книги имам во посед. Едно 40-50% од нив не се на македонски јазик, изданијата се постари од мене и донесени од Белград и Загреб, претежно се работи за руски и германски класици и дела од југословенски автори. Би сакала омилените книги да ги имам во домашната библиотека, но најмногу читам електронски и на повеќе странски јазици, ретко нешто да не сум можела да најдам и така мене градска библиотека скоро да не ми врши работа и не ми е потребна. 2022 година.
Порано повеќе позајмував од библиотека. Невработена бев , а да купуваш книги воопшто не е ефтино, не за човек кој знаеше да чита 3 книги неделно Сега си ги купувам и поубава ми е помислата дека си се мои и ќе ги оставам на моите деца како што јас си наследив колекција книги од мајка ми. Впрочем читањето на нејзините книги ме направи зависна од нив. Сега немам толку време за читање ама ако решам да читам, не ја пуштам од раце
Додека живеев во Македонија, бев зачленета во библиотеката и често изнајмував книги. Сега почесто купувам, ама откако го имам киндле намалив со купување книги во хартиена форма. Купувам само книги што ми оставиле голем впечаток. Немам изброено колку книги имам, ама сигурно се околу 70-80. А во Македонија имам оставено околу 50тина. Најчесто сум ја таа што зајмува книги на пријателки. Во блиската околина немам ни од кого да позајмам. Јас сум само страствен читач
Ништо не ми менува дали е купена или изнајмена, битно да ја прочитам. Претежно сум купувала книги кои не сум можела да ги најдам во библиотека. Последниве 2, 3 години само купени читам, од 2019 кога почна пандемијава, не се зачленив во библиотека. Колку имам во домашна библиотека не знам точно, не сум броела, но имам доста. Уште еден нецел рафт имам место за пополнување, после тоа веројатно повеќе ќе читам изнајмени.
Ме натеравте да ги бројам книгите, излезе дека имам околу 150. И покрај тоа што повеќе сакам да купувам, очекував помала бројка бидејќи немам посебно големо место за нив. Од биоблиотека позајмувам последнава година, пред тоа не бев воопшто зачленета. Често знаеме да си размениме книги со другарки, но давам само на личности на кои им верувам. Во средно позајмував на сите, и потоа со месеци си ги барав книгите назад. Мислам дека порано купував почесто, сега не ми се купува од непознати автори. Не сум некако сигурна колку ќе вреди. Инаку сакам да купувам од автори кои ги знам и ми се допаѓаат. Сакам да правам колекција на книги од неколку автори. Или ако има серијали да ми бидат комплетирани. Исто така задолжително ми се класиците. Сега ги немам во мојата скромна библиотека, ама секако во план сум да се снабдам.
Пред да купам некоја книга, читам мислења и критики, и после одлучувам дали вреди да ја имам дома. Не сакам да купувам колку да имам голем број книги, напротив, подобро 10 вредни отколку 100 шо не ми се по вкус. Од библиотека не позајмувам, некој погоре спомна дека често или е скината или фалат страници, па краток период на враќање, има книги шо ми одземаат и по 2 недели, па не сакам да се нервирам со то. Најчесто со една роднина си разменуваме, се договараме кога има попусти, кои книги ги сакаме и ги делиме трошоците, па така со помалку пари повеќе ќе прочитаме.
Сакам купена за да си ја имам со мене засекогаш, и кога и да се сетам на таа книга да можам да ја прочитам пак или подарам некому.
Купувам ретко да си се израдувам малце и нешто препорачано. Изнајмувам повеќе, во библиотекиве ги има скоро сите книги.
Купена. Колку што сакам да читам толку сакам и да купувам. Додуша ради тоа што немам веќе место каде да ги ставам од Н.Г наваму намалив со купување и почнав преку апликација од библиотека да изнајмувам електронски и аудио книги, но тоа не значи дека ако и се намерачам на некоја книга нема да ја купам. Имам и домашна библиотека не сум ги броела но сигурно имам над 250 книги, плус 400+ на кинделот.
Купена книга сепак е подобро. Не дека не сум позајмувала ама ризикот ми е поголем. Ако сум ја земала читава така треба и да ја вратам. Не дај боже да ми се истури нешто на книгата па тогаш ќе имам траума.
Многу сакам да купувам книги и да читам. Кога има попусти како мало дете со лижавче се радувам, од неколку книжари имам картички за попусти и уживам во тоа. Еднаш и позајмив на другарка книга после тоа ме убедуваше дека ми ја вратила, а не ми ја врати отидов повторно ја купив и од тогаш си реков Ни давам Ни земам книга.
Купени книги секогаш. Не сакам да позајмувам книги, сакам да си се мои. Имам мини библиотека во соба.